Беснеат пожари во Грција

Пожарникарите низ цела Грција се борат со околу 80 пожари кои предизвикаа помала материјална штета, а едно лице е полесно повредено, јави дописникот на МИА од Атина. Грчките власти соопштија дека повеќето пожари се под контрола, меѓу кои и најтешкиот во преградието на Коринт, околу 80 километри југозападно во Атина, каде беше повреден еден пожарникар. Во овој пожар беа оштетни една куќа, автомобил и повеќе хектари маслинови дрва. Според последните информации, пожари горат на неколку локации во регионот Атика, на полуостровот Пелопонез и во централна Грција, но моментно ниту една…

повеќе...

Македонија ја победи Грција со 27-25

Машката ракометна репрезентација на Македонија направи голем чекор до пласман на СП 2015 година, победувајќи во првиот бараж дуел со Грција, 27-25 одигран во Атина. Потешко од очекувањата, и со неизвесност во текот на целиот меч, Македонија сепак успеа на крај да извлече триумф, и да го искористи искуството и индивидуалните квалитети на своите ракометари за да триумфира.  Сега во недела останува пред домашна публика да се визира патот во Катар, каде повторно фаворит на средбата е Македонија. Успехот на нашите сениори висеше на само неколку минути до крајот, но…

повеќе...

Грчка „Харма Фрут“ ќе инвестира 6 милиони евра во Македонија

Грчката компанија „Харма Фрут“ ќе инвестира шест милиони евра во Македонија. До крајот на годинава најавува изградба на центар за откуп и пакување земјоделски производи и ладилник во Гевгелија, во што ќе вложи три милиони евра.  За плановите за работа на фирмата што ја регистрира во Македонија со името „Агритера“ грчкиот инвеститор денеска разговараше со министерот за странски инвестиции Џери Наумоф. Одлуката за инвестирање ја донеле по консултации со Наумоф и претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. „ „Агритера“ е изненадена од конкурентната бизнис клима што Македонија ја…

повеќе...

Попоски: Грција да го следи примерот на Македонија во почитување на меѓународното право

Денеска најмногу се говореше околу почитување на меѓународното право, тоа е наш терен бидејќи го почитуваме дома и кон соседите и го применуваме во надворешната политика. Нашите домаќини послабо стојат на тоа поле, но ние сме подготвени да им помогнеме да почнат тоа што го говорат и да го применуваат. Најискрено и најотворено сметаме дека тоа е добро и за нас и за регионот и за Еропската унија. Ова денеска го изјави шефот на македонската дипломатија Никола Попоски по неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ што се…

повеќе...

Грција ќе го признае Косово?

Грчката позиција во однос на Косово е добро позната и таа не е променета, изјавил портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи, Константинос Кутрас. Неговата изјава следуваше како реакција на исказот на шефот на дипломатската мисија на Грција во Приштина, Димитрис Маскопулос, според кого ако Атина го поддржи членството на Косово во Еевропската унија, тоа значи дека ја признала неговата независност како држава, пишува „Блиц“. Според Кутрас, Маскопулос веќе го објавил соопштението во кое ги демантирал тврдењата дека Атина планира да го признае Косово. „Очигледно неговите зборови се погрешно интерпретирани“,…

повеќе...

Земјотрес во Грција почувствуван и во Охрид

Денес во 12 часот и 42 минути во Охрид беше почувствуван слаб земјотрес. Според црногорскиот Завод за сеизмологија, епицентарот на земјотресот е регистриран во Грција, 13 километри југозападно од Лерин, на длабочина од 5 километри, со интензитет од 3.7 степени. WebOhrid

повеќе...

„Пријатели на Македонија“: Грција се однесува антиевропски и треба да и се каже „доста е“

Претседавањето на Грција ќе биде искористено од страна на групата „Пријатели на Македонија“ за вршење притисок во форма на прашања за тоа зошто Атина го попречува проширувањето на ЕУ и не го почитува меѓународното право. Ова го истакна германскиот европратеник Мартин Кестлер на заедничката прес-конференција денеска заедно со неговиот естонски колега Туне Келам и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Тој смета дека е срамно она што и се случува на Македонија и нејзиниот народ во однос на евроинтеграцијата бидејќи тоа што го прави Грција не е во склад…

повеќе...

Средби на министерот Никола Попоски со министрите за надворешни работи на Бугарија и на Грција

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, како дел од делегацијата на Република Македонија предводена од Претседателот на Владата, Никола Груевски, покрај учеството на генералната дебата на 68-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации, денес, на маргините на генералната дебата оствари билатерална средба со министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Кристиан Вигенин. На средбата, двајцата Министри се осврнаа на актуелните политичко-економски прашања, состојбите во регионот и можностите за продлабочување и унапредување на односите, преку  реализирање на конкретни проекти што се од интерес на граѓаните од Македонија…

повеќе...

Попоски: Потребен е дијалог на највисоко политичко ниво со Грција

Министерот за надворешни работи Никола Попосски денеска изјави дека е потребен дијалог на највисоко политичко ниво со Грција и оти до овој момент нема информации дека во Атина постои расположеност за тоа. „Најзначајно за нас е да постои отворена комуникација на политичко ниво за прашање кое ни е наметнато надвор од правните рамки и надвор од обврските кои тереба да ги исполниме за членство во двете организации НАТО и ЕУ. Токму во тој контекст беше адресирано тоа барање за средби на премиерско ниво, а во рамки на дијалогот кој се…

повеќе...

Трет обид за нелегално внесување на ловечка муниција во последните седум дена

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за внесување на 1250 парчиња непријавена ловечка муниција. На 27.08.2013 година за влез во Република Македонија, на граничниот премин Богородица се пријави патничко моторно возило со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин, придружуван од двајца сопатници, кој на прашање на цариниците изјави дека покрај 1200 парчиња муниција и 4 парчиња ловечки пушки, за кои поседува одобрение за увоз издадено од Минисерството за внатрешни работи на Р.Македонија, нема друга стока за пријавување. Поради сомневање во одговорот, цариниците спроведоа детална контрола на возилото…

повеќе...