АХВ: Краставиците безбедни, имаат 25 пати помалку пестициди од дозволеното

Краставиците увезени од Албанија се безбедни и содржат 25 пати помалку активна супстанца од дозволеното ниво, изјави заменик – министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски придружуван од директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Поповски и директорката на Државната фитосанитарна лабораторија Сузана Кратовалиева. Со тоа се демантира обвинувањето на дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, дека во Македонија се увезени краставици од Албанија со пестициди двојно повеќе од дозволеното. Обвинувањата на Николовски, рече Костадиновски, се тенденциозни, со единствена цел, преку ширење лаги, паника и страв кај…

повеќе...

Николовски: Увезени токсични краставици во Македонија, нов скандал со безбедноста на храната

Дополнителниот заменик –министер за земјоделство, шумарство и водостопанство (во оставка), Љупчо Николовски, денес во изјава за медиумите истакна: „Во интерес на граѓаните на Република Македонија продолжуваме со објавување на вистината поврзана со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и нефункционирањето на институциите на системот. Денеска отвараме нов скандал поврзан со безбедноста на храната од увоз. Денеска ќе ви презентираме документи коишто, за жал, ги потврдија нашите сомневања за тоа каква храна од увоз консумираат нашите граѓани. Минатата недела, на барање на потрошувачите и домашните раноградинари до Државната фитосанитарна лабораторија доставивме примерок…

повеќе...

Засилени контроли на увозот на овошје и зеленчук

Со отпочнување на новата производствена сезона на овошје и зеленчук се зголемува и увозот на овие земјоделски производи во земјава. Поради зголемена фреквенција на пратки од регионот, Агенцијата за храна и ветеринарство ги засили инспекциските контроли на граничните премини. Со цел да се спречи увоз на небезбедни производи на домашниот пазар и да го заштити здравјето на потрошувачите во Република Македонија, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство во изминатиов период забранија увоз на неколку пратки со овошје и зеленчук кај кои со лабораториско испитување беше констатирано зголемено присуство…

повеќе...

Охриѓани утре ќе се запознаат со одредбите од новиот Правилник за информациите поврзани со храната

GS1 Mакедонија во соработка со Агенцијата за храна и ветеринарство, почна со реализација на проект за едукација на операторите со храна од земјава за ефикасноста на GS1 Каталогот како бизнис алатка за промоција на македонските производи и основа за зголемување на нивната конкурентност. Во рамки на едукативните работилници операторите ќе се запознаат со важноста на Каталогот, особено со неговото усогласување со новиот Правилник за информациите поврзани со храната и ЕУ регулативата 1169/2011. По минатонеделната работилница која GS1 и Агенцијата за храна и ветеринарство ја одржаа во Тетово за операторите со…

повеќе...

Граѓанските организации, клучен партнер на АХВ

Здруженијата на потрошувачите се еден од клучните партнери на Агенцијата за храна и ветеринарство, институција која има јасно определен концепт за соработка и со сите останати страни вклучени во системот за безбедноста на храната и храната за животни како што се операторите со храна, науката, пошироката јавност, владините институции, вклучително и европската институција за безбедност на храната – EFSA и Системот за брзо предупредување на Европската унија – RASSAF. Како клучен партнер од системот за безбедност на храната, со Организацијата на потрошувачите на Македонија имаме воспоставено интензивна и плодна соработка…

повеќе...

Нема небезбедни чоколади на македонскиот пазар

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, дека чоколатцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни. Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите. Доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and…

повеќе...

Откриени царински измами, запленети девизи, оружје, техничка стока, облека, храна, цигари и фалсификати

Минатата недела, царинските службеници открија три случаи на царинска измама и повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржани девизи, орижје, техничка стока, храна и облека, цигари, фалсификати и друго. Царински измами Минатата недела откриени се три обиди за избегнување на плаќање на увозни давачки, од кои два обиди за погрешно декларирање на потеклото на стоката и еден обид за погрешно распоредување на стока во царинската тарифа. Во првиот случај, во царинската испостава Скопје 3, увозник од Скопје пријавил за увозно царинење разни електрични делови и опрема од испраќач…

повеќе...

АХВ: На пазарот во Македонија нема небезбедни сокови за деца

Агенцијата за храна и ветеринарство најостро ги демантира наводите изнесени во вчера објавениот напис на порталот centarnews.net со наслов “Внимавајте: Отровни детски сокови во Македонија- граѓаните реагираат”. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство, денес, понеделник, 18.01.2016 година, извршија контрола кај компанијата Соко Горица дооел,за која во написот неосновано се тврди дека е производител на небезбедни сокчиња за деца.Од страна на инспекциските служби, со контролата констатирано е дека станува збор за оператор со храна кој е регистриран во Агенцијата за храна и ветеринарство и кој го има имплементирано HACCP…

повеќе...

Дел од бадникарските пакетчиња завршија на улица

Како и секоја година, така и оваа можеме да забележиме дека дел од бадникарските пакетчиња завршуваат, односно се расфрлаат по улиците и тротоарите во Охрид. WebOhrid

повеќе...

Конститутивна седница на Националниот Совет за безбедност на храна и храна за животни

Потрошувачите помалку се жалат на небезбедна храна, а државата активно работи на зајакнување на капацитетите за превенција, контрола и проценка на ризици во овој сегмент. Ова го истакнаа учесниците на денешната конститутивна седница на Националниот совет за безбедност на храна и храна за животни кој се формира на иницијатива на Агенцијата за храна и ветеринарство согласно европските искуства. Во Советот членуваат 19 релевантни институции, експерти и претставници на невладиниот сектор, а неговото формирање, освен научната фела, го поздрави и бизнис заедницата. „Република Македонија како земја кандидат за влез во Европската…

повеќе...