Капацитетите на националниот систем за координација на обуките во јавната администрација ќе се зајакнуваат со 1,1 милион евра, обезбедени од Европската унија. Преку ИПА проектот за техничка помош што го почна денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) во наредните 18 месеци ќе добие помош за зајакнување на сопствените капацитети и за обуките што се спроведуваат во целата администрација. Во проектот се вклучени експерти од компании од Австрија, Шпанија и Италија. Со нивна помош во наредните 18 месеци очекуваме да бидат спроведени голем број обуки предвидени со Стратегијата за…
повеќе...Tag: информатика
Министерот Ивановски одликуван со Сребрен медал на честа за заслуги
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски доби Сребрен медал на честа за заслуги и придонес за развојот на Меѓународната телекомуникациска унија (ИТУ). Медалот му е доделен во Женева, на Светскиот самит за информатичко општество 2013 што се одржа од 14 до 16 мај. Со Самитот, кој на едно место ги собра највлијателните организации, компании и министри на влади од областа на информатичко-комуникациските технологии, претседаваше Ивановски. Прифатени беа сите шест заклучоци кои во иднина треба да придонесат за уште поголем развој на информатичките општества. За време на неколкудневното учество…
повеќе...Светски самит за информатичко општество 2013 во Женева
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, вчера учествуваше на Форумот на Светскиот самит за информатичко општество 2013, кој се одржува во Женева, Швајцарија. Тој имаше обраќање на утринската сесија на министрите на која што зборуваше за дигиталната дивиденда. Министерот Ивановски учествуваше и на панел дискусијата “Подобрување на образованието со Информатичко-комуникациските технологии (ИКТ)”, чиј модератор беше Џон Дејвис, потпретседател на Светската напредна програма Интел. Министерот Ивановски, исто така, оствари средба и со извршниот директор на интернет корпорацијата за доделување имиња и броеви (ICANN), Фади Шехаде. Во наредните денови Форумот…
повеќе...Потпишан Меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст и УИНТ „Св. Апостол Павле“
Денеска во просториите на Црвениот крст Охрид, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу хуманитарната организација Црвен крст Охрид и образовната институција Универзитетот “Св. Апостол Павле” Охрид. Меморандумот го потпиштаа ректорот на универзитетот Нинослав Марина и претседателот на Црвениот крст од Охрид, Сашо Точков. „Интернационалната соработка на Црвениот крст со УИНТ, беше навистина плодна и еве денска резултира со потпишување на еден формален меморандум за соработка на овие две институции. Се надевам дека не само што ќе продолжиме со оние активности и прогнози кои заеднички ги реализираме, туку и ќе ги…
повеќе...Македонија учесничка на натпревар на НАСА за иновативни решенија
Првпат во Македонија денеска и утре се одржува глобалниот настан Space App Challenge, во рамките на кој треба да бидат изнајдени решенија за глобалните потреби на животот на Земјата и вселената. Настанот се организира втор пат во историјата на НАСА. Скопје е една од 83-те локации во светот, каде што тој се одржува. Во следните 48 часа стотина програмери, инженери, научници, студенти, експерти, професори и ентузијасти од Македонија и светот групно ќе работат на десетина различни предизвици за изнаоѓање на хардверски и софтверски корисни решенија за глобалните потреби на земјата.…
повеќе...Состанок во Брисел за намалување на цените на роаминг услугите
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, вчера во Брисел оствари работен состанок со директорот на Дирекцијата за комуникациски мрежи, содржини и технологии на ЕУ, Роберт Медлин. На средбата на која присуствуваше и директорот на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Орданоски, се разговараше за правните инструменти и решенија, со кои ќе се овозможи имплементација на иницијативата за намалување на цените на роаминг-услугите на Македонија со земјите од Европската Унија. „Најзначајна тема за која дискутиравме со генералниот директор на ДГ Конект беше за роаминг услугите што граѓаните на Република Македонија…
повеќе...Обука за згрижувачките семејства за ризиците што ги демнат децата на интернет
Заштита на децата од згрижувачките семејства за ризиците со кои можат да се соочат со користењето на интернетот има за цел обуката на овие семејства што во рамки на кампањата за безбедност на децата и младите на интернет „Сурфај безбедно“ се одржа денеска во Скопје. „Наша основна цел е да се обезбеди квалитетна грижа за сите деца во Македонија. И на децата од згрижувачките семејства и на нивните згрижувачи им е неопходно да се информираат за безбедна употреба на интернетот и размена на информации преку интернет, а со тоа и…
повеќе...Прва средба по однос на Нацрт-работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги
Министерството за информатичко општество и администрација вчера ја одржа првата средба на која се разгледа процесот на подготовка на Нацрт-работната верзија на Законот за медиуми и аудиовизуелни медиумски услуги, со што отпочнаа јавни консултации по однос на текстот на законот. Нацрт-работната верзија на Законот е достапна за преземање од веб страната на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР) www.ener.gov.mk. Сите заинтересирани субјекти ќе можат своите забелешки, коментари и сугестии да ги остават на веб страната и истите ќе бидат земени предвид за финалната верзија на законот. Настанот го отвори…
повеќе...Квалитетот на државните институции ќе се подобрува со ИСО стандарди
Сите министерства до крајот на оваа година треба да се сертифицираат со ИСО стандард, а останатите државни институции што за годинава не обезбедиле финансии за таа намена се должни да воведат таков стандард до крајот на следната година. Обврските за сертифицирањето на државните органи се предвидени со Предлог законот за воведување систем за управување со квалитет и заедничка рамка за проценка на работењето и давањето услуги во државната служба, што го усвои Владата во вторникот. „Воведувањето на системот за управување со квалитет на услугите треба да обебзеди високо ниво на…
повеќе...Наскоро предлог-текст на новиот Закон за електронски комуникации
Македонија сака да направи нова легислатива во областа на телекомуникациите во која покрај европските ќе бидат имплементирани и американските искуства, најави министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на денешниот состанок посветен на подготовката на новиот Закон за електронски комуникации. На состанокот беа презентирани шестте нови директиви на Европската Унија за областа на електронските комуникации пред телекомуникациските оператори кои треба да бидат пресликани во нашето национално законодавство. До средината на април треба да биде готов предлог текстот на новиот закон, а потоа да се организира и јавна дебата. „Фокусирани…
повеќе...