Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, и амбасадорот на Обединетото Кралство во Република Македонија, Едмунд Гарет, денес, вторник, ќе одржат прес конференција за започнувањето на циклусот обуки за системот на управување на компетенции кој се спроведува во рамките на проектот „Поддршка на реформите во јавната администрација“ поддржан од Британската амбасада.
повеќе...Tag: информатика
Министерот Ивановски го најави почетокот на изготвувањето на стратегијата за развој на ИКТ областа
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денес одржа состанок со претставници на државните факултети, информатичките комори и ИКТ секторот за почетокот на изготвувањето на краткорочната и долгорочната стратегија за развој на ИКТ на Република Македонија. „Живееме во ера каде што паметните мобилни уреди, социјалните медиуми, колаборативните алатки и работењето во облак постојано го менуваат начинот на кој што луѓето комуницираат со владата, бизнисите и едни со други. Информацијата е валута, обликувајќи ги услугите, како и насочувањето и канализирањето на корисничкото однесување.”– изјави министерот Ивановски. Тој во изјавата за…
повеќе...Претставување на краткорочната и долгорочна стратегија за развој на ИКТ индустријата во Македонија
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, денеска, понеделник, ќе ги претстави краткорочната и долгорочната стратегија за развој на ИКТ индустријата во Република Македонија. На настанот кој ќе се одржи во Министерството за информатичко општество и администрација, со почеток во 11.30 часот, ќе учествуваат претставници на државните факултети и информатичките комори во Република Македонија.
повеќе...Министерот Ивановски на состанок на ICANN во Лондон
Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, вчера на 23 јуни 2014 година, учествуваше на состанокот на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), кој се одржа во рамките на Владиниот состанок на високо ниво во Лондон, Велика Британија. На состанокот присуствуваа високи Владини претставници од сите континенти во светот при што на присутните меѓу другите им се обратија Стив Крокер, директор на Одборот на ICANN и Фади Шехаде, претседател и актуелен извршен директор на ICANN, а меѓу темите на кои се осврнаа е и најновиот напредок поврзан…
повеќе...PayPal од денес во Република Македонија
Од денеска, 17 јуни, вторник, Република Македонија и официјално влегува во групата на PayPal. Од Министерството за информатичко општество и администрација информираат дека граѓаните ќе можат да ги користат услугите на Pay Pal Send. „Ова е резултат на разговорите кои на највисоко ниво се водеа уште од 2008 година и постојаните контакти со нив, при што изминатиов период Република Македонија беше ставена на нивната приоритетна листа за користењето на услугите на PayPal.“– велат од министерството. Претходно од страна на Министерството за информатичко општество и администрација беа исполнети сите предуслови за…
повеќе...Студентите од УИНТ „Св.Апостол Павле“ од Охрид, изработија апликација за децата со посебни образовни потреби
„Учиме низ забава“ претставува интерактивна, едукативна и забавна игра, со примарна цел – стимулација на развојот на визуелната перцепција, формирањето на нови поими, стимулација меморијата како и стекнување на основни, комуникациски, организациски, емоционални и социјални вештини. Оваа едукативно-забавна игра, пред сè, е креирана и наменета за децата со интелектуална попреченостод посебното основно училиште „д-р Златан Сремец“ од Скопје и дневниот центар за лица со пречки во развојот „Зраци“ од Охрид, овозможувајќи им на еден поедноставен и интерактивен начин да ги осознаваат, изучуваат, помнат и извршуваат тековните активностиво рамките на институциите…
повеќе...Презентиран новиот софтвер на „ПИСИ“ – „ПИСИ-ПЕДИЈА“
Денес во просториите на Образовниот Центар „ПИСИ“ се презентираше единствениот проект „Писи-Педија“- интернет софтвер, генератор на бесконечен број на комбинации на тестови, прашања и одговори по предметите од редовната училишна настава, според програмите на Б.Р.О на Р.Македонија и пошироко со посебен нагласок на Е-Математика. „ПИСИ-ПЕДИЈА“ – генератор е плод на повеќе од 20 годишно огромно, непрекинато практично искуство на авторите на полето на: Информатиката, Програмирањето, Наставата по: математика, програмирање, физика, Педагогија, Психологија, Работа со талентирани, Законодавството. „Оваа презентација го претставува новиот софтвер на ПИСИ, таа е ПИСИ-ПЕДИЈА. Има две карактеристики,…
повеќе...Студентите на Универзитетот „Св. Апостол Павле“ креираат мобилна апликација за Дурекс
Пет тимови од Универзитетот „Св. Апостол Павле“ од Охрид се натпреваруваат за најдобро решение за апликација за глобалниот бренд Дурекс. Во наредниот период, тимовите ќе работат на концептот и креативните решенија за апликацијата, по што ќе претстои прелиминарно оценување, од каде трите најдобри решенија ќе продолжат да работат на техничкиот дел и ќе се борат за првата награда. „За нашите студенти секогаш претставува предизвик да креираат апликации и проекти, каде треба да се покаже нивната креативност, иновативност, како и техничките знаења кои ги стекнуваат на нашиот Универзитет. Креирање на апликација…
повеќе...Светот во мало – мултикултурен ден на УИНТ
На универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ се одржа вториот по ред „Мултикултурен ден“. Бидејќи една од главните карактеристики на УИНТ е мултикултурната средина и разновидност, една од главните цели на овој настан е подигањето на јавната свест за потребата од прифаќање и почитување на разликите, следејќи го примерот на УИНТ. На мултикултурниот ден повеќе од 20тина претставници од ги презентираа особеностите на земјите од каде доаѓаат, започнувајќи од традиционалните обичаи, нивниот јазик, храна, музика, танц и традиционална облека. Своите особености ги презентираа студентите и професорите на…
повеќе...Македонскиот кириличен домен .мкд регистриран во ICANN
Интернет корпорацијата за доделување на имиња и броеви (ICANN) го објави успешното завршување на регистрацијата на предложениот интернационален кириличен домен за Македонија (.мкд). Извршниот директор на ICANN, Фади Шехаде, му честита на министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, за регистрацијата и му посака успешна промоција и афирмација на доменот во меѓународниот интернет простор. Со националниот домен (.мкд) отсега ќе можат да се регистрираат веб страници на кирилично писмо, односно ќе бидат опфатени карактеристичните букви од македонската азбука како што се Љ, Њ, Ѓ, Ж, Ч, Ш и Џ.…
повеќе...