Италијанска интернационална компанија заинтересирана за инвестирање во Македонија

Италијанска интернационална компанија, која произведува компоненти за бојлери престојува во Македонија каде разгледува можностите за инвестирање во земјава.  Претставници на компанијата денеска се во посета на градовите Кочани, Велес, Штип, Прилеп, Неготино и Кавадарци како можни локации за инвестирање. Домаќин и организатор на оваа посета е министерот за странски инвестиции Џери Наумоф, а следи по неговите средби со извршните директори на компанијата во јуни на неговото бизнис патување во Италија. „Компанијата беше позитивно изненадена и заинтересирана за поволната бизнис клима во Македонија. Со своите операции, оваа компанија ќе донесе уникатна…

повеќе...

Италијанските оперски ѕвезди Фритоли и Нучи пристигнаа во Охрид

Барбара Фритоли и Лео Нучи, италијанските оперски ѕвезди кои утре ќе го отворат 54-тото издание на фестивалот „Охридско лето“ пристигнаа во Охрид. Тие следаа со приватен авион, попладнево, околу 15 часот. И двајцата уметници доаѓаат првпат во Охрид, но велат дека слушнале за убавините на градот. „Се надеваме дека нема да врне. Концертот ќе биде прекрасен. Ветуваме дека утре ќе направиме нешто специјално за вас, се гледаме утревечер на сцената“, изјави Нучи. Подготвена за утрешниот гала-концерт е и сопранистката Фритоли, која тоа го потврди веднаш по слетувањето на охридскиот аеродром.…

повеќе...

Италија, Германија и Франција со најуспешни кајакари се враќаат од Европското во Македонија

Четиристотини кајакари и кајакарки, стручни штабови и навивачи кои ги бодреа своите миленици, тоа беше сликата на Матка изминативе четири дена, за време на одржувањето на Европското првенство во кајак на диви води за јуниори и сениори до 23 години. Организацијата, според очекувањата помина во најдобар ред, а натпреварувачите задоволни од она што им го понуди една од најнепредвидливите кајак патеки во Европа, со позитивни импресии се вратија во своите матични држави. „Слободно можам да кажам дека ова е едно од најдобро организираните првенства во кајак за јуниори и морам…

повеќе...

Охрид преку европската мрежа на градови со езера до заеднички европски проекти

Официјална делегација на Општина Охрид, предводена од градоначалникот Никола Бакрачески, присуствуваше на првиот глобален состанок за формирање на мрежа на европски градови со езера во италијанскиот град Исео. Европските партнери искажаа заедничко задоволство од креирањето на мрежата на градови со езера, што ќе овозможи поблиска соработка меѓу членките во областа на туризмот, културата и размена на искуства од секојневното живеење во европските градови со езера. Основната цел за институционално поврзување е, партнерско учество во различни европски проекти. На средбата најмногу внимание се посвети на неопходноста од подготовка на заеднички партнерски…

повеќе...

Италијански компании заинтересирани за инвестирање во Македонија

Италијански компании се заинтересирани за  инвестиции во  инфраструктурата и енергетиката во Македонија. Ветуваат  поддршка за реализација на проектите и преку европските ИПА фондови. Детали за проектите во тие области денеска пред претставници на 30 компании од Италија, организирани од Италијанскиот институт за надворешна трговија, претставија министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески  и градоначалникот на Скопје Коце Трајановски. „Разговараме за инфраструктурата и енергетиката, сектори во кои македонската Влада има амбициозни проекти за инвестиции и сето тоа ќе понуди позитивно сценарио и за италијанските бизнисмени. Многу важен  момент е да воочиме…

повеќе...

Можностите за инвестирање презентирани во Италија

Владина делегација предводена од вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски од денеска престојува во посета на Италија каде ќе ги презентираат можностите за инвестирање во Македонија. Планирано е да се одржат бизнис форуми во Торино, Милано и Верона. Денеска поволностите што им се нудат на странските инвеститори беа презентирани пред претставници на повеќе од 30 автомобилски компании од регионот Пиемонте, кој е познат како еден од петте европски региони во кои се концентрирани компании од автомобилската индустрија. Интерес за инвестирање, како што информираат од Кабинетот на вицепремиерот Пешевски, пројавиле две…

повеќе...

Договорени дополнителни транспортни дозволи со Италија

Македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока во патниот сообраќај потпиша протокол со кој е договорено за 2013 година да се размени дополнителен контингент од 50 поединечни транспортни дозволи за превоз на стока за возила со ЕУРО 5 стандард. На состанокот на македонско-италијанската мешовита комисија за меѓународен превоз на патници и стока помеѓу Република Македонија и Република Италија која се одржа на 26 и 27 ноември 2013 година во Скопје, договорена е прелиминарната квота на дозволи за превоз на стока за 2014 година и тоа: 950 билатерални…

повеќе...