Вкупно 6.984 граѓани, чии записи во избирачкиот список, по спроведени вкрстени и теренски проверки, се спорни, до денеска напладне се пријавиле во Државната изборни комисија (ДИК), соопштија од таму. Од нив, 3.015 се пријавиле во подрачните одделенија и канцеларии, како и во дополнителните канцеларии на ДИК, додека 3.969 за пријавување ја искористиле веб-апликацијата на интернет-страницата на Државната изборна комисија. Најмногу граѓани со спорни записи во избирачкиот список се пријавиле во општините Чаир, Тетово, Сарај и Куманово. Извор: meta.mk
повеќе...Tag: избори
Партиите, засега, без пречки одат кон лидерска средба на 31 август и избори во декември
Политичкиот договор на партиите тече според зацртаниот план. И од двете македонски партии, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, велат дека нема да има задоцнувања и одлагања, ниту пак проблеми за да се спроведат сите активности за кои партиите се согласија на 20 јули. Од СДСМ информираат дека единствена промена ќе има во датумот за формирање на ад хок телото, кое ќе доцни четири дена. Поддршка за исполнување на договорот од 20 јули дадоа и амбасадорот на САД, Џес Бејли и амбасадорката на Франција во заминување, Лоренс Оер, која на прошталната средба со…
повеќе...Заев: Вистинските реформи доаѓаат по демократските промени што ќе се случат во декември
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со Чарлс Купчан, виш директор за европски прашања при Националниот совет за безбедност на САД. На средбата се разговараше за моменталната состојба во Република Македонија и предизвиците за спроведување на неопходните реформи за кредибилни избори во декември. Претседателот Заев посочи дека е важно да се завршат договорените процеси до крајот на овој месец, во делот на прочистување на Избирачкиот список и професионалното известување на медиумите, за да се отвори пат за избор на техничката Влада. „Зборуваме за реформи кон минимално исполнување на…
повеќе...Именувани четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување
Директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги врз основа на член 196-д, став 2 од Законот за изменување и дополнување на Изборниот законик, кој влезе во сила на 1 август 2016 година, денес именуваше четири члена на Привремената комисијата за следење на медиумското претставување. Именувани членови по предлог на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ се Слаѓана Димишкова Претседател на новинарската асоцијација МАН, долгогодишен новинар и уредник во дневниот весник Вест и Цветин Чилиманов долгогодишен новинар, дописник, колумнист и аналитичар. По предлог на политичката партија СДСМ именувани се Љубомир Костовски, новинар…
повеќе...Спорните гласачи ќе можат да се пријават во ДИК од утре до 19 август
Државната изборна комсија утре на својата веб-страница ќе ги објави имињата и презимињата на спорните 39.502 гласачи и тие ќе имаат рок од 25 дена да се запишат на избирачкиот список, одлучи Комсијата на денешната седница. Запишувањето ќе се врши лично, со приложување на важечка лична карта или пасош во подрачните канцеларии на ДИК и во канцелариите на Управата за водење матични книги, а на веб-страницата на ДИК ќе биде поставена и апликација за електронско пријавување. Пријавувањето ќе трае до 19 август, секој ден во периодот од 8.30 до 19…
повеќе...Средба Заев Орав: На Македонија и се потребни регуларни избори во декември
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев придружуван од заменик претседателката Радмила Шекеринска и генералниот секретар Оливер Спасовски денеска се сретна со евроамбасадорот на ЕУ во заминување од земјава, Аиво Орав. Претседателот Заев му се заблагодари на амбасадорот Орав за неговите заложби за обновување на демократските процеси во Македонија и посебно за неговата ангажираност во напорите за разврска на длабоката политичка криза во Македонија. На средбата е заеднички констатирано дека следните предвремени парламентарни избори мора да бидат регуларни и тие избори, за кои е потребно да се испочитуваат роковите и да се…
повеќе...Пратениците ги изгласаа измените на Изборниот законик
Пратениците синоќа со 92 гласа „за“, три „против“ и еден „воздржан“ по скратена постапка ги изгласаа измените на Изборниот законик поднесени од пратениците Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ, Горан Сугарески од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА. Измените во Изборниот законик се дел од најновиот договор што четирите партии го постигнаа во средата заради излез од политичката криза. „Законот е кус, се состои од три члена. Со оглед на тоа дека преземена е обврска помеѓу четирите политички партии да се запазат рокови, предлагам да го изгласаме денеска“…
повеќе...Шекеринска: ВМРО-ДПМНЕ бара причина да нема договор, бегаат од фер избори
Изјава за медиуми Радмила Шекериснка, заменик претседателка на СДСМ Медиуми: Дали има некакви конкретни предлози? Шекериснка: Не би сакала да влегувам во конкретни предлози, иако во изминативе 10 дена имаше многу. Меѓутоа според она што се случуваше во изминативе 2 месеца и новите барања коишто беа измислени во последните 10-тина дена станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ бега од регуларни, фер и демократски избори, бега од Пржинскиот договор, бега од спроведување на се она што беше ветено и во текот на минатата и во текот на оваа година. Заради тоа им беше…
повеќе...Во ноември избори, а во август проверка дали се исполнети условите и договореното
Избори во ноември, но со претходна проверка во август дали се исполнети условите и сите забелешки од преговорите – е можно решение, дознава „Мета“ од преговарачките тимови на политичките партии. По денешните неколкучасовни преговори помеѓу Никола Тодоров од ВМРО-ДПМНЕ, Радмила Шекеринска од СДСМ, Артан Груби од ДУИ и Имер Алиу од ДПА, постои извесен оптимизам кај сите учесници во разговорите. Според нашите извори, постигнат е и благ напредок околу избирачкиот список и реформите во медиумите. Повторно во игра е, велат нашите извори, опцијата оние 40.000 граѓани кои не беа најдени…
повеќе...Груевски и Заев подготвени за избори, останува уште да се договори датум
Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ, Никола Груевски и Зоран Заев, викендов потврдија двете најголеми политички партии во Македонија се подготвени за избори и повикаа тие да се одржат што поскоро. Според поранешниот премиер и лидер на владејачката партија, на тој начин ќе се скратат штетите што ги трпат економијата и граѓаните. Од обраќањата на двајцата лидери се добива впечаток дека изборите се веќе договорени и оти останува само да се прецизира датумот за нивно одржување. Медиумите шпекулираат дека датумот за избори ќе се договара на средбата со американскиот помошник…
повеќе...