Решението за распуштање на Собранието, Вељаноски ќе го потпишe на 15 април

Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, донесе одлука решението за распуштање на Собранието да го потпише на 15 април. Како што се вели во соопштението од кабинетот на Вељаноски, оваа одлука е донесена за изборите на 5 јуни да бидат фер и демократски. „Во согласност со одлуката за распуштање на Собранието на Република Македонија, јас, како претседател на Собранието, водејќи се врз основа на уставните рамки за распишување избори, одлучив решението за распишување на предвремени парламентарни избори да го потпишам на 15 април, а изборите да се одржат на 5 јуни…

повеќе...

Собранието ќе се распушти без да си ги заврши обврските кон Катица Јанева

Денеска на полноќ, претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, треба да констатира дека законодавниот дом се распушта 60 дена пред избори, како што е предвидено според Изборниот законик. Во јули лидерите на четирите најголеми политички партии во Пржино се договорија дека опозицијата ќе се врати во Собранието, како една од мерките за решавање на политичката криза. Оттогаш Собранието требаше да реши, а не успеа, неколку клучни работи за ублажување на политичката криза. Со посредство на белгискиот олеснувач Питер Ванхауте се формираше Анкетната комисија со која требаше да се реши скандалот со…

повеќе...

Атанасов: Владата предводена од СДСМ ќе го укине екстерното во првите 100 дена

Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов беше помеѓу граѓаните на Македонски Брод со кои разговараше за секојдневните проблеми со коишто се соочуваат. Граѓаните искажаа незадоволство од власта во заминување. Сиромаштијата, невработеноста, лошиот животен стандард, иселувањето на младите и лошата инфратруктура се главните проблеми со кои се соочуваат граѓаните од овој регион. „Криминалната власт на Никола Груевски и ВМРО ДПМНЕ си заминуваат на следните фер и демократски избори. За секое зло што го нанесоа последните 10 години, ќе одговараат. Слободата, правдата, еднаквоста ќе ги вратиме назад. Промените што…

повеќе...

Изборите ги одложија и екстерното тестирање и распустот за една недела

Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна поради предвремените парламентарни избори закажани за 5 јуни, дознава „Мета“ од наставници во основни училишта, кои вчера го добиле акцискиот план за јунската сесија. Имено, како што нè информираат наставниците, во планот стои дека екстерното тестирање ќе почне на 9 јуни, а ќе заврши на 14 јуни, што е поместување од речиси цела недела. Само за споредба, минатата година екстерното тестирање се одржа од 2 до 10 јуни. Во дописот до кој дојде „Мета“ се гледа дека распоредот за…

повеќе...

ОБСЕ го поздрави усвојувањето на Извештајот на ДИК

Организацијата за европска безбедност и соработка (ОБСЕ) преку мисијата во Скопје го поздрави вчерашното усвојување на извештајот на Државната изборна комисија и порача дека прочистувањето на избирачкиот список е клучен предуслов за веродостојни избори. „Направени се некои позитивни чекори, како измените на Изборниот закон и новиот состав на Државната изборна комисија, но, сепак голем број прашања треба да се решат до изборите. Едно од нив, ако не и најважното, е прочистувањето на избирачкиот список. Кредибилен избирачки список, во кој ќе веруваат сите граѓани, е клучен предуслов за веродостојни избори“, пишува…

повеќе...

Лидингтон: Ако сите се конструктивни, можни се избори на 5 јуни

Избори на 5 јуни се можни и тие ќе бидат можност за залекување на раните предизвикани од долготрајната политичка криза во државата, која ја задржува земјата во интерграцијата во НАТО и во Европска унија, смета британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон. „Изборите со кредибилитет се можни на 5 јуни, но за тоа да се случи неопходно е сите да дадат свој придонес односно да ги стават настрана интересите на политичката партија или личните интереси и да работат во насока на реализација на промените за кои сите се согласиле со…

повеќе...

Пријавете нерегуларности во избирачкиот список

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ги охрабрува граѓаните да продолжат да го проверуваат избирачкиот список и да го искористат законското право да пријават неправилности до Државната изборна комисија. СДСМ се става на располагање на сите граѓани за што отвори и посебен телефонски број за пријавуање на нерегуларностите во избирачкиот список. Од денеска граѓаните ќе можат да пријават нерегуларности во избирачкиот список на директниот телефонски број: 02/ 3293-109. Потоа правниот тим на СДСМ ќе ги проследи овие пријави во соодветна законска форма до Државната изборна комисија. Во Македонија мора да има и…

повеќе...

ДИК: Граѓаните можат да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список

Им овозможуваме на сите граѓани до подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија и преку апликацијата објавена на веб-страницата на Државната изборна комисија да пријават сомнителни податоци во избирачкиот список, кои по службена должност ќе бидат проверени во службените евиденции на надлежните институции, велат од ДИК. „Врз основа на спроведените постапки и донесените акти од страна на надлежните институции, Државната изборна комисија во најкраток можен рок ќе изврши запишување, дополнување или бришење на податоци од Избирачкиот список во согласност со усвоениот правилник за методологија за целосен пристап, вршење промени…

повеќе...

Заев: Следуваат најзначајните избори за Македонија

Обраќање на претседателот на СДСМ, Зоран Заев на Меѓународната конференција „Обезбедување на базичните предуслови за демократска Македонија“ „Почитувани гости од повеќе европски земји и регионот, почитувани присутни, граѓани, претставници на невладиниот сектор, на медиумите, Благодарам на организаторите, ПЕС, Олоф Палме Центарот од Шведска – големи пријатели и поддржувачи на Македонија и секако Прогрес Институтот, за оваа значајна меѓународна конференција којашто ги отвора, како што гледам според агендата, клучните ранливи пресвртни точки за иднината на Република Македонија. Пред извесно време бев во општина Илинден, ме пресретнува еден жител и вака вели:…

повеќе...

Димитриев: Има повеќе од доволно време за прочистување на избирачкиот список до 5 јуни

Има повеќе од доволно време за ДИК да го прочисти избирачкиот список до 5 јуни, изјави премиерот за спроведување на изборите Емил Димитриев по денешната посета на Државната изборна комисија. „Апсолутно има услови да се постигнат сите рокови за спроведување фер и демократски избори на 5 јуни,“ рече Димитриев по средбата оценувајќи ја за конструктивна. Тој посочи дека од членовите на ДИК добил уверување дека дополнителното време кое што е добиено со поместување на рокот за одржување на изборите е доволно да се постигне се што е обврска на ДИК.…

повеќе...