Здравје Радово продолжува со кампањата „Здравје во твои раце” – кампања за поддршка на велосипедизмот и здравите навики

Во сабота, 08-ми август, во центарот на Охрид ќе се шират здрави навики, ќе се спортува, дружи, подарува, како и конзумира најздравиот пијалок на денешницата, јогуртот. Ова е настан кој ќе ги обедини сите поборници за здрав живот, вљубеници во велосипедизмот, како и зависници од спортот и здравите навики. „Драго ми е што нашата мисија продолжува и оваа сабота во Охрид каде што дечиња од социјално загрозени семејства од градот ќе добијат подарок велосипед. На ваков начин ги шириме здравите навики кај децата, како на пример возењето велосипед, но во…

повеќе...

„Безбедно на мотор“ – заедничка патрола од полициски службеници и моторциклисти

Во рамките на превентивната кампања „Безбедно на мотор“, вчера Секторот за внатрешни работи Охрид реализира заедничка патрола составена од полициски службеници и моторциклисти -членови на мото клубот „Охрид“. На пресекот на булеварите „Туристичка“ и „Асном“, беше поставен сообраќаен безбедносен пункт при што на моторциклистите, возачите на велосипед со мотор и возачите на мопеди како ранлива категорија учесници во сообраќајот, им беа делени едукативни флаери со низа совети за подигнување на степенот на безбедност во сообраќајот како ефективен начин да се избегнат и намалат сообраќајните незгоди. При заедничката патрола, полициски службеници…

повеќе...

Кампања – Меѓуетнички и меѓурелигиски соживот

Кампања на Владата на Република Македонија за промоција на меѓуетничкиот и меѓурелигискиот соживот. Врска до плеј-листата од 18-те публикувани видеоспотови од Кампањата на Владата на Република Македонија за промоција на меѓуетничкиот и меѓурелигискиот соживот, поставена на Јутјуб:

повеќе...

Промовирана кампањата „Driving through Macedonia”

Министерството за внатрешни работи во соработка со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и останатите партнери на граничниот премин Табановце ја промовираше кампањата „Driving through Macedonia” која е составен дел акцијата насловена како „Летна кампања 2015”, и има за цел да ги информира странските возачи кои претстојуваат или минуваат низ Република Македонија за специфичните сообраќајни правила и прописи во Република Македонија, за условите на патиштата и условите во сообраќајот во Република Македонија, како и да испрати пораки со совети за нивно внимателно и одговорно однесување во сообраќајот. На…

повеќе...

Почнува кампањата „Лето без пожари“

Денес Одделението за превенција при СВР Скопје во соработка со ЈП„Македонски Шуми“, Шумската Полиција и АД „Горска Вода“ на платото пред Жичарата на Средно Водно, започна со реализација на традиционалната превентивна кампањата – „Лето без пожари“. Основна цел на кампањата е заштита и зачувување на зелените шумски површини, земјоделското земјиште, ливадите и пасиштата од пожари, во текот на летниот период, преку подигање на свеста на граѓаните за ризиците од појава на пожари и штетите од истите и на тој начин зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните. Активностите…

повеќе...

Велосипедско дефиле за подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата-Охрид активно ќе се вклучи во Републичката кампања „Подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот“ што со низа манифестации се реализира секоја година. Кампањата е во рамките на проектот на Владата на Република Македонија за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата „Почитувај ги правилата-почитувај го животот“. Целта на оваа кампања е промоција на велосипедизмот, подобрување на условите и можностите за развој на велосипедизмот како форма на сообраќај, подобрување на безбедноста на велосипедистите во сообраќајот и подигнување на јавната свест за поголема безбедност…

повеќе...

Потребна е позитивна кампања за да нема откажување на туристичките аранжмани

На иницијатива на Секторот за туризам и локален економски развој, денеска се одржа средба со дел од туристичките работници од Охрид, на која се разговараше за актуелната сосотојба во Република Македонија и нејзиното влијание врз туризмот. На средбата беше константирано дека безбедноста е на највисоко ниво, засега има само неколку откажувања на аранжмани, но потребно е позитивна кампања за превентивно да се влијае за намалување на овој негативен тренд. „На средбата заклучивме дека ќе испратиме официјални покани до амбасадите на земјите од кои има најголем број туристи, да дојдат во…

повеќе...

Превентивна кампања против пиротехничките средства, а за „Среќна и безбедна 2015”

Со денешната показна вежба и предавање во скопското ООУ “Кирил Пејчиновиќ“ Одделението за превенција при СВР Скопје ја започна кампањата – “Среќна и безбедна 2015”, која ќе се одвива низ училиштата во општина Кисела Вода. Во организација на полициската станица Кисела Вода, во соработка со општината, со Црвениот Крст и со сите општински основни училишта, на учениците стручно и практично им беше укажано на опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства. Притоа беа посочени разните штетните последици, што учениците можеа да ги видат и при симулациската вежба во…

повеќе...

Продолжува серијата предавања за штетноста од користење допинг во спортот

Вчера во Скопје се одржа предавање од серијата циклуси од Кампањата на АМС и УНЕСКО за штетноста од користење допинг во спортот. На предавањето тимот предавачи предводен од доктор Илија Стоилов ги информираше ракометарите од Спортската академија за штетноста од користење допинг. „Чистиот спорт подразбира заштита на интегритетот на спортот, заштита на физичкото здравје и менталниот интегритет на спортистите, и обезбедување на еднакви услови за сите натпреварувачи така што резултатите ќе бидат фер рефлексија на природните способности на натпреварувачите, нагласи Стоилов и додаде дека со оваа кампања ќе бидат заштитени и…

повеќе...

Кампања – „Среќна и безбедна 2015 година – во семејно и пријателско дружење“

Одделението за превенција при СВР Скопје утре (26.11.) со почеток во 11.00 часот, во ТЦ Капитол во населбата Аеродром, а во соработка со Мисијата на ОБСЕ, Црвениот крст на Град Скопје и ученици од основните училишта, ќе започне со активности кои ќе го одбележат почетокот на кампањата “Среќна и безбедна 2015 година – во семејно и пријателско дружење“. Основна цел на кампањата е подигање на свеста кај граѓаните, особено кај малолетната популација за опасноста од употребата на петарди и други пиротехнички средства, намалување на бројот на повредите од нивната употреба,…

повеќе...