Груевски-Јакаб: СЗО со позитивни оценки за кампањата за здрава храна

Претседателот на Владата на Република Македонија, г-дин Никола Груевски денеска (понеделник, 17.11.2014 година) оствари средба со претседателката на Светската здравствена организација за Европа, г-ѓа Зузана Јакаб. На средбата соговорниците разменија мислења за актуелните политики на Владата во делот на здравството, главните стратешки цели и дејствувања, како и за соработка во повеќе заеднички сфери. Премиерот Груевски посочи дека Владата на Република Македонија посветува големо внимание за унапредување на здравјето на граѓаните и реформи во здравствениот систем и истите се наоѓаат во врвот на приоритетите во работата на Владата. Токму за таа…

повеќе...

Трет семинар на националната кампања против допинг

Вчера, во просториите на општина Кисела Вода беше одржан третиот семинар од страна на Националната анти-допинг комисија при АМС. Третиот семинар е дел од проектот добиен со грант од „Фондот за елиминација на допингот од спортот“ на УНЕСКО. На вчерашниот семинар беа присутни младите кошаркари и кошаркарки од спортската академија на КФМ. Најпрвин младите кошаркари и кошаркарки беа запознаени дека започнувањето на ваков вид едукативни семинари е во правец на помагање во заштитата на спортската етика како и во правец на зачувување на интегритетот на „чистиот“ спорт. Ангажираните експерти од…

повеќе...

Започна националната кампања против користење недозволени допинг супстанции

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески на денешната прес-конференција ја најави новата кампања за подигнување на свеста за ризикот од користењето на допингот во спортот. Станува збор за проект добиен со грант од „Фондот за елиминација на допингот од спортот“ на УНЕСКО во висина од 20 илјади евра. АМС во соработка Националната анти-допинг почнувајќи од денеска ќе реализира низа работилници, семинари-едукативни предавања за штетноста од користењето на забранети супстанци. „Целта е низ ваквите семинари и работилници, како и преку печатените материјали и медиумската кампања да се…

повеќе...

Кампања за користење здрава храна и водење здрав начин на живот

Владата започнува сеопфатна кампања за подигнување на свесноста на граѓаните за значењето и потребата од користење на здрава храна и водење здрав начин на живот и применување физичка активност, под слоганот „Здравјето е избор! Здрава храна и здрав начин на живот значат долг живот!, најави премиерот Никола Груевски. „Целта на кампањата е со едукативен пристап да се влијае сите ние да се заштитиме од загрозување на здравјето, да си помогнеме себеси на нашите семејства и нашето општество… Сите светски статистики, мислења и испитувања водат кон еден заклучок кој вели дека…

повеќе...

ФФМ со поддршка на ФАРЕ акционата недела

Во „Куќата на фудбалот“ денеска беше презентирана програмата за годинашната ФАРЕ акциона недела против национализмот, расизмот и дискриминацијата во европскиот фудбал. Фудбалската федерација на Македонија активно е вклучена во кампањата поддршана од Македонскиот центар за култура и развој. Македонскиот центар за култура и развој како кординатор на ФАРЕ активностите во соработка со ФФМ преку медиумска кампања ќе ја промовира ФАРЕ неделата против национализмот, разисмот и дискриминацијата во фудбалот. Во деновите за одигрување на мечевите од редовните кола од првата и втората македонска фудбалска лига фудбалерите ќе излезат на терените со…

повеќе...

„Кажи му не на насилството”- кампањата не е финансиранa ниту одобрена од МВР

Спотовите насловени „Кажи му не на насилството” не се финансирани и изработени од Министерството за внатрешни работи. МВР ниту објавило тендер, ниту пак ја спроведувало јавната набавка. Немаме информација дали конкурирале и други продукции, какви биле нивните предлози и зошто бил избран токму посочениот, како што немаме информација ниту која е продуцентската куќа или колку чинела нивната понуда. Сакаме да посочиме дека МВР не учествуваше ниту во идејното осмислување, ниту во реализацијата на видео спотовите. Министерството беше единствено партнер при реализирање на проектот “Безбедни училишта”. Овие спотови МВР не ги…

повеќе...

„Почитувај ги правилата, почитувај го животот“ -кампања за безбедност во сообраќајот

Владата на Република Македонија од денес па во наредниот период започнува со сеопфатна кампања за безбедност во сообраќајот чија првенствена цел е да се влијае врз подигнување на свеста на граѓаните учесници во сообраќајот за почитување на пропишаните правила и прописи. Причината за отпочнување на оваа кампања е потребата за подигнување на јавната свест, укажување на значителната бројка на жртви и повредени во сообраќајни незгоди, како и потребата од превенирање и укажување на последиците од несaкани незгоди во сообраќајот. Оваа кампања се однесува и е насочена кон сите учесници во…

повеќе...

Од денес, со Вашето селфи давате поддршка за младите луѓе во светот

„Денеска е меѓународен ден на младите, па поттикнати од потребите на оваа категорија започнува кампања во целиот свет со една цел: да се соберат што повеќе „селфи“ фотографии кои всушност претставуваат потпис на секоја индивидуа на петицијата која докажува дека светот верува во силата на младите луѓе, која ја создава нашата сегашност и иднина. #showyourselfie (#покажиготвоетоселфи) е предвидена да трае неколку месецци со цел да се соберат милиони млади луѓе и оние кои ги поддржуваат, за да им се даде до знаење на оние кои ги носат одлуките на глобално…

повеќе...

Старт на кампањата „Пријавете пари“

Царинската управа започна кампања за информирање на патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Република Македонија за нивните права и обврски поврзани со внесувањето и изнесувањето на пари. Кампањата „Пријавете пари“ стартуваше на аеродромот „Александар Велики“ – Скопје. Потребата од ваква кампања произлезе од чувството дека патниците се недоволно информирани за износот на пари кој е дозволен да се внесе, односно изнесе од државата. Затоа говори фактот дека од почетокот на годинава, заклучно со јули 2014 година откриени се 29 обиди за нелегално пренесување преку граница на готови пари и…

повеќе...

На полноќ завршува кампањата за претседателските избори, утре молк

На полноќ завршува кампањата за претстојните претседателски избори, а утре е веќе молк. Прекин од два дена ќе има во кампањата за вонредните парламентарни избори. За прв пат оваа година за претседател на земјата ќе гласа и дијаспората. Еден ден пред изборите, односно утре, ќе гласаат македонските државјни кои работат и престојуваат во странство, како и внатрешни раселените лица, затворениците, луѓето кои се во домашен притвор, болните и војниците. Во трката за претседател оваа година има четири кандидати и тоа кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорге Иванов, Стево Пендаровски од СДСМ, Зоран…

повеќе...