Реактивирање на кампањата – Пријавете пари

Потсетување на патниците за нивните права и обврски при пренос на пари од царински аспект Царинската управа ја реактивира кампањата за информирање на патниците кои влегуваат, излегуваат или транзитираат низ Република Македонија за нивните права и обврски поврзани со внесувањето/изнесувањето на пари, која ја започнавме во август минатата година. Во рамки на кампањата изработени се брошури на македонски, англиски, албански и турски јазик со информации за патниците кои се делат на сите гранични премини за важечката царинска регулатива поврзана со пријавување пари и информативен видеоклип кој се емитува на екраните…

повеќе...

Кампања за мирно решавање на работните спорови

Министерот за труд и социјална политика, д-р Фросина Ташевска-Ременски и директорот на Меѓународната организација на трудот за Централна и Источна Европа, Антонио Грациози на прес конференцијата ја информираа јавноста за Кампањата за мирно решавање на работните спорови. Целта на кампањата е да се информира јавноста, а особено работниците и работодавачите во земјата за придобивките од користењето на воспоставениот механизам за мирно решавање на работни спорови, преку користење на лиценцирани помирувачи и арбитри. Во Република Македонија од 2007-ма година постои Закон за мирно решавање на работни спорови кој е изменет и…

повеќе...

Формиранa портокалова панделка во дворот на ОУТУ „Ванчо Питошески“

Младинската организација при ОУТУ „Ванчо Питошески“ се вклучи во кампањата за одбележување на „Меѓународниот ден за борба против насилството врз жените и девојките“, како дел од глобалниот активизам, што трае до 10 декември – Меѓународниот ден на човековите права во организација на Делегацијата на ЕУ и канцеларијата на ОН во Македонија. Под мотото „Обој го светот во портокалово, стави точка“ и „#HerForShe“ денеска во дворот на Училиштето учениците и професорите формираа голема „портокалова панделка направена од луѓе“, со цел симболизирање посветла иднина во која нема место за насилство. Претседателот на…

повеќе...

Кампања „Помислете и на нас“ по повод Денот на гладта и Недела на борба против гладта

По повод Денот на гладта, 16-ти октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „Помислете и на нас“ Црвен крст Охрид спроведува кампања за помош на најсиромашните наши сограѓани. Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид. Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври, во поголемите маркети ќе бидат поставени видно обелечени корпи во кои хуманите сограѓани…

повеќе...

СВР Охрид ја реализира кампањата „Биди трезен стигни жив“

Со делење сообраќајно едукативен материјал, со доброволно алкотестирање, со доделување црвен или зелен картон и ваучери за бесплатен такси превоз, синоќа Секторот за внатрешни работи Охрид ја реализира превентивната кампања „Биди трезен стигни жив“. Полициски службеници по доброволното алкотестирање и по констатирано поголемо количество алкохол, дадоа 10 ваучери за бесплатен такси превоз. Кампањата, по претходна согласност од сопствениците беше спроведена во угостителските објекти „Аквариус“ и „Ликвид“. Целта на кампањата „Вози трезен-стигни жив“ е унапредување на сообраќајната превенција, подигнување на степенот на сообраќајната култура кај возачите на моторни и други возила…

повеќе...

Со повеќе активности Свр Охрид ќе ја реализира кампањата „Биди трезен стигни жив“

Со повеќе активности, Секторот за внатрешни работи Охрид вечерва ќе ја реализира превентивната кампања „Биди трезен стигни жив“. Кампањата, по претходна согласност од сопствениците ќе биде спроведена во угостителските објекти „Аквариус“ и „Ликвид“, каде полициски службеници ќе поделат сообраќајно едукативен материјал и ќе извршат доброволно алкотестирање на дел од гостите. Во зависност од добиените резултати, ќе се додели црвен или зелен картон, а кај лицата кај кои ќе се констатира поголемо количество алкохол ќе им биде укажано да користат такси превоз. Тие ќе добијат ваучери за бесплатен такси превоз. Со…

повеќе...

Кампањата LIVE YOU GOALS по втор пат организирана во Скопје

Кампањата LIVE YOU GOALS повторно ја обедини играта, забавата и другарството на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Повеќе од двесте девојчиња на возраст од пет до 13 години беа дел од најпрепознатливата иницијатива на ФИФА за развој на женскиот фудбал. Многумина од нив за прв пат ја допреа фудбалската топка, но токму тоа е целта на LIVE YOU GOALS кампањата – поканети се сите кои ја сакаат играта и кои делат правилни спортски вредности. Настанот го отвори генералниот секретар на Фудбалска Федерација на Македонија, по што на учесниците им…

повеќе...

Реализирана кампањата „Вози трезен – стигни жив“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на град Охрид, денес ја реализира кампањата „Вози трезен-стигни жив“. На кеј „Македонија“ во близина на охридското пристаниште беше поставен сообраќаен пункт составен од полициски службеник и волонтер на Црвениот крст каде се вршеше доброволно алкотестирање како и делење на пригоден едукативен материјал на сите учесници во сообраќајот пред се на возачите на моторни и други возила. Едукативниот материјал беше поделен на граѓани и низ охридската чаршија и кафе баровите. Според евиденциите на СВР Охрид, во првите осум месеци од оваа година,…

повеќе...

Почнува кампањата „Биди активен“ на ЕУ

Република Македонија и оваа година ќе биде дел од кампањата на Европската унија „Биди активен“ со која се промовираат спортот и здравиот начин на живот, чија цел е помасовно вклучување на младите во спортските активности. „Особено сме задоволни што Македонија, единствена од земјите во регионот кои не се членки на ЕУ, ќе биде дел од промотивната активност за одбележување на Европската недела на спортот,“ рече заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, изразувајќи благодарност до Унијата за обезбедената поддршка. Учесници во предвидените активности што ќе се одржат во понеделник…

повеќе...

Во Охрид успешно реализирана акцијата „Здравје во твои раце”

Вчера во центарот на Охрид се случуваше интересна акција која ги соедини сите оние кои се грижат за своето здравје, сакаат да спортуваат, дружат и пијат здрав пијалок, јогурт. Се подаруваа и возеа велосипеди, се спортуваше и ширеа здрави навики. „Позитивни и среќни лица, убава атмосфера надополнета со ширење на здрави навики, возење велосипеди и конзумирање на јогурт, еден од најздравите пијалоци кој секојдневно треба да го пиеме. Таква е сликата која што вчера можеше да се види во центарот во Охрид, благодарение на успешно реализираната кампања на Здравје Радово…

повеќе...