Прес-конференција на Карате федерацијата пред Европското првенство за кадети и јуниори во Цирих

Денес во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција на Карате федерацијата на Македонија, пред патувањето во Цирих, Швајцарија на 42 Европско првенство за кадети, јуниори и постари јуниори. На средбата со медиумите говореа селекторот најуниорската репрзентација Арлинд Усеини, и селекторот на кадетите Александар Кузмановски. По успешно одржаните државно првенство и „плеј оф“ како и настапот на Балканското првенство во Софија, завршните подготовки се организираа во соработка со клупските тренери, а покрај техничко – тактичката подготовка, репрезентативците минаа и низ дополнителни тестови за проверка на физичката подготовка, како…

повеќе...

Прием на македонската карате репрезентација по повод големиот успех на Балканското првенство

По повод големиот успех и освоените девет медали ти на неодамна одржаното Балканското првенство во Охрид, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска организираше прием за карате репрезентацијата на Македонија. „Карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава, а тоа се докажа и на последната Балканијада. Со овој огромен успех, македонското карате ја испишува светлата страница во историјата на Балканските шампионати,“ изјави Спасески. Директорот на АМС изрази надеж дека нашите каратисти и на следното големо натпреварување, а тоа е Светскиот шампионат во Германија ќе…

повеќе...

Во Охрид ќе се одржи Балканско првенство во карате

ЈП „Билјанини Извори“ и градот Охрид, викендов на 18-ти  и 19-ти Октомври се домаќини на 16-то сениорско Балканско првенство во карате. Првенството е во организација на Карате Федерацијата на Македонија, која за прв пат ќе биде домаќин на ваков тип настап од балкански карактер. Се работи за исклучително силно натпреварување, најголемо во 47 годишната историја на КФМ, на кое се очекува да настапат над 300 каратисти од 12 земји. Потврда за врвниот квалитет е фактот дека на Европските првенства балканските земји партиципираат со над 50% од освоените медали, што е…

повеќе...

Успех на македонската карате репрезентација во Истанбул на турнирот „Истанбул Опен 2014“

На Премиер лигата Карате 1 Истанбул Опен 07-09.09.2014 карате репрезентативците постигнаа огромен успех. Настапија 30 етина каратисти сениори од Македонија кои “бркаат” поени за влез во репрезентацијата за сениорското светско првенство 2014. Освоен е само еден ,бронзен медал во сениорки ката тим (близначките Мишела и Маријана Димоски,и Поликсенија Јованоска) и две 5ти места поединечно ката Пулоксенија Јованоска и Берат Јакупи во борби. На државниот празник 8 Септември-денот на осамостојувањето ,подарок за Македонија од карате репрезентативците од ККРонин (Маријана и Мишела Димоски и Поликсенија Јованоска) донесоа БРОНЗА ОД СЕНИОРСКАТА КАРАТЕ 1…

повеќе...

Дејан Недев по втор пат одржа карате семинар во Лондон-Англија

Македонскиот каратист Дејан Недев, Сенсеи 5.Дан по втор пат одржа карате семинар во Академијата за традиционално карате „Muswell Hill“, London. На семинарот учествуваа близу 60 каратисти од неколку карате клубови од Лондон. Семинарот траеше три дена, а последниот ден беше организирана свеченост на која присуствуваше и проф. Венцислав Недев на кој му беше дадено признание за придонес и развој на карате Академијата во Лондон. Исто така признание и плакета доби и м-р. Дејан Недев како инструктор на семинарот. Недеви беа наградени од страна на основачот и Претседател на Карате Академијата,…

повеќе...

Петар Голабоски – македонски претставник на „Енбукаи“ во Токио

На 14-ти јуни се одржа „Енбукаи“ во познатиот Меији храм во Токио, во чест на 10 годишнината од основањето на Ивама Шин Шин Аики Шурен Каи. Македонија беше претставена со аикидо демонстрација на Петар Голабоски – 4-ти дан.

повеќе...

Доделени признанијата за најдобри спортисти во Охрид за 2013 година

Градоначалникот Никола Бакрачески, синоќа во хотелот Ројал учествуваше на свечениот чин на доделувањето на признанија за најдобри спортисти  во Охрид за 2013 година. Признанија добија Нина Балабан – стрелаштво; Тања Стојановска-тенис; Бојан Ристески –бокс; Јован Јованоски- велосипедизам; Христијан Кузманоски-кошарка; Анастасија Паскали- веслање; Филип Стојаноски- фудбал; Александар Ѓоргиески- фудбал; Мартин Гоџоски- стрелаштво; Ане Спироски-кајак; Новица Велјаноски –велосипедизам; Бојан Мартиноски- рибарење; Мартина Петреска-карате; Валентина Гоџоска-стрелаштво; Цветко Попоски – најуспешен спортски работник-стрелаштво ;Мерко Агрон -Гони  –фудбал (најуспешен тренер со млади); Ристе Савин за животно дело; Кире Заров  за животно дело; Александар Маленко  за…

повеќе...

Претседателот Иванов ги прими претставниците на македонската карате репрезентација

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници на македонската карате репрезентација, во пресрет на нивното учество на Европското првенство за јуниори и кадети, што од 7 до 9 февруари ќе се одржи во Португалија. На средбата, претседателот Иванов на македонските претставници им посака многу успех и достојно претставување на нашата земја. Истакнувајќи ги минатогодишните успеси на каратистите и освоените медали на одржаните балканско, медитеранско, европско и светско првенство, претседателот Иванов посака тоа да им биде дополнителен мотив за постигнување на врвни резултати на претстојното Европско првенство во…

повеќе...

Петто место за ката тимот на Македонија на Светското првенство за кадети и јуниори

Петто место на Светското првенство за кадети и јуниори за ката тимот во состав: Маријана и Мишела Димоски и Искра Каракашоска. Македонските каратисти во четвртиот и последен ден од светското првенство во Гвадалахара, во конкуренција на кадетско – јуниотрски ката тимови, ката тимот во состав Маријана и Мишела Димоски и Искра Каракашоска го освои петтото место, а Доан Османи успеа да стигна до четвртото коло.

повеќе...

Берат Јакупи со светска бронза

На 8 Светско првенство во карате за кадети, јуниори и постари јуниори, Берат Јакупи освои бронзен медал во категорија +78кг (јуниори -21 год). Јакупи на патот до бронзата оствари 5 победи, и само еден пораз. Тоа е прв медал на Светско првенство за македонскиот каратист, кој претходно има 4 медали од Европските првенства, во исто толку возрасни категории (три златни, во кадетска, јуниорска и конкуренција на постари јуниори, и еден сениорски бронзен медал). Во првиот ден на СП настапија пет македонски претставници: Берат Јакупи, Пулексенија Јованоска, Симона Заборска, Филип Ѓурчиновски…

повеќе...