Втора изведба на „Не се клади на Енглези“ во Охрид

Поради големиот интерес за гостувањето на Македонскиот Народен Театар со претставата „Не се клади на Енглези“, од Народен Театар Охрид известуваат дека претставата ќе има и втора изведба истата вечер (6-ти октомври) со почеток од 22:20 часот. Картите за втората претстава ќе бидат пуштени во продажба во вторник во 10:00 часот. Цената изнесува 200 денари. Билетарницата при НУ Центар за култура „Григор Прличев“ работи секој ден од 10:00 – 20:00 часот. „Не се клади на Енглези“ е хит комедија од авторот Владимир Ѓурѓевиќ во која играат актерите Сашко Коцев, Оливер…

повеќе...

„Аналфабет“ на 7ми и 8ми април повторно пред охридската публика

Во Центарот за култура „Григор Прличев“ Охрид во петок и сабота повторно ќе биде изведена претставата „Аналфабет“ – комедија работена според Бранислав Нушиќ, во режија на Ѓорѓи Ризески. Во улогата на Максим Благадуша е Горан Стојаноски, Никола Тодороски го глуми ликот на Митре П. Клатипатлак, Стрезо Стаматовски е Румен Вујаклија и Елизабета Стефановска како Магдалена Лапајкоска – Дупева. Сценограф на претставата е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев. Картите по цена од 200 денари се пуштени во продажба. Во претставата се користат пиротехнички средства и истата не е за лица помлади од…

повеќе...

Зголемен бројот на филмски претстави и посетители

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година, во споредба со 2014 година, се забележува зголемување на бројот на прикажаните филмски претстави и бројот на посетители. Во 2015 година, во споредба со 2014 година, бројот на прикажаните филмски претстави е зголемен за 0.4%, а бројот на посетителите е зголемен за 27.7%.

повеќе...

„Мачка со шапка“ во недела пред најмладите охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, Детското Драмско Студио, во недела (15ти мај) повторно ќе ја изведе претставата „Мачка со Шапка”. Почетокот на детската претстава е во 12:00 часот, влезот чини 50 денари.

повеќе...

„Импровокација“ утревечер пред охриѓани

Во Центарот за култура „Григор Прличев“, Охридскиот народен театар утревечер повторно ќе ја изведе театарската импровизација „Импровокација“, со почеток во 20:00 часот. Театарската импровизација „ИМПРОВОКАЦИЈА“ е ко-продукциски проект помеѓу НУЦК „Григор Прличев“ – Охрид и тројцата професионални актери Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски. Билетите можат да се набават во музичката продавница „ЗЗ Топ“ во претпродажба по цена од 150 денари, а на денот на изведба по цена од 200 денари. WebOhrid

повеќе...

Поради голем интерес, филмот „Џган“ повторно пред охриѓани

Поради зголемениот интерес, новиот Македонскиот филм „Џган”, во петок (15-ти април) повторно на репертоар во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид. Филмот ќе биде  со почеток во 20:00 часот, a влезот ќе чини 100 денари. Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter films од Албанија. Филмот е финансиски поддржан и од Агенцијата за филм на Република Македонија, и SEE Cinema network. Главните улоги ги толкуваат Мартин Ѓоргоски, Дениз Абдула и Никола Ристановски. Во филмот од останатата актерска екипа играат и Сара Климоска, Љупчо Тодоровски,…

повеќе...

Македонскиот филм „Џган“ премиерно на 4-ти април во Охрид

Македонскиот филм „ЏГАН” премиерно на 4-ти април (понеделник) ќе биде прикажан во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид. Кино проецкии ќе има и во деновите 5-ти април (вторник) и 6-ти април (среда) со почеток во 20:00 часот, а влезот ќе чини 100 денари. ЏГАН е дебитантскиот игран филм на режисерот Вардан Тозија. Својата премиера филмот ќе ја има на 30.03.2016 во Градското Кино Милениум во Скопје, а потоа ке го продолжи својот прикажувачки живот низ кино салите ширум Македонија. Македонски продуцент на филмот е Дрим Фектори, ко-продуцент на филмот е Red helicopter…

повеќе...

Денес предновогодишен концерт во Центарот за култура „Григор Прличев“

Денес во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид ќе се одржи предновогодишен концерт, на кој ќе настапат Студио „Визави”, дечињата од ЈОУДГ „Јасна Ристеска” – Охрид, „Распеано Рибарче“ и Дедо Мраз. Концертот ќе се одржи со почеток во 12 часот, а влезот чини 50 денари.

повеќе...

Нова дигитална опрема во Кинотеката на Македонија

Кинотеката на Македонија денеска го одбележа Светскиот ден на аудиовизуелното наследство на УНЕСКО со пуштање во употреба на новата дигитална опрема за прикажување филмови. Опремувањето на киното со дигитален проектор ќе овозможи соодветна презентација на филмови и на аудиовизуелниот материјал кој Кинотеката го дигитализираше во изминатите години, како дел од нејзината работа за заштита на филмското наследство. Новата опрема и реновирањето на киносалата се поддржани од Министерството за култура со 4,1 милиони денари. Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека новиот дигитален проектор наменет за киното во Кинотеката на Македонија…

повеќе...

Основците од „Дебрца“ го проследија анимираниот цртан филм „Пим и Пом“

Во рамките на одбележувањето на Детската недела, денес учениците од ОУ „Дебрца“, од прво до шесто одделение имаа можност да го проследат анимираниот цртан филм синхронизиран на македоски јазик „Пим и Пом“. „Посетата на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, беше изведена со цел развивање интерес и љубов спрема филмската уметност, подигнување на свеста за седмата уметност – филмот.“– велат од ОУ „Дебрца“.

повеќе...