Во петок ќе се прикажуваат 3Д кино проекции во Центарот за култура

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“-Охрид, на 2-ри октомври (петок), ќе се прикажуват 3Д кино проекции. Со почеток во 17:00 часот ќе се прикажува-Смотанко и Трапавко: Невозможна мисијa 3D (синхронизирано на македонски). Во 19 часот ќе се прикажува филмот Лавиринт: Бегство низ Пустошот, додека со почеток во – 21:15 часот ќе се прикажува филмот Марсовец Спасувачка Мисија. Влезнците за кино проекциите чинат 200 денари. Инаку, 3Д кино проекциите се прикажуваат во рамки на проектот „Мобилно 3Д кино“ кој го реализира дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје. WebOhrid  

повеќе...

Презентиран проект за нова музејска поставка во Кинотека на Македонија

Нова постојана музејска поставка на површина од 800 м2 во која ќе биде претставена севкупната слика на развојот на македонската кинематографија ќе биде создадена во Кинотеката на Република Македонија во рамки на проект, кој ќе овозможи соодветна заштита и промоција на вредни експонати кои имаат историска вредност за македонската кинематографија и култура. Проектот е дел од Акцискиот план на Владата за НУ „Вардар филм Македонија“. Музејската поставка ќе биде завршена идната година и ќе биде промовирана во рамки на чествувањето на јубилејот 40 години постоење на Кинотеката на Македонија. Министерката…

повеќе...

„Мобилно 3D кино“ по трет пат во Охрид

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид поради зголемениот интерес организира трета дигитална 3D филмска проекција. „Утреземја“ 3D кино проекции 12-ти и 13-ти Јуни 2015 година, почеток 17:00 часот, влез 200 денари. „Шпиони“ 2D кино проекции 12-ти и 13-ти Јуни 2015 година, почеток 19:00 часот, влез 150 денари. „Полтергјаст Куќен – Дух“ 3D кино проекции 12-ти и 13-ти Јуни 2015 година, почеток 21:30 часот, влез 200 денари.

повеќе...

Прва дигитална 3D филмска проекција во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид

Дистрибутерската куќа МЦФ МКД од Скопје во рамки на проектот „Мобилно 3D кино“ во соработка со НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид ќе организира прва дигитална 3D филмска проекција. Во рамки на проектот формирана е мрежа од кино сали низ Македонија во соработка со Центрите за култура од Охрид, Штип, Прилеп, Струга, Дебар, Кичево. Мобилна екипа во редовни временски интервали ќе ги прикажува најновите 3D и 2D филмски остварувања, како и филмски ревии, фестивали и.т.н. За оваа пригода МЦФ МКД обезбеди професионални подвижни BARCO 2K дигитални проектори со…

повеќе...

Членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја одиграат „Македонска крвава свадба“

Унијата на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ од Охрид, сите почитувачи и љубители на театарот и добрата театарска претстава, ги кани на претставата „МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА“ што ќе се игра утре, сабота, во Центарот за култура „Григор Прличев“. Претставата е со почеток во 19:00 часот. Истата ја подготвија и ќе ја играат членови на УМС. Влезот е слободен.

повеќе...

Фестивал на новиот германски филм во Охрид

Националната Установа Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид, во соработка со Амбасадата на СР Германија, Ве покануваат на ФЕСТИВАЛ НА НОВИОТ ГЕРМАНСКИ ФИЛМ. Свеченото отворање на фестивалот е во САБОТА 18-ти октомври со филмот „Родители“-трагикомедија, потоа следат: -(недела)19-ти октомври 2014, филмот „Фак ју Гете“-комедија -(понеделник) 20-ти октомври 2014 „Паркот на среќата“-драма -19-ти и 20-ти октомври 2014 „Рики“ детски филм, 11.00 часот -(вторник) 21-ти октомври. документарецот „Германија од горе“. Почетокот на кино проекциите е во 20.00 часот, а влезот е слободен.

повеќе...

Во недела премиерно ќе се прикажува детската претстава „Пат околу светот“

Во Националаната Установа Центар за култура „Григор Прличев“ Охрид, во соработка со Народен театар Охрид, во недела на 28 септември, со почеток во 12 часот ќе се прикажува детската претстава „ПАТ ОКОЛУ СВЕТОТ“, во режија на Драгана Танеска. Со овој термин во недела во 12:00 театарот го промовира како термин за детски претстави. Покрај претставите за деца, од средината на Октомври во новите простории ќе започне програма за работа со деца и млади во процес-ориентирани проекти преку театарски работилници со лица/актери обучени во областа на театар во едукација и драма…

повеќе...

Наскоро ќе се прикажува филмот „Брана на Пацификот“

Центарот за култура Охрид во соработката со Кинотека на Македонија и Францускиот кино-клуб, продолжува со прикажување на кино проекции. На репертоарот е филмот „Брана на Пацификот“, кој ќе се прикажува во деновите 24-ти (четврток) и 26-ти (сабота). Почетокот е во 20.00 часот, а влезот чини 50 денари. „Брана на Пацификот“ е филм од 2009 година, на повеќекратно наградуваниот режисер Рити Пан. Во него настапуваат француската и глобална мега-ѕвезда Изабел Ипер и Гаспар Илијел. Станува збор за драма, адаптација на истоимениот роман на француската писателка Маргерит Дирас, која беше оценета како…

повеќе...

Симпозиум за Првата светска војна на Конгресот на кинотеки и филмски архиви

Аудиовизуелното наследство е впечатливо сведоштво за историјата и културата на сите цивилизации. Тоа е основен елемент на нашиот идентитет. Токму затоа, наследството, неговата заштита и презентацијата се врвен државен приоритет, нагласи денеска министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска на симпозиумот  посветен на 100-годишнината од Првата светска војна, со кој и официјално почна 70. јубилеен конгрес на Меѓународната асоцијација на кинотеки и филмски архиви (ФИАФ). На Конгресот, кој од вчера до 10 мај ќе се одржува во Скопје, пријавени се 200 делегати од 80 кинотеки и филмски архиви од целиот свет, кои…

повеќе...

„Убавицата и ѕверот“ на кино репертоарот во Центарот за култура

На кино репертоарот во Центарот за култура „Григор Прличев“ наредните денови  ќе се прикажува „Убавицата и ѕверот“. Кино проекции во деновите 26-ти (среда), 27-ми (четврток), 28-ми (петок) и 29-ти март (сабота), со почеток во 20:00 часот. Влезот чини 50 денари.

повеќе...