Играниот филм „Соба со пијано“ во режија на Игор Иванов Изи и продукција на Скопје Филм Студио, својата премиера ќе ја доживее во петок 4-ти октомври, со почеток во 20:00 часот. Влезот чини 100 денари. „Соба со пијано“ е приказ на различни животни судбини доведени на една единствена локација од чиј ракурс може да се допрат најсуштествените аспекти на нашето постоење. Оваа соба е единствениот простор, а кусото време минато во неа единственото време, кога ликовите, изолирани од светот и сета хипокризија во него, ја живеат луцидната страна на сопствениот…
повеќе...Tag: кино
Поради зголемен интерес повторно циклус на филмови од бајки во Центарот за култура
Поради зголемениот интерес повторно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со Кинотека на Македонија и Гете Институт за врски Скопје ќе се прикажуваат циклус на филмови од Бајки наменети за најмладите. Вечерва ќе се прикажува „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“, утре ќе се прикажува „ЗЛАТОКОСА“, во четврток „ХРАБРИОТ КРОЈАЧ“, петок „КРАЛОТ ЖАБА“, а во сабота ќе се прикажува „ТРНОРУШКА“. Почетокот на сите филмови од бајки ќе биде од 19:00 часот, а влезот чини 60 денари.
повеќе...„Кралот на Пингвините“ од вторник до петок на репертоарот на Центарот за култура
НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид од (вторник) 24-ти до (петок) 27-ти септември, ќе го прикажува анимираниот филм „Кралот на Пингвините“ наменет за најмладите, почеток 20:00 часот, влез 100 денари. Инфо приказната го следи патувањето на Кралот на пингвините назад кон родното место, Градот на Пингвините. Едно од најнаселените и најбараните места за живеење во западната хемисфера, тој мора да го пронајде својот животен сопатник и да се избори за своето место под сонцето. Неговата приказна е неретко комична, понекогаш трагична, но и крајно триумфална.
повеќе...Денес започнува прикажувањето на документарните филмови поврзани со Охрид
Во соработка со кинотека на Македонија, во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид од денес до петок 20 септември, со почеток во 20 часот ќе бидат прикажани три македонски документарни филмови кои сите заедно траат околу еден час. Поточно ќе бидат прикажани документарни филмови за „Охридско Езеро“, „Дванаесетте од Папрадник“ и „Охридските трубадури“. Сите три филма имаат заедничка тематика, поврзана со Охрид. „Во филмот „Охридско Езеро“, производство Вардар, 1958 година, опфатени се природните убавини од Охридското Езеро, стариот град, чаршијата со старата архитектура, археолошките наоди во Охрид. Со…
повеќе...Од 17-20 септември – Македонски документарни филмови за Охрид
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид од вторник 17 до петок 20 септември, со почеток во 20 часот ќе се прикажуваат македонски документарни филмови (за градот Охрид). Поточно ќе се прикажуваат документарниот филм „Охридско Езеро“, „Дванаесетте од Папрадник“ и „Охридските трубадури“. Влезот чини 60 денари.
повеќе...Циклус на филмови од Бајки во Центарот за култура
Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, во соработка со Кинотека на Македонија и Гете Институт за врски Скопје, ќе се прикажуваат Циклус на филмови од Бајки. Денес со почеток во 19 часот ќе се прикажува „МАЧОРОТ ВО ЧИЗМИ“. Во среда исто со почеток во 19 часот ќе се прикажува „ЗЛАТОКОСА“, додека во четврток „ХРАБРИОТ КРОЈАЧ“. На 13 септември, петок, со почеток во 19 часот ќе се прикажува бајката „КРАЛОТ ЖАБА“, додека на 14 септември, сабота, исто со почеток во 19 часот ќе биде прикажана бајката „ТРНОРУШКА“. Влезот…
повеќе...Филмот „Седум дена на Хавана“ од 29 до 31 август на репертоарот на Центарот за култура
НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, од четврток (29 август) до сабота (31 август) на репертоарот ќе го прикажува филмот „СЕДУМ ДЕНА НА ХАВАНА“. Почетокот на проекциите е во 20:00 часот, а влезот чини 100 денари.
повеќе...Кинотека на Македонија на „Охридско Лето“
Вечерва со почеток во 21:00 часот во големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ на програмата на „Охридско Лето“ е Кинотека на Македонија односно „Црно семе“ кој e македонски игран филм по сценарио на Ташко Георгиевски, а во режија на Кирил Ценевски. Кирил Ценевски е филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски, во филмот „Цената на градот“ во 1970 година. Во 1971 година Ценевски го…
повеќе...Во Охрид ќе се снимаат подводни сцени за филмот „Деца на Сонцето“
Од вкупно шест работни недели колку што е предвидено снимањето на долгометражниот игран филм „Деца на сонцето“ во режија на Антонио Митрикески, екипата досега снимаше цели четири недели на крајбрежјето во Преспа. Следниве две недели, кои преостануваат ќе се снима на локации низ Скопје, Гостивар и Охрид. Кон средината на неделава, екипата се сели во главниот град на Републиката, каде ќе се снимаат сцени во Железничката станица, околу центарот на градот, во Жена паркот, делови во едно казино и во приватна вила, а последните денови од снимањето се резервирани за…
повеќе...Отворен шестиот Фестивал на Францускиот филм во Охрид
По шести пат вљубениците во француската кинематографија имаат можност во Н.У Дом на културата во Охрид да проследат проекции на француски филмски остварувања на годинешниот Фестивал на Францускиот филм, кој од синоќа па се до 30 јуни се оддржува во нашиот град. На свечената промоција на Фестивалот во Охрид, поздравен збор имаше Градоначалникот Никола Бакрачески, кој во своето обраќање го истакна значењето на овој фестивал за културното претставување на градот и неговото збогатување со културни содржини од француската уметничка традиција. Градоначалникот Бакрачески, уште еднаш го истакна задоволството од можноста што…
повеќе...