Продолжува проектот за бесплатни учебници

Проектот за бесплатни учебници за основци и за средношколци за кои во изминатите години се дадени околу 40 милиони евра ќе продолжи оваа година. Се планира за таа цел да бидат вложени 11 милиони евра, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. „Проектот е воведен од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, не беше ветен во програмата, но сепак, година две откако дојдовме на власт оценивме дека тоа би била значајна помош за семејствата затоа што илјадници семејства плаќаа околу 100 евра за учебници за своето дете. Оние што имаа по две или три…

повеќе...

Досега преведени 977 светски наслови

Заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски во читалната „1000 книги“ во Градскиот трговски центар во Скопје, промовираше нови десет наслови од проектот за „Превод на стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“, со што број на преведени и отпечатени дела достигна 977. Ристовски истакна дека квалитетните учебници покрај тоа што сега се достапни на мајчин јазик, истите се селектирани по консултациите со академската заедница. „Секоја книга која…

повеќе...

Промоција на едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“

Во петок, 10 јуни, во просториите на Библиотеката ќе бидат промовирани изданија од едицијата „Врвови на светската филозофија, историја и психологија со психоанализа“. Промотор ќе биде Проф.Д-р Виолета Ачкоска, а пред присутните ќе се обрати и директорот на Библиотеката Александра Белевска. Настанот ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Со оваа промоција Библиотеката започнува да го реализира проектот за „Промоција на изданија кои со одлука на Владата на РМ и се доделени на Библиотеката и се наменети за продажба“. Проектот е поддржан…

повеќе...

Промовирани нови 150 наслови на аудио книги од проектот „400 Аудио книги“

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски денес промовираа нови 150 наслови на аудио книги од проектот „400 Аудио книги“ наменети за лицата со оштетен вид. Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски денес промовираа нови 150 наслови на аудио книги од проектот „400 Аудио книги“ наменети за лицата со оштетен вид. На самиот почеток на своето обраќање Спасов потенцира дека соработката…

повеќе...

22ри и 25ти април културни активности во охридската Библиотека

Во петок, 22ри април во просториите на НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид ќе биде промовиран романот за деца и млади „Новиот ден“ од авторот Смиле Наумоски – Брсјак. За романот ќе говорат: Бранко Цветкоски, Д-р Мерсиха Исмајлоска и Стојан Тарапуза. Промоцијата ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид. Истиот ден веднаш после промоцијата на овој роман, Библиотеката ќе и додели Благодарница на Назмије Денкоски за нејзиниот вложен труд и професионалните заложби во изработка на новата Веб страна на Библиотеката. НУ Библиотека…

повеќе...

Најмладите од градинката во Велгошти ја посетија библиотеката во ОУ „Живко Чинго“

Најмладите од ЈОУДГ „Јасна Ристеска” од објектот во Велгошти, денес ја посетија училишната библиотека при ОУ „Живко Чинго” во с.Велгошти. Посетата се реализира со цел, дечињата од мали нозе да развијат љубов кон книгата. Тие имаа можност да се запознаат со начинот на работење на училишната библиотека, ги разгледуваа многубројните книги, лектири и сликовници со кои што располага библиотеката. За време на посетата библиотекарката Снежана Стојановска им ја прочита сликовницата „Грдото пајче“, која децата ја следеа со големо внимание. На крај на посетата следуваа и прашања кои ги поставуваа љубопитните…

повеќе...

Литературна средба „Тежината на лавровиот венец на Прличев“ – легенди и преданија

Утре во НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид, ќе се одржи литературна средба „Тежината на лавровиот венец на Прличев“ – легенди и преданија. Излагач на настанот ќе биде  Никола Бошале. Средбата ќе започне во 12 часот во Прличевата одаја при НУ Библиотека „Григор Прличев“ – Охрид.

повеќе...

Промовирани десет нови наслови на стручни, научни книги и учебници

Десет нови наслови од проектот за „Превод на стручни, научни книги и учебници од кои се учи на врвните, најдобрите и најреномираните универзитети во САД и Англија, а од областа на правото во Франција и Германија“ беа промовирани денеска во читалната „1.000 книги“ во Скопје. Новите наслови, како што појасни заменик министерот за образование и наука Спиро Ристовски, обработуваат теми од економијата, фармацијата, природно математичката област, филозофијата и филологијата, педагогијата, информатичко комуникациските науки и од областа на спортот и физичката култура. Во рамки на овој проект, започнат, во 2009 година,…

повеќе...

Каталог на капитални книгоиздателски проекти

„Каталогот на капитални книгоиздавачки проекти” претставува резултат на цврстата определба и посветеност на Владата на Република Македонија за претставување на сето она што се создава во областа на книжевноста кај нас во изминатиов период. Овој информативен каталог на сите љубители на пишаниот збор ќе им овозможи увид во значајните проекти од областа на литературата, кои во изминатиов период ги реализираа Министерството за култура и Министерството за образование. Каталогот може да се преземе на следниот линк.

повеќе...

Промовирани 12 книги од проектот за превод на стручна литература

Нови 12 наслови од проектот на Владата за превод на илјада стручни книги од кои се учи на 10-те највисокорангирани универзитети во светот беа промовирани денеска, со што вкупно 957 книги од стручна литература досега се преведени и отпечатени. Новите наслови се од областа на фармацијата, медицината и стоматалогијата, земјоделството и ветерината, туризмот, биотехничките науки, архитектура и градежништво, машинство и електротехника. Заменик-министерот за образовавание и наука Спиро Ристовски на денешната, 59-та промоција од почетокот на проектот во 2009 година, истакна дека Владата и МОН го продолжуваат проектот се додека, како…

повеќе...