Колумна: Зошто македонските Египќани треба да го поддржат ВМРО-ДПМНЕ

 Драги мои, кога денес би ја анализирале култната заблуда на Томас Хобс, дека во природата владее војната на секој против секого= bellum omnium contra omnes, истата никогаш не била прифатена  во природните науки, затоа што им противречи на сите објективни факти, бидејќи и човечкото битие, онакво какво што е создадено, несовршено, со сите  позитивни и негативни елементи, кои се составен дел на човековото битие, сепак има инкорпориран дел на чуство за хуманост, љубов, взаемна почит и конечно толеранција, како врвна човечка цивилизациска придобивка, која не е ништо друго, освен спремност…

повеќе...

Колумна: Египќаните својот „спас“ да го гледаат во ликот и делото на д-р Никола Бакрачески

Драги мои, ако се обидеме и посветиме малку време за една скулптурна анализа на последните политички збиднувања во Македонија, особено во периодот пред, за време и по одржувањето на последните локални избори во Македонија, со посебен осврт околу прашањата поврзани за статусот за етничката заедница на Египќаните во Македонија, кои претежно се лоцирани во градовите Охрид (каде ги има убедливо најмногу, неофицијално веднаш зад доминантниот Македонски народ), и во цела 5 изборна единица, каде неофицијано со право на глас се над 6000 Египќани, притоа земајќи ги во предвид, ретроактивно изминатите…

повеќе...

Колумна: Лојалноста на Египќаните – главен адут за нивна интеграција и колективен просперитет

 Драги мои, Лојалноста на индивидуата, дефинирана како „внатрешна поврзаност“ и изразување на таа поврзаност низ односот кон другата индивидуа, општеството во целина, без разлика на нејзината карактерна црта, таа е или хомогена или е хетерогена, која е ужасно тешко за одржување во живот, имајќи ги во предвид дискурсот на  разлики, помеѓу етникумите, во едно мултиетничко општество, како што е  всушност македонското, иако според мене, токму тие разлики, се клучниот елемент, за развој на функционалната Демократија, и конечно, лојалноста  во суштина претставува израз на дефинирање на  доброволен волјев акт на доверба…

повеќе...

Колумна: Египќаните не се Роми, ниту Ромите се Египќани, соработката е неминовна

  Драги мои, пред неколку години, потенцирав еден ноторен факт, како одраз на една објективна стварност, дека Автохтони Роми, во Охрид, па и Ресен нема. Во Струга, освен едно влијателно, пријателско настроено семејство, кое никогаш не се „срамеше“ да потенцираат дека се Роми, за што треба јавно да му се честита на гордоста и храброста, да се декларира она што всушност е, другите се припадници на етничката заедница Египќани. Но, тоа никој  во минатото не го ни забележуваше, не му даваше до значение, бидејки некои други критериуми, други морални и…

повеќе...

Парк на пријателството или пак на непријателството?!

 Парк на пријателството или пак парк на непријателството е хортикултурното решение после плажата „Bela Vista“? Ова прашање во главата ми се врти неколку денови, откако ја завршив попладневната прошетка со моето семејство на тој потег. Шокантно, нецивилизирано, некултурно, испокршени постаменти, мермерни плочи поставени да потсетат на пријателите на Охрид, на Македонија, кои во знак на тоа пријателство и ги засадиле сите тие дрвца, островца со цвеќиња и други хортикултурни растенија, кои сега стојат запуштени, обраснати во трева, препуштени сами на себе, без ни малку грижа за нив со цел тие…

повеќе...

Колумна: Египќаните во Македонија бараат ефективна интеграција

  Драги мои,  Египќаните во Македонија, се чуствуваат уморни од чекање за остварување на нивните Уставно загарантирани права, како лојални граѓани на оваа држава. Нивната лојалност, мирољубивост и желба за соживот, денес, Македонскиот Египќанец, го плаќа со негово тотално маргинализирање, во целиот општествено политички, културен, економски живот, што од друга страна, како причинско последична појава, ја позиционира ова етничка заедница, во убедливо најдискриминиран етникум во Р.Македонија. Дека организациите на Египќаните, пред се НВО, не седат со скрстени раце, е и фактот, што во духот на парламентарната демократија, правото на еднаквост…

повеќе...

Колумна: Моделот на развиени меѓуетнички односи во Охрид нема алтернатива, градоначалникот Бакрачески има шанса да влезе во модерната демократска историја

Драги мои, ние граѓаните на Охрид, слободно можеме да констатираме, дека во овој древен град, кој има непроценливо културно, историско, духовно и туристичко значение, не само за Охрид и Македонија, ами и во пошироки размери, отсекогаш како primus, се појавувале етникумите со сите свои посебности, но токму тој еквилибрум на различности и почитување, негување на истите, направиле Охрид да ја одигра улогата на Град, репер на соживот помеѓу етникумите во едно мултиетничко општество. Во посткомунистичките општества, тој еквилибрум на лебдечки вредности и практики не е ниту стабилен ниту балансиран, како…

повеќе...

Колумна: Напредокот не смее да ги загрози вредностите на Езерото

Повторно e Ден на Езерото. По 14-ти пат следено од денот кога во февруари 2000 година како Борд за заштита на Охридското Езеро донесовме одлука секој  21 Јуни, најдолгиот ден и денот на почетокот на летото, да се слави во име на Езерото без кој најверојатно ние не ќе ни бевме овде каде што сме. Не верувам дека би биле интересни искажување со епитети за Езерото  кои се повеќе од јасни, ниту пишување историјати на мерките кои се преземени или НЕ-преземени за неговата заштита, унапредување, подобрување. Ниту веќе фамозните повици…

повеќе...

Колумна: Да за новото Скопје! Да за Скопје 2014!

Изминативе денови, низ медиумскиот простор проструи една петиција со која се бара Архитектонскиот факултет да застане во одбрана на Скопје. Да се одбранело „она што останало од градот.“ Скопјани да кажале НЕ на Скопје 2014, НЕ на „нагрдувањето“ на градот, на рушењето на неговиот идентитет и градската автентичност. Требало, да се каже НЕ на новиот изглед и лик на Скопје. Протестантиве најавуваат граѓански отпор и непослушност пред законот, доколку, се разбира, не ги сослушаме и поддржиме.                   Пред јавно да ги осудам,…

повеќе...

Колумна: Семејството и воспитувањето на детето

Динамиката на времето во кое живееме трасира нови врвици на сите релации вон нашиот живот. Науката во сите свои области врши нови продори и зафати и човештвото, сакало или не ќе мора да го усогласи и своето чекорење кон сето ново и прогресивно. Па сепак, педагошката наука, која се занимава со најделикатниот дел на општеството, со воспитувањето на децата кои ќе треба еден ден да се вклопат во тој вриеж на утрешнината, е испречена пред проблеми какви што ги немала никогаш порано. Вистина, и денешното дете е дете. Меѓутоа, воспитните…

повеќе...