Колумна: Во пресрет на Светскиот Ден на животната средина

Да се пишува за животната средина, ајде ќе ја наречеме екологијата како општоприфатен термин, за борбата на помалите против титаните, да се даваат пораки до генерациите за заштита на истата, некако е веќе надмината фаза во еколошките движења. Паралелно на тоа, да се жали за опустошената природа, за бетонизацијата на зеленото, за недостигот на еколошката свест веќе станува празен и истоштенглас. Денес е време само за активности, време за битки без компромиси  и време за воспоставување вистински вредности и  принципи. Екологијата (заштитата на животната средина) денес не смее да биде…

повеќе...

Колумна: екс®Т(ЕР)ремНО

Помина денот Д и следните три дена екстерно тестирање, после многуте турбуленции и превирања, како по печатените така и по електронските медиуми. Голем број забелешки од страна на родителите и просветните работници, а од другата страна објаснувања и смирувања на состојбите дека тестовите се всушност чиста рутина и нема да се некој поголем проблем за учениците. Но дали е навистина така? Всушност на текстов ме наведе мојата 5 годишна ќеркичка со прашањето што е тоа екстерно тестирање. И велам како да ти објаснам кога ни мене не ми е најјасно. Дел…

повеќе...

И Господ крена раце од арамиите – „Питон“ нека ни е на помош… Аман!

Поминувам секое утро покрај црквата Свети Ѓоргија во Охрид, се крстам  и се чудам: Гледам на портите место икона  ставена  олаква табла со порака: Обезбедува Питон! Каде ли е Гопод, си велам, кај  отишол, та нема време да обезбедува едно  црквиче посветено на Ѓоргија Великомаченикот!? Влегувам внатре и  таму очекувам нова икона, ја забележувам горе над влезот, а на самиот влез, во висина на очите –  нова порака: „Објектот се снима“… Се снима?!! Гледам да останам сериозен, нели, штом се снима објектот, се снима и верникот кој влегува и кој…

повеќе...

Колумна: Египќаните треба да се ребрендираат, политички и морално-етички

Драги мои, Египќаните како посебен и автохтон етникум, доколку сакаат да останат на принципите на нивната автентичност и автохтоност, треба експресно да се ребрендираат, политичко иделошки паралелно со враќање на моралниот вредносен систем, суштински елемент кои ги одржувало во „живот“ по природа лојалните, кротките и мирољубиви, работливи Египќани. Отсуството на желбата за дефинирање на базичната идеолошка матрица и ориентираност паралелно со дискурсот на елементарното познавање и борба за своите права и слободи, како причинско последичен еквивалент, ги позиционира Египќаните во граѓани, кои стануваа/т, предмет на еден модерен робовладетелски однос, и…

повеќе...

Колумна: Екстремно потценување на учителот

Почитувани мои, Ви пишувам на Денот на македонските и сесловенски просветители, светите браќа Кирил и Методија Солунски. Ви пишувам, радувајќи се на денот на македонската и сесловенска писменост, но во исто време Ви пишувам за да  си го отпуштам гневот, да си изнаречам она што ми тежи на срцево, да си ја олеснам и душата… А гневен сум  сосема, до  коска, до срж. Од чудни неправди и случувања во оваа моја чудесна Македонија! Некој како да сака да ми го убие учителот во мене, народниот учител, учителот со срце, учителот…

повеќе...

Простум кон учителот

Препочитуван и прескап мој учителу, светлозрачен прв буквару мој, трезору мој на немереното ми богатство, ковчегу мој позлатен на сите древнини и на сите древни и сегашни скапоцености, непресушен извору на лековита и на засладувачка вода на животот и живеењето македонско, првоплоден, роденомакедонски, кирилометодиевски, климентов и наумов, миладиновски и прличесердарски сејачу на мирољубивото и сладовкусно семе на зборот, на умот и на разумот, патоказу мој среде пространата недогледна рамница на постојбината и на сегашнината, крстоносецу и бајрактару мој среде крстопатот и распаќето, светлоказу мој за сите излези од сите тунели и…

повеќе...

Колумна: Екстерно или екстремно!?

 Ќе има – ќе нема екстерно оценување сè уште е топ тема меѓу наставниците, родителите и учениците. Нормално, тие се најзасегнати по ова прашање.  Во училиштата списоците пристигнаа со имиња на учениците и предметите по кои ќе бидат тестирани (списоците се менуваат неколку пати). И сè ова би звучело во ред ако над нашите глави не кружи еден темен облак преполн со прашања околу самиот тек на тестирањето, а и последиците од него.  Еден разговор ме поттикна на овој напис. Група ученици меѓу себе  разговараа: „Сите коментираат дека не им е гајле…

повеќе...

Принципот на „позитивна дискриминација“ модел за интеграција на Египќаните

Драги мои, во поновата историја на развојот на ДЕМОКРАТИЈАТА, една од попрактичните модалитети, кои овозможуваат интеграција на „малите, автохтони и ранливи“ категории во институциите на системот е т.н. модел на „позитивна дискриминација“. Тој модел, е применлив, во држави, кога врз одреден етникум, се вршело свесна изолација по хоризонтала и по вертикала и се позиционирала на маргините на севкупното живеење. Прилично, таквото недемократско и сума сумарум, некорекно однесување, во принцип потрајува подолг временски интервал. Во новите демократии, за да се „надомести нанесената штета и неправда“ кон тие категории се практикува принципот…

повеќе...

Колумна: Се подготвува асимилација, етничко претопување и нов модерен робовладетелски однос кон македонските Египќани

Драги мои, децениската „сизифовска“ борба за неповратно позиционирање на припадниците на етничкиот кампус на Египќаните, како автохтон и автентичен етникум во мултиетничка Македонија, дефинитивно не успеа да се ефектуира кон она што значи да бидат дел од Преамбулата на највисокиот правен акт, која иако има декларативен карактер, е солидна почва од која генерираат низа форми на дискриминација, како еден општествен феномен, кој го гризе и онака кревкото мултиетничко и мултикултурно општество. Донесувањето на законот за спречување и заштита од дискриминација, донекаде и ќе ја амортизира таа состојба на т.н. дискурс…

повеќе...

Колумна: Египќаните заслужуваат повеќе

Египќаните се лојални граѓани на Република Македонија и во согласност со Уставот треба да бидат и рамноправни. Спаѓаат во категоријата ранливи етнички заедници, на кои катадневно им се заканува процесот на асимилација. Според принципите на парламентарната демократија, државата, која има намера да влезе во семејството на европските народи, треба да донесе позитивни прописи за да ги заштити. Египќаните не се правилно и соодветно интегрирани во институциите на системот и не се спомнати во преамбулата на Уставот, што од своја страна дефинитивно носи тешки последици за припадниците на оваа етничка заедница.…

повеќе...