Се расчистуваше ул. „Железничка”

Покрај тековните активности, екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комуналец“ вчера и денес темелно ја исчистија ул. „Железничка” на потегот од бензинската „Таци” се до „Петљата” на излезот од градот. „Ангажирани беа 6 комунални работници при што беа исчистени тротоарите, коловозните ленти и жардинериите и покрај отежнатите околности предизвикани од сообраќајот.“– информираат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ се приклучи во акцијата „Ден на Дрвото – засади ја својата иднина”

ЈП „Охридски Комуналец“ го одбележа „Денот на дрвото“ со засадување на украсни садници на три локации. Првата локација беше на влезот од градот каде беа засадени 50 дрва од сортата „Софора” (Јапонски Багрем), украсно цветно дрво. Втората локација на која садеа вработените на ЈП „Охридски Комуналец“ и вработените од „Капетанија“ – Охрид беше потегот од „Билјанини извори“ до Хотел „Славија” помеѓу двете коловозни ленти. На овој дел пеа засадени 120 дрва од сортата „Аризонски Чемпрес”. Третата локација каде беа засадени 50 дрва од сортата „Каталпа” беше потегот од мостот према Хотел „Парк”…

повеќе...

По невремето зголемени активностите на ЈП „Охридски Комуналец“

После невремето кое го зафати подрачјето на општина Охрид, екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ беа вонредно ангажирани во текот на вчерашниот и денешниот ден. Невремето беше проследено со силен ветер, што допринесе големи количини реса, трска и комунален отпад да се наталожат кај градското пристаниште и малото пристаниште пред хотелот „Палас“. Денес се расчисти и просторот околу малото пристаниште. Активностите се реализираа по добиен налог од Општинскиот инспекторат и подигнати се вкупно 30м3 отпад. Интензивирани беа и активностите за расчистување и подигнување на паднатите лисја од коловозите, тротоарите и другите…

повеќе...

Утре ќе се подигнува зелен отпад од „Радојца Новичиќ“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од У.З.14 „Радојца Новичиќ“. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен…

повеќе...

Утре ќе се подигнува зелен отпад од УЗ 11 „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) од УЗ 11 „Видобишта“. Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во РЕ „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е уредно оставен до…

повеќе...

Активности на екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“

Екипите на „Јавна хигиена“ при ЈП „Охридски Комуналец“ се вонредно ангажирани околу расчистувањето на јавните површини во градот од лисјата кои во овој период интензивно паѓаат. „Паднатите лисја се расчистуваат и подигнуваат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, независно од категоријата на улицата. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање. Оваа работна седмица се реализира и акцијата за отстранување на гумите за џвакање од мермерните плочи по градската чаршија, на потегот од плоштадот „Св.Климент Охридски“…

повеќе...

Се засадува зимската цветна реколта

Екипите на „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски Комуналец“ започнаа со разубавување на зелените површини во градот со засадување на цветниот материјал кој ќе ги краси парковите во доцниот есенски период, зимската сезона, па се до пролетта. Планирано е да се засадат околу 35.000 садници од видот viola (очиња) од сопственото производство. Благодарение на издржливоста на пониски температури виолата-оче ќе ги освежи парковите во престојниот период, а ќе бидат опфатени: градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, новиот мини-плоштад кај Музичкото училиште, новата патека после каналот Студeнчишта итн.

повеќе...

Одбележан патрониот празник на ЈП „Охридски Комуналец“

Во административните простории на ЈП „Охридски комуналец“, денес, со пригодна свеченост беше одбележан патрониот празник на претпријатието. Во рамки на одбележувањето на вработените кои непрекинато работат и придонесуваат во претпријатието, десет, дваесет и триесет години им беа врачени награди. Од нив четворица беа наградени за непрекината работа од триесет години, двајца за дваесет години и шест вработени за десет години придонес во ЈП „Охридски комуналец“ . Наградите и признанијата им ги врачија секретарот на општина Охрид, Димитар Спасески и директорката на ЈП „Охридски комуналец“, Елена Скрческа. „Помина уште една тешка…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ со активности по повод Денот на ослободувањето на Охрид

Согласно агендата на празнувања и активности кои ги организира Локалната самоуправа за 7-ми Ноември- Денот на ослободувањето на Охрид, ЈП „Охридски Комуналец“ презеде вонредни активности за поголем степен на јавна чистота и јавно зеленило на следните локации: Спомен-паркот на револуцијата, спомен-обележјето на Јасна Ристеска во с.Рамне, спомен-обележјата кај Основниот суд-Охрид, градскиот парк и средното стручно училиште „Св.Кирил и Методиј“.

повеќе...

Утре ќе се подигнува зелен отпад во УЗ „Кошишта“ и „Воска“

ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утре ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.3 „Кошишта“ и У.З.4 „Воска“ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан“) . Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец” благовремено да…

повеќе...