Утре акција за подигнување зелен отпад УЗ1 „Стар Град“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид од месец април започнува со пролетниот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. „Месец април е резервиран за акциите за подгинување зелен отпад, а во мај и јуни ќе се подига кабаст отпад. Динамиката на подигнување е дефинирана во годишниот календар за работа за 2015 год. и вообичаено акциите ќе се реализираат во саботите во различни делови од градот.“- информираат од ЈП „Охридски Комуналец“. ЈП „Охридски Комуналец” ги известува граѓаните на Општина Охрид дека утрен (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни…

повеќе...

Засадени цвеќиња на влезот од Охрид

ЈП „Охридски Комуналец” со дел од цветниот расад изврши освежување на зелената површини кај сообраќајната клучка на влезот во Охрид со садење на цвеќиња од видот виола – „очиња”. Екипи на јавното претпријатие извршија и метење на улиците кај месноста Лагадин, с.Лескоец и с.Елшани.

повеќе...

Се чистат паркинзите на патот Охрид-Ресен

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец” Охрид, односно одделението за јавна хигиена во текот на денешниот ден, а по налог на Општинскиот инспекторат, пристапи кон чистење на регионалниот пат Охрид-Ресен. Имено се чистеа површините ( паркинзите) предвидени за одмор на патничките и моторните возила, од сметот што зад себе го оставаат некои од учесниците во сообраќајот, а притоа ја загадуваат животната средина. „Апелираме и се надеваме дека во иднина ќе проработи свеста и ќе се одлага сметот на соодветни места предвидени за таа намена.“– велат од претпријатието.

повеќе...

Се расчистува месноста „Мазија“

Во месноста „Мазија„ во близина на Холандскиот Парк се расчистува обраснатата џбунеста вегетација (диви капини, трње и др.). „Со тоа зелената тревна површина ќе се прошири и полесно ќе се одржува. Ангажирани се 4 парковски работници и специјално возило за транспорт на зелениот отпад.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“.

повеќе...

Пролетни активности на ЈП „Охридски Комуналец“ во градот и околината

Oваа седмица според планираните активности на ЈП „Охридски Комуналец„ ќе се спроведе расчистување на јавните површини во приградските населби. Во текот на вчерашниот ден се расчитуваше расфрланиот комунален отпад (хартија, пластика и др) во с.Велгошти, месноста Навис и с.Љубаништа. Денес се расчистуваат селата Трпејца и Косел, а до крајот на седмицата ќе бидат опфатени селата на потегот до Пештани, Подмоље и Горно и Долно Лакочереј. „Клупите на градскиот плоштад и кејот се санираат и добиваат нова фарба. Темелно се расчистуваат пешачките патеки во градскиот парк и граничниците со отстранување на ниската…

повеќе...

Акции за расчистување кај „Горица 3“ и „Алтанин Мост“

И покрај континуираното спроведување на акции и кампањи за подигнување на еколошката свест на населението, со цел да ја зачуваме околината од загадување и расфрлање на отпад чиј век на разградливост е многу долг, „Охридски Комуналец“ секојдневно се соочува со проблеми за подигнување на степенот на јавна хигиена. Во близина на плажата „Горица “  -кај паркингот и во тревниот дел околу пристапните патеки собрани се 10 вреќи со комунален отпад (пластични шишиња, картонска амбалажа, најлон кеси и др.) Кај месноста „Алтанин Мост“ (потег „Булевар Туристичка“ – с.Орман) собрани се 13…

повеќе...

Расчистени „Ристо Чадо“ и „Железничка“ , на Калето се санираат багремите

По налог на општинскиот инспекторат на ул .„Железничка“ (во близина на сообраќајната клучка „Петља“) расчистена е мини-депонија од расфрлан отпад од различен вид. „Детално се расчистуваше ул. „Ристо Чадо“ (потег „Стобекс“ – „Здружение на возачи“) каде несовесни граѓани во зелениот појас расфрлале комунален отпад. Екипите на „Паркови и зеленило“ ги санираат дрвјата на северозападниот дел од Калето под бедемот од „Самоилови Тврдини“.“ – информираат од претпријатието. Во шумскиот дел од Калето, покрај патеката која води од месноста Кошишта до Горна Порта, се санираат багремови стебла и гранки и се отстранува…

повеќе...

Богат асортиман на саден материјал во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“

Пролетта е период кога интензивно хортикултурно се средуваат парковите и градините. ЈП „Охридски Комуналец”, преку својата РЕ „Паркови и зеленило” врши одржување и уредување на јавните парковски површини. Исто така врши производство и продажба на украсни дрвца, грмушки и сезонско цвеќе, изработка и изведба на хортикултурни решенија на приватни паркови и одржување на дворни места. „Виолата (народски позната како оче) е сезонско цвеќе кое ги краси дворовите и зелените површини во периодот март-јуни, по што ќе се обнови со нова летна цветна реколта. Нашиот расадник располага со најрозновидни садници од…

повеќе...

Бројни активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Сите работни единици од ЈП „Охридски Комуналец“ се ангажирани на различни локации во градот, со цел подигнување на јавната хигиена и зеленило на повисоко ниво. Екипите на јавна хигиена поставуваат нови канти за депонирање на ситен отпад по ул. „Димитар Влахов“ и старата чаршија. „Се прави генералка на ул „15-ти Корпус“ и „Железничка“ каде се отстрануваат наносите од песок и земја од зимското одржување на сообраќајниците, како и отсранување на ниската вегетација. Се реконструира дрворедот по ул. „АСНОМ„ (потег „Кеј Македонија„-„Булевар Туристичка„) каде голем број стебла се комплетно уништени. Се…

повеќе...

Се обновува бетонската жардињера по „Булевар Туристичка”

Поволните временски услови овозможија екипите на „Паркови и зеленило” максимално да се ангажираат во пролетното подготвување на парковските и зелени површини во градот. Заради претрпените штети од обилните снежни врнежи, се заменуваат оштетените садници во бетонската жардињера помеѓу двете коловозни ленти на „Булевар Туристичка” (потег градски пазар-Гимназија). На одредени делови се врши комплетна реконструкција на жардињерата со отстранување на садниците и земјата, каде ќе се засадат нови декоративни грмушки од сопствениот расадник. „Изборот на садниците ќе одговара на просторот и функционалноста, да не се попречува нормалното одвивање на сообраќајот, а…

повеќе...