Утре акција за зелен отпад „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 6-ти декември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.11 „Видобишта“. „Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба да е…

повеќе...

ЈП „Охридски Комуналец“ активно се вклучи во акцијата Ден на дрвото

ЈП „Охридски Комуналец“, како јавно претпријатие во чија надлежност е одржувањето на јавните парковски површини, дрвореди и скверови на територијата на општина Охрид, активно се вклучи во акцијата Ден на дрвото-засади ја својата иднина. Активно се вклучивме во традиционалното одбележување на оваа акција каде Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со претседателката на Советот Гордана Коњаноска, директорите на јавните претпријатија и раководители на општински сектори, симболички засадија зимзелени садници во градскиот парк. Вработените од „Паркови и зеленило“ ја потпомогнаа акцијата со распределување и доставување на садниците кои ги донира ЈП „Македонски Шуми“…

повеќе...

Утре акција за зелен отпад УЗ 3 „Кошишта“ и УЗ 4 „Воска“

ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 29.11.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.)  во У.З.3 „Кошишта“ и У.З.4 „Воска“  (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан“). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10.00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е.”Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Зелениот отпад треба…

повеќе...

Активности на ЈП „Охридски Комуналец“

Синоќешното невреме го зголеми интензитетот на денешните активности на одделението „Јавна хигиена“. Паднатите лисја се расчистуваат и подигаат од сите јавни пешачки и сообраќајни површини во градот, а во рамките на можностите и оперативноста, се делува на улиците од сите категории. Подигнатиот лист се транспортира во расадникот на јавното претпријатие, каде понатака се искористува како суровина во фазата на компостирање. Се расчистуваше и градскиот кеј од наносите од реса и друг отпад кој на кејот го натрупа езерскиот бран. Подигнати се 20 м3 отпад. Продолжува акцијата за чистење на речните корита…

повеќе...

Реализирана акцијата за уредување на дрворедот по ул. „Македонски Просветители“

Екипите на „Паркови и зеленило“ денеска ја продолжија акцијата за уредување на крошните од дрвјата по целата должина на дрворедот од липи по ул. „Македонски Просветители“. Поткаструвањето, сечењето и уредувањето на крошните од липи се реализира етапно, согласно планираната динамика. Во текот на вчерашниот ден завршено е уредувањето на потегот од „Кеј Македонија“ до „Партизанска“ , а денес се уредуваше потегот од „Партизанска“ до „Димитар Влахов“. Со кроењето на крошните ќе се отстранат гранки кои го оневозможуваат природното вегетирање на стеблото и кои го оптоваруваат стеблото и ќе се овозможи…

повеќе...

Се расчистува реката Сушица од „Петрино“ до Винарска визба

ЈП „Охридски Комуналец“ продолжи со реализацијата на активностите околу расчистувањето на речните корита и канали на територијата на општина Охрид. „Се расчистува речното корито на р.Сушица, на потегот од ул. „Петрино“ до Винарска визба. Расчистувањето на наносите и ниската вегетација, како и расчистувањето на комуналниот и градежен отпад се врши со ангажирање на специјална механизација.“- информираат од претпријатието. Како што велат, со овие активности ќе се подобри еколошкиот амбиент на ова подрачје, а воедно ќе се превенира евентуалното поплавување на околното земјиште.

повеќе...

Се уредува дрворедот на улица „Македонски Просветители“

По налог на Секторот за комунална дејност, сообраќај и улици при Општина Охрид а по претходно добиено одобрение и согласност од одделението за екологија и заштита на животната средина,денес оперативни екипи на ЈП „Охридски Комуналец“, пристапија кон кастрење на гранките на дрвјата по должината на улицата „Македонски Просветители“. Оваа акција на ЈП “Охридски комуналец“, е повеќенаменска посебно ако се има предвид дека широките крошни на дрвјата по ул. „Македонски Просветители“ беа пречка за нормално функционирање на уличното осветлување а со тоа и директна закана по безбедноста на сите учесници во…

повеќе...

Од понеделник до петок ќе се врши уредување на дрворедите на ул „Македонски Просветители”

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид, известува дека во деновите од понеделник до петок ќе врши уредување на дрворедите со поткастрување на крошните од липите на улицата „Македонски Просветители”. Поради ова потребно е отстранување на паркираните возила за непречено извршување на активностите. Уредувањето на дрворедите ќе се врши во деновите: 1. Понеделник 17.11.2014 год. – пресекот на „Кеј Македонија”со улицата „Партизанска”; 2. Вторник 18.11.2014 год. – потегот од ул.„Партизанска” до улицата „Димитар Влахов”; 3. Среда 19.11.2014 год. – од улицата „Димитар Влахов”до „Даме Груев”; 4. Четврток 20.11.2014 год. – потегот од „Даме…

повеќе...

Утре акција за подигнување отпад од дворните површини и градини во УЗ 6 и УЗ 10

ЈП „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 15-ти ноември (сабота) ќе организира акција за подигнување отпад од уредување на дворни површини и градини (гранки, трева, жива града и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“ (комплекс згради „Христо Узунов“, „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mаала“). Се молат граѓаните кои живеат во горенаведената урбана заедница доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за…

повеќе...

Зголемени активностите на екипите на „Јавна Хигиена”

Зголемени активностите на екипите на „Јавна Хигиена”. Деновиве се мети листот кој интензивно паѓа на тротоарите и коловозите. Поради специфичноста на централното градско подрачје тоа се мети 3 пати во текот на денот при што се собираат 30-тина m3 лисја кои потоа со возила од ЈП „Охридски Комуналец“ се собираат и се носат во расадник за потребите на РЕ „Паркови и зеленило” каде се врши компостирање на истите, велат од претпријатието.

повеќе...