Се расчистува патот Орман – Лакочереј

По налог на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид, а во рамки на акцијата за расчистување на локалните и регионалните патишта на територијата на општина Охрид, денес екипи на Јавното претпријатие „Охридски комуналец“ започнаа со расчистување на локалниот пат што води од селото Орман до селата Горно и Долно Лакочереј. Патот е во должина од 1 200 метри и за неговото чистење покрај оперативните екипи на ЈП „Охридски комуналец“ ќе се користи и полесна механизација. Акцијата се очекува да трае неколку дена и е продолжение на акцијата…

повеќе...

Акција за расчистување на магистралниот пат Охрид-Свети Наум

По налог на општинскиот инспекторат ЈП „Охридски Комуналец“ повторно организира акција за расчистување на расфрланиот отпад околу магистралниот пат Охрид-Св.Наум. Расфрланите отпадоци (хартија, пластика, лименки и друг вид отпад) се расчистуваат од тревниот дел покрај коловозните ленти, а акцијата ќе се реализира етапно и ќе продолжи и во наредната седмица, заради должината на делницата. Во акцијата се ангажирани пет комунални работници и механизација. Потребата од реализирање на вакви акции е неминовност која произлегува од ниската култура на поединци заради кои се стекнува генерален погрешен впечаток за хигиената на оваа делница.…

повеќе...

Се расчистува речното корито на река Грашница

По налог на Општинскиот инспекторат екипите на „Јавна хигиена“ го расчистуваат речното корито на река Грашница и околниот простор, на потегот од „Булевар Туристичка“ до пресекот со ул. „Гоце Делчев“. „Речното корито се расчистува рачно од натрупаниот отпад, како и израснатата вегетација, а околниот простор на двете страни од речното користо се коси и се уредува.“– велат од ЈП „Охридски Комуналец. Оттаму додаваат дека со овие активности ќе се обезбеди непречен тек на речните води и ќе се минимизира можноста за поплавување на околното земјиште .

повеќе...

Утре ќе се подига кабаст отпад од УЗ 11 „Видобишта“

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 1-ви октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од У.З.11 „Видобишта„. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од ЈП „Охридски Комуналец”  благовремено да го подигнат.

повеќе...

Нови хортикултурни решенија кај Мазија, Сараиште и Даљан

Деновиве, екипите на „Паркови и зеленило“ работат на формирање на зелени катчиња со нов естетски изглед и оформување на нови парковски решенија.  Се реконструираат: паркот во близина на мостот кај каналот „Билјанини Извори“ кружната сообраќајница на влезот во Охрид кај населба „Даљан“ зеленото катче околу спомен-обележјето на Коста Абраш на Сараиште Постоечките површини се реконструираат со оплеменување со плодна земја, засадување на нови цветни леи и декоративни садници и украсување со декоративен чакал.

повеќе...

Се уредува просторот кај спомен – обележјето на Коста Абраш

Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ од денес започнаа да го средуваат просторот кај спомен- обележјето посветено на Коста Абраш на истоимената улица. Најпрво целиот потег околу спомен обележјето ќе биде соодветно исчистен,ќе бидат санирани бехатон плочките коишто се уништени а потоа парк- просторот ќе биде соодветно хорти културно уреден. Оваа акција на Секторот за комунален развој и ЈП „Охридски Комуналец“ произлегува од директните политики на Градоначалникот Никола Бакрачески и Општината за достојно прикажување на богатото локално историско минато пред туристите коишто го посетуваат градот. Надлежните од Секторот за комунален развој…

повеќе...

Акција за кабаст отпад У.З.3 „Кошишта“ и У.З.4 „Воска“ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан“)

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека утре, 25-ти октомври (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.3 „Кошишта“ и У.З.4 „Воска“ (заедно со комплексот згради и куќи во населба „Даљан“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П.…

повеќе...

Екипите на „Јавна хигиена“ на терен – го подигнуваат паднатиот лист и се чисти кејот

За вработените од „Јавна Хигиена„ денешниов празничен ден започна работно од раните утрински часови. Синоќешното невреме проследено со силен ветер им донесе полни раце работа и тие се на терен расчистувајќи ги јавните површини од паднатиот лист, како и градскиот кеј од натрупаниот отпад. „Паднатиот лист се подига од сите улици, независно од категоријата на улицата, во централното подрачје и периферните делови од градот. Се расчистуваат тротоарите, коловозите и другите јавни површини.“- велат од ЈП „Охридски Комуналец“. Силниот бран на кејот исфрли големи количини отпад кои во текот на денот…

повеќе...

Голем успех на ЈП „Охридски Комуналец“ на 21-та Комуналијада

ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид се закити со бројни награди на одржаната 21-ва Комуналијада на јавни комунални претпријатија од Македонија, која се одржа изминатиот викенд во х.„Десарет„- Охрид. „На овие традиционални игри учествуваа претставници од 17 комунални претпријатиа од Македонија, а нашето претпријатие пријави свои вработени да се натпреваруваат во следните дисциплини: мал фудбал, шах, пикадо, миење на јавни површини, изнесување на смет, аранжирање на цвеќе и др.“– велат од претпријатието. Оттаму велат дека освоени се следните награди: 1-во место – мал фудбал, 2-ро место – изнесување на смет, 3-то место…

повеќе...

Успешно реализирана акцијата „Македонија без отпад“

ЈП „Охридски Комуналец“ денеска активно се вклучи и успешно ја реализира националната акција за чистење „Македонија без отпад„ која ја спроведе Министерството за животна средина и просторно планирање и Асоцијацијата „Ајде Македонија“. Се расчистуваше патниот правец Охрид – Скопје, на потегот од сообраќајната клучка на влезот во Охрид до с.Подмоље. „Акцијата започна во 06.00 часот наутро и собрани беа 40 вреќи најразновиден комунален отпад (отпадоци од хартија, пластика и друг вид на амбалажа кој беше расфрлан во појасот покрај коловозната лента). Нашето претпријатие и во иднина ќе организира и ќе земе учество…

повеќе...