ЈП „Охридски Комуналец”- Охрид ги известува граѓаните на Општина Охрид дека на ден 18.10.2014 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад(душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) во У.З.6 „Даме Груев“ и У.З.10 „Горна Влашка Маала“ (комплекс згради „Христо Узунов“ , „Карабегобамала“ и „Горна Влашка Mаала“). Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10.00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација” на тел.046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од…
повеќе...Tag: комуналец
Старите дрвја на Булевар Туристичка се заменуваат со нови
Екипи на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска на Булеварот „Туристичка“ во близина на градскиот пазар започнаа со теренски активности за освежување на дрворедите и промена на старите дрвја со нови од видот лигуструм. Акцијата е во рамките на годишната програма за работа на Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици и со истата веќе беа опфатени улиците „Димитар Влахов“ и ул. „Партизанска“ кои неколку месеци се украсени со дрвја од видот лигуструм. Стручните служби од Секторот за комунален развој при Општина Охрид, апелираат до граѓаните да се воздржат од несакани дејствија врз…
повеќе...Во сабота ќе се реализира Националната акција за чистење „Македонија без отпад 2014“
Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ и Асоцијацијата „Ајде Македонија“ на 18.10.2014 година ја организираат Националната акција за чистање „Македонија без отпад 2014“. Општина Охрид и ЈП„Охридски Комуналец“ за таа цел на паркингот пред ресторан „Европа“ ќе постават контејнер за собирање на отпад од електрична и електронска опрема. Се повикуваат сите заинтересирани граѓани и фирми кои имаат стар и неупотребуван отпад од електрична и електронска опрема ( компјутери, принтери, мобилни телефони, полначи, телевизори, фрижидери, пегли и сл. ) истиот да го донесат во период од 11 до…
повеќе...Се уредува сцената на Долни Сарај
Одделението Јавна Хигиена при ЈП „Охридски Комуналец“, покрај тековните обврски метење и миење го уреди и делот на летната сцена Долни Сарај со метење и косење која сцена во еден дел преставува паркинг од отворен тип. Се изврши и темелно уредување на улицата Јане Сандански со чистење на тротоарите од трева и нанос на песок и земја, информираат од претпријатието.
повеќе...Контејнерите треба да бидат без капаци!?
Новите пластични контејнери кои веќе неколку месеци се поставени во централното градско подрачје имаат капаци кои служат за нивно затворање, а со цел да се спречи ширењето на непријатна миризба, како и да не влегуваат и излегуваат мачки, па дури и кучиња од нив. Но, за брзо време граѓаните го кажаа своето… капаците се отворени, а мачките повторно „напаѓаат“. Којзнае, можеби нашите сограѓани ги сожалуваат мачките да не останат без храна, па на ваков начин им овозможуваат да се прехранат!?! WebOhrid
повеќе...Бројни активности на екипите на „Јавна хигиена“
Екипите на „Јавна хигиена“ темелно ги расчистуваат јавните површини вдолж „Булевар Туристичка“. Од тротоарите се збира паднатиот лист, темелно се расчистуваат граничниците покрај коловозната лента и одливните шахти. Рачното чистење е надополнето со машинско чистење покрај коловозните ленти. Согласно Програмата за работа за 2014 год. и предвидените активности за подигнување на јавната хигиена за врема на одржување на јавни манифестации, собири и празнувања, пред претстојниот празник „11-Октомври„ – Денот на востанието на македонскиот народ и Денот на борецот, детално се расчистува просторот на Спомен-паркот на паднатите борци. Од тековните активности,…
повеќе...Не се почитуваат акциите за кабаст и зелен отпад, отпадот секојдневно се депонира
Од Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, во чија надлежност е одржувањето на јавната хигиена и јавното зеленило на територијата на општина Охрид и приградските населби, велат дека секојдневно се соочуваат со проблемот на несоодветно депонирање на зелен и кабаст отпад. „И покрај дефинираниот работен календар за 2014 год. со кои се предвидени акции за подигање кабаст и зелен отпад по сите урбани заедници во пролетниот и есенскиот период, несовесни граѓани секојдневно депонираат зелен и кабаст отпад на јавни површини.“- велат од претпријатието. Оттаму апелираат граѓаните да се придржуваат до календарот на одржување…
повеќе...Се уредува сообраќајната клучка на влезот во Охрид од ул.„Железничка“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги започна активностите за уредување на просторот кој се наоѓа во непосредна близина на сообраќајната клучка на влезот во Охрид – левата страна од ул „Железничка“ во насока на магистралниот правец Охрид-Скопје. Овој простор зафаќа голема површина и во првата фаза со специјална механизација ќе се изврши рамнење на теренот и отстранување на неуредната вегетација, а во втората фаза ќе се изврши хортикултурно уредување на просторот со засадување на цветни садници и декоративни грмушки.
повеќе...„Паркови и зеленило“ со бројни редовни и вонредни активности
Екипите на „Паркови и зеленило“ , согласно „Програмата за одржување на Јавно зеленило за 2014 година“, ги реализираат зацртаните редовни и вонредни активности на територијата на општина Охрид и приградските населби. Хортикултурно е уреден паркот во близина на мини-трговскиот центар „Гранит“ на „Булевар Туристичка“. Просторот е ограден со бетонски граничници, нанесен е плоден слој земја и засадени се 30 декоративни грмушки. Во делот на одржувањето на јавното зеленило уредени се крошните од неколку дрвја во училишниот двор на ОУ „Христо Узунов“. Отстранети се гранки и друга вегетација која го попречуваше…
повеќе...Заедничка акција на ЈП „Охридски Комуналец“ и ОУ„Христо Узунов“
Денес во заедничка акција на Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“ и вработените на ОУ „Христо Узунов“ се сечеа гранки во дворот на училиштето. „Гранките во зимскиот период можеа да нанесет штета при нивно кршење на учениците и околните објекти кои граничат со училиштето“- вели директорот на ОУ „Христо Узунов“, Тони Симоновски.
повеќе...