И покрај поминати повеќе од шест месеци од промената на власта во Општина Дебарца, огромните долгови што се наследија во јавното претпријатие сеуште претставуваат голем проблем за тековното работење на ЈП. Секојдневно пристигнуваат решенија и тужби па и извршители кои си ги бараат ненаплатените долгови створени од тогашниот директор Благјоче Стојчески. Имено, за неговото незаконско работење вистински доказ е пристигнатото решение за извршување на ЈПК Дебрца, во износ од 132 300 денари за пресудата според која екс директорот во неговото раководење направил повреда на членови од законот за животна средина…
повеќе...Tag: комуналец
Се расчистува шумскиот дел од Охридското кале
Екипите на „Паркови и зеленило“ и „Јавна хигиена“ деновиве расчистуваат повеќе локации од шумскиот дел на Охридското кале. Се работи на шумскиот дел кој се наоѓа покрај коловозот кој води од вториот Чинар до Горна Порта и од Горна Порта до месноста „Дрвара“. Повеќе исушени дрвја од видот багрем и јасен се отстранети, а заради непречено движење на пешаците и возилата, гранките од дрвјата кои се наоѓаат во непосредна близина на коловозот се поткастрени, а ниската вегетација е отстранета. Исто така интензивно се средува шумскиот дел под црквата „Св.Богородица Перивлепта“.…
повеќе...Успешно реализирана акцијата за чистење на речните корита и канали
Ј.П. „Охридски Комуналец“ ја заврши широкоопфатната акција за чистење на речните корита и канали на територијата на општина Охрид за оперативната 2013 година. Оваа акција која се спроведе по налог на Локалната самоуправа, започна на почетокот од месец октомври. Се делуваше на речните корита на реките Сушица и Грашница по нивните теченија во с.Велгошти, населба У.З.14 „Радојца Новичиќ“ (Црногорци), ул. „Железничка“, „15-ти Корпус“, како и каналите во Студенчишко Блато, во с.Орман и во населба Даљан, во вкупна должина од 6.600 м. Дел од активностите за чистење се спроведуваа машински со…
повеќе...Оштетени 24 корпи за ситен отпад
За време на новогодишните празници оштетени се корпи за ситен отпад поставени на Градскиот плоштад, кејот и старата охридска чаршија. Оштетени се 24 корпи, а како што велат од јавното претпријатие, загрижува фактот што на потегот од првиот до вториот чинар сите корпи се демолирани. Денеска екипите на „Охридски Комуналец“ пристапија кон санација на состојбата и поставување на нови корпи за ситен отпад.
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ продолжува со миење на улиците
Деновиве со зголемување на температурите продолжи акцијата за миење на улиците. ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид заради почист град пред претстојните празници започна со интензивно миење со што би се вратил сјајот на улиците. Деновиве се миеше централното градско подрачје, а во наредите ќе се продолжи и со периферните улици додека дозволуваат температурните услови. Во изминатиов период се работеше интензивно со максимално искористување на работната сила со цел хигиената да биде на високо ниво, со што Охрид кај гостите кои ќе го посетат во престојниот период би го задржал впечатокот за…
повеќе...ЈП „Охридски Комуналец“ ги исчисти викенд населбите во пресрет на Новогодишните празници
Во пресрет на новогодишните празници и со оглед на тоа што се очекува овој период викенд-куќите да бидат посетени од сопствениците, екипите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ генерално ги исчистија јавните површини во викенд населбите во Охрид, кај „Даљан“, „Охридати“, месноста Лагадин и Пештани. Исчистени се и улиците низ охридските села. Овој месец екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ работеа на монтирање на светлечките новогодишни реквизити како и во ископување на каналот за санирање на електричниот дефект за непречено функционирање на лизгалиштето на мраз.
повеќе...„Комуналец“ ги повикува советите на колективните станбени згради да предложат локации за поставување контејнери
Јавното Претпријатие „Охридски Комуналец“ ги повикува Советите на станбените згради да се состанат и да одредат локации за поставување на контејнери за отпад. Истите не треба да зафаќаат делови од сообраќајните патни површини, односно да не го попречуваат патниот сообраќај. Претседателите односно членовите на Советите, предлозите треба да ги достават до ЈП „Комуналец“ или на телефонскиот број 046 263-325, најдоцна три дена по објавување на огласот. Од претпријатието потсетуваат за почитување на Законот за јавна чистота, затоа што во спротивно за несовесните граѓани ќе следат санкции согласно Законот.
повеќе...Комуналец го исчисти снегот
Според метеоролошката прогноза за снежни врнежи во текот на ноќта, дежурните служби од Ј.П. „Охридски Комуналец“ кои беа во приправност излегоа на терен во ноќните часови од 3:30 часот. Со специјалните возила посипани беа 7 м³ абразивни средства по главните сообраќајници во градот. Екипите на „Јавна хигиена“ излегоа на терен од 5:00 часот и рачно го исчистија снегот од градската чаршија, тротоарите и патеките во стариот дел од градот. Посебен акцент се стави на локациите каде според свечената програма ќе се празнува Заштитникот на градот Охрид – Св.Климент Охридски (градскиот…
повеќе...Интензивирани активностите пред празникот 8-ми декември
Пред претстојниот празник 8-ми декември – „Св.Климент Охридски“, кој воедно се одбележува како Ден на Општина Охрид, Ј.П. „Охридски Комуналец“ ги интензивира своите активности околу одржувањето на јавната чистота и јавното зеленило. Темелно се чистат и уредуваат јавно-прометните и зелените површини каде по повод празникот ќе се одржуваат свечености: Градскиот плоштад, дворот од О.У. „Климент Охридски“ и сите пристапни патеки кои водат до училиштето, патеката до Плаошник, просторот околу Центарот за култура „Григор Прличев“ и др. Во градскиот парк продолжува акцијата за засадување на зимската цветна реколта, а на Градскиот…
повеќе...Започна засадувањето на зимската цветна реколта
Со започнување на месец декември „Паркови и зеленило“ започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период. Планирано е од цветната реколта која е од сопствено производство да се засадат 50.000 садници од видот viola (очиња), како и 10.000 садници од видовите dianthus (каранфилчиња) и belis (белис). Со разубавување ќе бидат опфатени: Градскиот парк, Плоштадот, кружните сообраќајници, парковската површина од зградата на Локалната самоуправа, „Булевар Туристичка“ и други зелени површини во градот.
повеќе...