Екипи на општинските јавни претпријатија „Нискоградба“, „Охридски Комуналец“, „Градски гробишта“ и „Проаква“, по налог на Локалната самоуправa, денеска започнаа со уредувањето на пешачките патеки покрај езерото. Работите започнаа од потегот кај Средното угостителско-туристичко училиште „Ванчо Питошески“ и хотелот „Милениум“, а според планот, во оваа етапа, ќе се уредува просторот на кејот од Центарот за култура „Григор Прличев“ до хотелот „Гарден“. Просторот ќе се чисти, ќе се санираат оштетените делови и хортикултурно ќе се уредува. Со ваквите дополнителни ангажирања, Локалната сампоуправа ја реализира определбата, општинските јавни претпријатија, поради консолидација на нивното…
повеќе...Tag: комуналец
Еколошки острови во основните училишта – син, зелен и жолт контејнер
Ј.П. „Охридски Комуналец“ во соработка со „Пакомак“ – Скопје, денес одржа работен состанок со директорите на основните школи на територијата на општина Охрид. Главната цел на овој состанок е заштита и унапредување на животната средина со тенденција на намалување на количествата отпад преку негова селекција и рециклирање, за што нашите најмлади сограѓанчиња ќе се едуцираат и ќе стекнуваат еко-навики од школската средина. Ј.П. „Охридски Комуналец“ во школските дворови од основните училишта ќе постави по три контејнери: син контејнер во кој ќе се фрлаат отпадоци од хартија (весници, тетратки, хартиени вреќи…
повеќе...Се уредуваат тротоарите и зелениот појас на „Булевар Туристичка“
Екипите на Јавно зеленило и Јавна хигиена деновиве интензивно работат на уредување на пешачката зона на „Булевар Туристичка“, како и на обновување на зелениот појас на потегот од градскиот пазар до сообраќајната клучка при влезот во Охрид. Овие активности се спроведуваат по налог на општина Охрид. Во делот од пешачките патеки од двете страни на „Булеварот Туристичка“, темелно се чистат тротоарите од наносите од песок, земја и трева со рачно отстранување. Зелениот појас помеѓу двете коловозни ленти на овој потег се реконструира со нивелирање на земјените наноси и засадување на…
повеќе...Започна акцијата за чистење на магистралниот пат Охрид-Кичево на територијата на општина Дебарца
На иницијатива на Градоначалникот на Општина Дебарца г. Игор Трајкоски, денес, вработените на ЈП за комунална дејност „Дебрца“, по прв пат од формирањето на јавното претпријатие се вклучија во акцијата за чистење на магистралниот пат Охрид-Кичево што поминува низ општина Дебарца во должина од 35км. Секој отпад ќе биде собран и соодветно третиран т.е. сортиран, и воедно се замолуваат сите минувачи и возачи на овој фреквентен правец на совесност, да не фрлаат отпадоци на јавната површина покрај патот, во спротивно секој прекршител ќе одговара согласно законот за животна средина. Оваа…
повеќе...Пешачката патека кај „Охридати“ повторно ставена во функција
Пешачката патека на ул. „АСНОМ“ во населба „Охридати“ од денес е санирана и повторно проодна за пешаци. Имено, физички лица бесправно имаа засадено повеќегодишни зимзелени дрвја на самата јавна површина, инаку пешачка патека, која веќе подолг период беше вон функција и непроодна за пешаци. По налог на Локалната самоуправа, екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ извршија сечење на дрвјата и пешачката патека е ставена во функција.
повеќе...Во сабота акција за кабаст отпад во населба „Билјанини Извори“
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на 21 септември (сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од населба „Билјанини Извори“. Се молат граѓаните кои живеат во споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат. Минатонеделната акција која се спроведе…
повеќе...Се уредуваат тротоарите покрај Кејот
Екипи на јавното претријатие „Нискоградба“ од денес започнаа со уредувањето на тротоарите покрај градскиот Кеј. Стручните служби со механизација го обновуваат бекатонот, а зеленилото покрај кејот хортикултурно ќе го ревитализира работната единица „Паркови и зеленило“ при Ј.П. „Охридски Комуналец“. Претходно сите угостителски објекти добија налог да ја отстранат урбаната опрема од тротоарите, а тротоарот ќе служи исклучиво за пешаците. Во акцијата за уредување на тротоарите покрај градскиот Кеј ќе се вклучат и екипите на останатите општински јавни претпријатија.
повеќе...Јавните претпријатија на терен во населбата „Радојца Новичиќ“
Откако жителите на урбаната заедница „Радојца Новичиќ“, пред градоначалникот Бакрачески и претставниците на Локалната самоуправа ги изнесоа проблемите со кои се соочуваат, потребите и предлозите со кои би се подобрил квалитетот на живеење во оваа градска населба, од денеска екипи на Секторот за комунален развој и Ј.П. „Охридски Комуналец“ пристапија кон средување на теренот. Екипите на Ј.П. „Охридски Комуналец“ започнаа со генерално чистење и хортикултурно уредување (косење и метење). Екипите на одделението за сообраќај и улици при општина Охрид интервенираа и ги заменија прегорените светилки. Истовремено интервенирано е и на…
повеќе...Се расчистува делницата Охрид – Дебарца
Од денес Ј.П. „Охридски Комуналец“ продолжува со акциите за расчистување на расфрланиот отпад покрај магистралниот пат Охрид-Скопје, на потегот од сообраќајната клучка до општина Дебарца. На оваа делница покрај рачното расчистување на комуналниот отпад кое се изведува со 10 комунални работници, се расчистуваат и мини депонии од градежен шут со ангажирање на специјална механизација. Поради несовесно и деградирачко однесување на поединци, во непосредна близина на коловозните ленти се создадени голем број мини депонии од градежен шут. Изминатата сабота се заврши акцијата за расчистување на делницата Охрид-Св.Наум во должина од 30км.…
повеќе...Акција за кабаст отпад од центарот на градот во сабота
Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 14.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.) од реонот опфатен со улиците „Македонски Просветители“, „Партизанска“, „Димитар Влахов“, „Кеј Маршал Тито“ и населба „Охридати“. Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од…
повеќе...