„Света Софија“ блесна со убавината на проектот „На светов убавина“ на Горан Трајковски

Затворањето на 56то издание на Охридско лето се случи како алхемиски проект на Горан Трајковски насловен како “ На светов убавина “ кој својата театарска музика од последнава декада ја преточи во концерт на театарска музика, идеален проект за симбиозата театар и музика – суштината на Интернационалниот фестивал Охридско лето. Предворјето на Света Софија беше совршениот простор за музиката на Трајковски кој инспириран од големите автори, својата единствена музика, базирана на византиското пеење и македонскиот фолклор но во современ и само за него карактеристичен музички стил не пренесе во театарските…

повеќе...

Концерт на виолинистот Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробејников на „Охридско лето“

Спектакуларно затворање на музичката програма на 56-тото издание на фестивалот „Охридско лето“. Вечерва во црквата Света Софија, со почеток во 21 часот, неповторлив настан – концерт на едни од најдобрите руски изведувачи , виолинистот Вадим Репин и пијанистот Андреј Коробејников. На програмата ќе бидат изведени дела на А. Шнитке, С. Прокофјев, И. Стравински, П. И. Чајковски. Рускиот виолинист Вадим Репин на музичката сцена се појавува многу млад. Само до 17-годишна возраст во својата биографија запишува голем број награди на национални и интернационални натпревари, вклучувајќи го и Златниот медал на натпреварот „Виенавски“ кој…

повеќе...

Концерт на пијано-дуото „Четири раце“ вечерва на Охридско лето

Во рамки на програмата на фестивалот „Охридско лето“ вечерва во Црквата Св.Софија, со почеток во 21 часот концерт ќе одржи пијано-дуото „Четири раце“ со Марко Скиаво и Серџо Маркеџани од Италија. На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, Ј. Брамс. Пијано-дуото „Скјаво – Маркеџани“ (Schiavo – Marchegiani) се смета за едно од најактивните и најценетите пијано-дуа денес. Извонредната координираност, техника, експресивност, убавина на звук, интензивност и прекумерна енергија со која се одликуваат нивните настапи, ја плени публиката низ целиот свет. Дуото го сочинуваат Серџо Маркеџани и Марко Скјаво,…

повеќе...

Концерт на рускиот пијанист Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржи рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Ф. Шуберт, М. Мусоргски. Петр Лаул е руски пијанист чија концертна дејност се протега низ речиси сите земји во Европа, но и надвор од границите на овој континент. Настапува како солист и како камерен музичар, соработувајќи притоа со голем број значајни музички имиња и водечки оркестри. Чест гостин е и на некои на најпрестижните фестивали во Русија и Европа, меѓу кои и…

повеќе...

Концерт на српскиот пијанист Филип Маџунков на „Охридско лето“

Вечерашната програма на фестивалот „Охридско лето“ ќе биде исполнета со концертен настап на пијаностот Филип Маџунков од Србија. Концертот е со почеток во 21:00 часот во црквата Св.Софија, а влезот е 300 денари. „Интерпретацијата на Филип Маџунков, според богатството, сериозноста и посветеноста, може да се мери со процесот на експозиција на музичкото дело. Внимателноста со која пристапува кон пијанистичката интерпретација, неговата сосредоточеност и широкиот дедуктивно-истражувачки опсег импонираат и како средство за постигање на што посовршен впечаток, но и како метода во работата. Во својата поетска сеопфатност, Филип Маџунков ја приближува…

повеќе...

Ал Ди Меола и Продиџи во Охрид

Викендов Охрид ќе биде центар на музичките збиднувања во земјава. Концертите на еден од најдобрите гитаристи во светот Ал Ди Меола и групата Продиџи, во рамки на фестивалот „Охрид колинг“, се очекува да донесат гости од целиот Балкан, но и од Англија и Холандија. „По концертот на светски познатите диџеи Ники Ромеро и Лост Фрекуенцис на 1 август, покажавме дека Охрид е подготвен за организација на фестивал кој од година во година ќе прерасне во еден познат бренд на Балканот, но и пошироко. Покажавме дека заедно во Охрид можеме да…

повеќе...

Концерт на виолончелистот Марк Копе и пијанистот Питер Лаул на „Охридско лето“

Во Црквата Св.Софија – Охрид, вечерва во 21 часот концерт ќе одржат францускиот виолончелист Марк Копе и рускиот пијанист Питер Лаул, во рамки на програмата на „Охридско лето“. На програмата ќе бидат изведени дела на Л. В. Бетовен. Францускиот виолончелист Марк Копе се смета за еден од водечките виолончелисти на денешницата. Повеќе од 20 години тој е постојан гостин во концертните сали низ светот, како солист и како камерен музичар. Во неговиот репертоар може да се најдат дела од различни периоди, но најзначајно место зазема музиката на германскиот композитор од…

повеќе...

Охрид солидарен за Скопје: Естрадата пееше и донираше за поплавените

Дел од македонската естрада вчера настапи на Градскиот Плоштад во Охрид и здружено со граѓаните донираа за поплавените семејства во Скопје. Кутиите за донации за кратко време се наполнија, а донации стигнуваа и од странските туристи кои не ги криеа своите солзи. Анастасија Петреска, нејзиниот татко Наум, Боби Мојсовски, Ѓоко Таневски, Татјана Стефановска, Зуица Лазова и организаторката Елена Велевска се само дел од пејачите кои настапија на овој хуманитарен настан. Апелираат до сите колеги кои не беа во можност да настапат, да донираат за настраданите подрачја. Освен паричните донации, се…

повеќе...

Црвен крст: На вчерашниот концерт собрани над 100 илјади денари

На вчерашниот хуманитарен концерт кој на иницијатива на пејачката Елена Велевска и во организација на Општина Охрид и Црвен крст Охрид се одржа на Градскиот плостад во Охрид, во касите на Црвен крст Охрид беа собрани 101.570 денари, 50 евра, 20 австралиски долари, 20 УСА долари, 5 новозеландски долари и 20 лева. Со своја донација (бебешки пелени, вода и конзервирана храна) на вчерашниот хуманитарен настан, помогнаа и Тамаро маркетите. Сите собрани средства ке бидат наменети за помош на населението од поплавените подрацја во скопскиот регион. Од Црвениот крст Охрид изразуваат…

повеќе...

Вечер на ЕУ на Охридско лето

Вечерва во црквата „Света Софија”, со почеток во 21 часот ќе се одржи традиционалната „Вечер на ЕУ“. Концерт ќе одржат Нина Костова (пијано) Македонија, Хеншел гудачки квартет (Германија), Кристоф Хеншел (виолина), Каталин Еуген Десага(виолина), Моника Хеншел Шлинд (виола), Mатиас Бејер-Карлсој (виолончело). Нина Костова е македонска пијанистка, која во својата биографија запишува голем број значајни награди на престижни национални и интернационални натпревари. Нејзината активна изведувачка дејност ја носи на концертните сцени во Франција, Италија, Англија, Турција, Бугарија, Србија и други земји. Чест гостин е и на фестивалот „Охридско лето“, каде настапувала…

повеќе...