Гудачкиот квартет БОНД вечерва на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот на Античкиот Театар во рамките на „Охридско Лето“ ќе настапи гудачкиот квартет БОНД од Велика Британија. Таниа Дејвис (виолина), Иос Чатер (виолина), Елспет Хенсон (виола) и Геј-Ји Вастерхоф (виолончело) заедно го сочинуваат составот на најпродаваниот гудачки квартет на сите времиња, БОНД. Од првото деби, на БОНД, групата има продадено неверојатни 5 милиони албуми низ целиот свет. БОНД ја црпи својата инспирација од класичните, латинските, фолк, џез, рок, елетро, индиските и стиловите од Средниот Исток, и низ годините се здоби со многу активна и лојална…

повеќе...

Страшо Темков – флејта и Марија Вршкова – пијано, вечерва на програмата на „Охридско Лето“

Вечерва со почеток во 21:00 часот, на програмата на „Охридско Лето“ во предворјето на црквата Св.Софија се двајца македонски уметници, Страшо Темков – флејта и Марија Вршкова – пијано. Страшо Темков е еден од најуспешните македонски музички уметници од својата генерација. За време на студиите на Факултетот за музичка уметност во Скопје и последипломските студии на Музичката Академија „Панчо Владигеров“ во Софија соработува со реномираните уметници и педагози од Македонија и Балканот и добива повеќе награди на државните и меѓународните натпревари. Подолг период е прв флејтист во Македонската Филхаромонија, а…

повеќе...

Концерт во чест на Ристо Аврамовски – 70 години од неговото раѓање

Денес, во црквата Света Софија, со почеток во 21:00 ч. ќе се одржи Концерт на македонски уметници по повод  јубилејот, 70 години од раѓањето на Ристо Аврамовски, еден од најголемите македонски композитори, музички деец и публицист. „Аврамовски беше и ќе остане една блескава ѕвезда која светеше и не згаснува над неговата сакана земја Македонија, како што често милуваше да каже и напише, јас сум ѕвезда која на крилати коњи јава по Апокалипсата и се спушта од небото над мојата земја. Тој твореше и како врвен интелектуалец се бореше до крај…

повеќе...

Жељко Јоксимовиќ на 3-ти август во Охрид

Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ја известува јавноста дека на 03.08.2013 година на Градскиот стадион „Билјанини Извори“ ќе гостува големата балканска музичка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ. Ј.П. „Билјанини Извори“ – Охрид ги поканува сите граѓани да присуствуваат на овој настан.

повеќе...

Во вторник во Охрид концерт „Радост моја, Христос Воскресе!!!“

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид во вторник, 28 мај ќе се одржи концертот, „РАДОСТ МОЈА, ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!!!“- авторски проект на м-р Марјан Јанкоски. Учесници на концертот: Марјан Јанкоски (автор, кавал, тамбура), Музички состав „Портал“, Ангеле Михајловски (пијано), Сашко Петрев (тамбура), Стојанче Наумовски (виолончело), Елена Владимирова (виолина, псалт), Драгана Трифуновиќ (виолина), Класа за народни инструменти од Факултетот за музичка уметност, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип (проф. м-р Марјан Јанкоски) и Специјален гостин: Раде Рогожаров (рецитатор, актер). Концертот ќе се одржи во големата сала со почеток во 20:00…

повеќе...

Концерт на „Дуо Кларинети“

НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид, по повод светскиот ден на Европа, Ве поканува на концерт „ДУО КЛАРИНЕТИ“ – Ѓоревски & Бакревски. Концертот ќе се одржи утре, четврток 9-ти мај, во изложбениот салон при Центарот за култура во 20:30 часот, а влезот е слободен. Дуото кларинети Ѓоревски-Бакревски е формирано по долгогодишната соработка на двајцата кларинетисти во различни ансамбли и камерни формации. Вработени во Македонската опера и балет и активни на концертниот подиум, Дуото Ѓоревски-Бакревски е формирано со цел да се истражува репертоарот за вакво камерно Дуо, кој е…

повеќе...

Хуманитарен концерт за обнова на Манастирот Трескавец

Синоќа, во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“, се одржа голем хуманитарен концерт. Концертот го посетија голем број граѓани, а собраните средства ќе бидат наменети за обнова на Манастирот Трескавец.

повеќе...

Хуманитарен концерт за обнова на Манастирот Трескавец

Во понеделник, 22-ри април, во организација на НУ Центар за култура „Григор Прличев“ – Охрид и ансамблот за народни игри и песни на Македонија „ТАНЕЦ“, во големата сала, ќе се одржи голем хуманитарен концерт. Хуманитарниот концерт ќе започне во 20:00 часот. Собраните средства ќе бидат наменети за обнова на Манастирот Трескавец. Влезот чини 100 денари.

повеќе...