Мишев: За какво модернизирање на СЦ „Билјанини извори“ зборува Јован Стојаноски?

Во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше директорот на ЈП „Билјанини извори“, Ристе Мишев. „Во новите видео-реклами со кои СДС и нивниот кандидат Јован Стојаноски се обидуваат да го излажат народот со куп шарени лаги и лажни ветувања, се појави и ветување за модернизација на спортскиот центар „Билјанини Извори“. Дали Јован Стојаноски и СДС мислат дека е доволно да кажат една реченица дека нешто ќе модернизираат без притоа да напоменат конкретно што ќе направат таму? Црните денови кои во спортскиот центар „Билјанини Извори“ ги…

повеќе...

Стојаноски: Ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на Охрид

Нашата визија е Охрид да го направиме најважна точка на мапата на европски и светски културни центри и градови на езера. За да успееме во таа мисија, сите заедно ќе подготвиме сеопфатна стратегија за развој на градот. Оваа стратегија многу јасно ќе покажува кои се нашите цели како локална самоуправа. Ова на денешната прес-конференција го истакна кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата, Јован Стојаноски. „Работиме по план. Именуваме работни групи за секој сектор, ги анализираме моменталните состојби, ги дефинираме стратешките приоритети и цели, за на крај да ги зацртаме плановите…

повеќе...

Тилевски: Враќање на автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија

Охрид претставува лулка на културните, традиционалните, историските и религиски вредности. Македонската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура не издвојува, но и не соединува со Светот. Нејзин белег е Охрид, додека пак за Охрид, траен белег е Чаршијата, место каде што се случуваат многуте меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, спортски настани, изложби и промоции. Ова го истакна на денешната прес-конференција, кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Митко Тилевски. „Чаршијата е ризница на културата, затоа со новиот проект ќе се пристапи кон: – Изработка на…

повеќе...

Тилевски најави партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид

Кандидатот за градоначалник на Охрид, од ВМРО-ДПМНЕ, д-р Митко Тилевски денес одржа прес-конференција, на која ги најави новите проекти: Партерно уредување, изградба на пешачки и велосипедски патеки во Охрид. „Охрид заслужува да свети во полниот негов сјај. Охриѓани и туристите заслужуваат нови места за рекреација на современ и модерен начин. Уредувањето на зелените површини во корелација со подигнување на свеста за зачувување и одржување на јавните паркови и зеленила, резултираат со формирање на пријатни катчиња за одмор и релаксација на граѓаните и туристите од сите возрасни групи. Со уредување на нови…

повеќе...

Манчев: Никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики

Во просториите на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше кандидатот за советник, Димитар Манчев. „СДС демонстрира лажно душегрижништво за природните богатства, водата, квалитетот на воздухот и животната средина. Зборот бил збор!? Ние, уште еднаш укажуваме дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства на Охрид за да прикрива неодговорни политики. На прес-конференција одржана на 3 февруари 2017, актуелната пратеничка од СДС Жаклина Лазаревска, во име на партијата на новинарско прашање, што би правеле тие ако се на власт и ако нивото на езерото е на ниско ниво одговори: – Ние одма…

повеќе...

Донев: На ЈП „Нискоградба“ и следи просперитетна иднина

Директорот на ЈП „Нискоградба“ Охрид, Сашо Донев, денес во просториите на ОК на ВМРО-ДПМНЕ одржа прес-конференција, на која истакна: „Почитуван кандидат за градоначалник Јован Стојаноски, како довчерашен советник многу добро сте запознаен со незавидната состојба на јавните претпријатија кои беа доведени од власта на СДС. Во големата желба да ги затскриете злоделата од минатото, невешто демонстрирате селективна меморија потценувајќи ги граѓаните на Охрид. Вие сте кандидат на СДС, а таа партија и нејзиниот градоначалник во осум години ги урнисаа јавните претпријатија во Охрид. Ги презадолживте и доведовте до неликвидност со над…

повеќе...

Стојаноски: Предвидуваме доизградба и санација на колекторскиот систем

Статусот на град заштитен од УНЕСКО не е само привилегија. Тоа е и обврска за нас и идните поколенија максимално да се грижиме за нашето природно богатство. Прва и најважна задача е да го сочуваме Охридското Езеро од неговите најголеми загадувачи. Токму затоа предвидуваме доизградба и санација на колекторскиот систем. За таа цел добиваме и отворена и сигурна поддршка од Владата на Република Македонија која веќе засилено бара партнери кои би го реконструирале стариот колектор и истовремено би го заштитиле од загадување засега најчистиот и најживописен крајбрежен дел. Со санација…

повеќе...

Тилевски: Реконструкција на повеќе сообраќајници во Охрид и околината

Инвестирањето во патна инфаструктура значи инвестирање во безбедноста, времето, достапноста и економскиот развој на општината. Непречено комуницирање и пренос на стока само со добра и солидна инфрастуктура, истакна денеска Митко Тилевски, кандидатот на Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Охрид. Тој во изјавата за медиумите најави повеќе инфстраструктурни проекти доколку ја добие довербата на граѓаните. „Приоритетен проект во новата програма на ВМРО-ДПМНЕ е комплетна реконструкција на Булевар „Туристичка“. Овој проект опфаќа, реконструкција на коловозот, атмосферска канализација, водоводна мрежа по потреба, изградба на пешачка и велосипедска патека, хортикултурно уредување.…

повеќе...

Пецаков: Дали Константин Георгиевски и Јован Стојаноски знаат кој го уништи блатото?

Како СДС Охрид планира да ја прошири зоната на строга заштита на остатокот од Студенчишко Блато на цели 70 хектари?  Дали тоа ќе се прави со експропријација на земја и како таа земја ќе се одзема од сопствениците и најважно по која цена планираат во СДС да ја платат земјава која според најавите кои ги дадоа мора да биде одземена од сопствениците? – запраша на денешната прес-конференција носителот на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Кирил Пецаков. „ВМРО-ДПМНЕ јавно ги прашува носителот на листата на СДС Константин Георгиевски и кандидатот Јован Стојаноски…

повеќе...

Николески: Носиме живот за сите, создаваме образование за сите

Охрид е град на светоста, град на просветата, град на науката. Во тој дух, наша најзначајна мисија е да го вратиме достоинството во образованието, да создадеме услови за соодветна професионална наобразба на наставниот кадар. Посветени сме на создавање на адекватна инфраструктура, ги обновуваме училниците и тоалетите. Предвидуваме изградба на четири нови спортски сали во рамки на основните училишта „Ванчо Николески“ во Лескоец, „Кочо Рацин“, „Братство Единство“ како и средното угостителско училиште „Ванчо Питошески“. Ова денес го најави кандидатот за советник од редовите на СДСМ Охрид, Ристо Николески. „Работиме на создавање…

повеќе...