Во ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која зборуваше координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, Илија Арнаудоски. „Денешната прес конференција е по повод континуираните напади на СДСМ- Охрид во однос на капиталните проекти кои ќе ги гради Општина Охрид и ВМРО- ДПМНЕ а се во насока на подобар живот за охриѓани и поубав Охрид. СДСМ во цели осум години власт ветуваше, но не Исполнуваше. Ветуваа брда и долини , затворен пазар, дом за стари лица, нова автобуска станица а наместо тоа општинската каса ја испразнија…
повеќе...Tag: конференција
Министерот Адеми присуствуваше на конференција посветена на екстерното оценување на студентите
Министерот за образование и наука м-р Абдилаќим Адеми, денеска присуствуваше на конференцијата „Екстерното тестирање на студентите: предизвиците и можностите”, организирана од невладината организација “Европски центар – CH7“. На конференцијата се дебатираше за можните начини како да се спроведе евалуација на стекнатото знаење на студентите. Адеми истакна дека екстерното тестирање на факултетите е само идеја која допрва треба да се разработи. „Ваквите настани се она за што се залагаме – јавни дебати на кои сите засегнати страни ќе дадат предлози кои ќе помогнат да се најде најдобриот метод за спроведување на…
повеќе...Прес-конференција на секретарот Спасески како одговор на денешните обвинувања од СДСМ – Охрид
Денешната прес конференција на СДСМ предизвика експресна реакција и на Општина Охрид. Аргументите зошто Охрид ќе ги гради трите каптални зафати со продажба на земјиштето на новинарите им ги образложи секретарот на Општина Охрид Димитар Спасески. „Уште при преземањето на мандатот кај градоначалникот дојде еден наш пријател и познавач на состојбите во градов и човекот ни рече за да бидете успешни за да знаете колку Охрид оди во правилна насока, секогаш носете различни одлуки од оние што ги носеше СДСМ. Го послушавме и до денеска 18 месеци работиме по таа…
повеќе...Стартуваат училишните спортски игри во Охрид
На прес конференција денеска градоначалникот Никола Бакрачески заедно со Наум Јамандиев од Сојузот на училишен спорт и со директорот на ЈП “Билјанини извори“, Ристе Мише ги промовираше училишните спортски лиги за чие формирање и функционирање услови создаде општина Охрид. Училишните спортски лиги стартуваат со натпревари оваа сабота. Во спортската сала при ЈП „Билјанини извори“ први ќе заиграат фудбалските екипи од средните, а наредната сабота ќе играат фудбалските екипи од основните училишта. Лигата во мал фудбал ќе се реализира во два натпреварувачки дела: есенски и пролетен дел по кој ќе следи…
повеќе...Стојаноски: Неспособноста на локалната самоуправа не може да се покрива со распродажба на имотот на охриѓани и на сите граѓани
ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше координаторот на советничка група на СДСМ во Совет на Општина Охрид, Јован Стојаноски, кој истакна: „ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески бесрамно донесоа одлука за продажба на четири огромни земјишни парцели во Охрид, сопственост на Република Македонија. Одлуката за продажба на државно земјиште ја доведува во прашање изградбата на автобуската станица, домот за стари лица и катните гаражи. Витални проекти од огромно значење за охриѓани. Власта на ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески во нивната изборна програма ветија дека овие проекти ќе се финансираат со средства од општинскиот…
повеќе...Тунтев: Како на партијата ВМРО-ДПМНЕ и‘ успева да се богати и луксузира додека граѓаните едвај да врзуваат крај со крај?
ОО на СДСМ Охрид, денес одржа прес-конференција, на која зборуваше претседателот на ОО на СДСМ, Томислав Тунтев, кој се осврна на неодамна ставањето во употреба на новите партиски простории на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид. „Јавноста штуро беше информирана дека новите простории се купени со сопствени средства на партијата. Се работи за атрактивна локација во центарот на градот, со пазарна вредност од над 300 илјади евра. Народот во Македонија е се‘ посиромашен, а партијата на власт ВМРО-ДПМНЕ се‘ побогата. Според овој имотен лист, станува збор за 123 метри квадратни во комплексот…
повеќе...Јанкулоска: Криминалистичката наука е основа за напредок на полициската работа
Денес и утре во Скопје се одржува Меѓународната конференција – „Криминалистичкото образование, состојби и перпективи – 20 години по Водинелиќ“, во организација на Факултетот за безбедност, а во чест на професорот Владимир Водинелиќ основоположникот на криминалистиката на овие простори. „Криминалистичката наука, нејзиниот теоретски развој бездруго претставува фундаментот кој овозможи силен, односно динамичен напредок на криминалистичката пракса, на нејзиното континуирано надградување како во поглед на нормативните трендови, така и во поглед на стручното опeративно и организационо делување“. – истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Министерството за внатрешни работи, чија што работа –…
повеќе...Зголемени субвенциите за привлекување туристи
Како резултат на владините политики, мерки, проекти и активности, туризмот како стопанска гранка во изминатиов период има континуирани стапки на раст. Еден од најзначајните показатели за тој раст е растот на бројот на туристи, каде што имаме секоја година повисок број на туристи во однос на претходната, истакна на денешната прес-конференција портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев. „Последните податоци говорат дека во периодот јануари – август 2014 година, споредено со периодот јануари – август 2013 година имаме раст на бројот на туристи за 5,9%. Притоа, бројот на домашни…
повеќе...Стојаноски: Охрид е на врвот во економската стагнација
Градоначалникот Никола Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ го заборавија она што им го ветија на граѓаните на Охрид. Ништо не остварија, обвини помеѓу другото на денешната прес-конференција координаторот на советничката група ОО на СДСМ Охрид, Јован Стојаноски. „Бакрачески и ВМРО-ДПМНЕ ветија изградба на нова современа меѓународна автобуска станица како приоритет. Помина година и половина ама нова автобуска станица во Охрид нема. Не е релизирано ниту ветувањето за нов откупно – дистрибутивен центар за раноградинарски производи, со ладилник, во Лакочереј. Земојделците од овој крај ќе чекаат подобри времиња. Го нема ниту ветениот Дом…
повеќе...Меѓународна конференција во Охрид – „Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“
„Разменетите искуства и согледувања изнесени на оваа меѓународна конференција ќе допринесат во разбирањето на феноменот на радикализација на младите лица но и во изнаоѓање соодветни модели за негово сузбивање и превенирање“, истакна, меѓу другото министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска во денешното поздравно обраќање во рамки на дводневната меѓународна конференција на тема – “Тероризам: Превенција од радикализација на младата популација“ што се одржува во Охрид. Јанкулоска потенцираше дека станува збор за комплексна појава, каде посебно ранлива категорија се млади лица со нецелосно оформено образование, најчесто од нестабилни социјални средини,…
повеќе...