Намерата на локалната самоуправа на ДПМНЕ да ги даде паркинзите под концесија по пат на јавно приватно партнерство значи врв на хипокризијата, јасен и недвосмислен показател на безидејноста и кулминација на неискрениот, несовесниот и игнорантскиот однос кон сопствените сограѓани, обвини на денешната прес конференција портпаролот на ОО на СДСМ Охрид, Александар Кузески. „Тие што со години наназад беа најголемите, најгласните и најревносните противници на издавањето на јавните паркинг простори во градот под закуп или концесија со јавно приватно партнерство, сега тоа истото им го предлагаат на народните избраници во општинскиот…
повеќе...Tag: конференција
Учество на ФЗОМ на првата Конференција за ретки болести
Во Скопје се одржа првата ЦЕИ конференција за градење на регионална мрежа на организации за ретки болести, во организација на здружението „Живот со предизвици“ на које се потпиша Манифест со кој пациентите со ретки болести бараат поскоро усвојување на Национален план за ретки болести. Бранко Аџигогов, советник на директорката ФЗОМ, м-р Маја Парнарџиева-Змејкова, во своето обраќање на конференцијата истакна дека ФЗОМ обезбеди безглутенски препарати за неколку ретки болести, а во наредните 30 дена за заболените од Алажил синдром ќе озбезбедат специјализирано масло и брашно, додека за заболените од Хантингтон –…
повеќе...Станковски: Секој нов училишен ден претставува стрес, страв од ненајавена посета на инспекторските служби
ОК на ВМРО-НП Охрид, на денешната прес конференција се осврна на тема образование, односно состојбите со просветните работници во основното и средното образование. „Образованието претставува темел на секое општество. Но, сепак тоа за да биде така пред се не се битни само квантитавните фактори, туку битно влијание имаат човечките ресу:рси, кои како релевантни фактори, треба да бидат стимулатори на образовната фела. Имено, во последно време сведоци сме на се поголемите притисоци врз наставниот кадар од страна на државниот просветен инспекторат. Се повеќе се губи оној вистински благороден лик на наставникот. Наметнувањето…
повеќе...СДСМ: Местото до зградите во Даљан е претворено во депонија, каде што се одлага градежен шут
ОО на СДСМ Охрид денес на прес конференција излезе со обвинувања кон надлежните во локалната самоуправа. „Кон средината на месец Ноември минатата година Локалната самоуправа ги повика претставниците на урбаните и месните заедници да ги достават приоритетите, од аспект на изведување на инвестициски зафати. Како што е нормално од востановената практика со години наназад, целта на таквата соработка е да бидат земени во предвид приоритетните барања од граѓаните од сите урбани единици, при изготвувањето на годишните развојни програми и буџетот за наредната година. Во рамките на овие активности, членовите на…
повеќе...ВМРО-НП: На првиот ребаланс на буџетот ќе предложиме изградба на 5 до 7 регионални депонии во Р.Македонија
Долгогодишните најави на Владата на Република Македонија за изградба на регионални депонии беше темата на денешната прес конференција на ОК на ВМРО-НП Охрид. „Пред секои избори значи доаѓаме до вакви најави меѓутоа ВМРО-НП ќе го каже следново: После 27-ми април од новата Влада на Република Македонија на првиот ребаланс на буџетот ќе ги предложи следните мерки, односно изградба на 5 до 7 регионални депонии во Република Македонија кои што по наша проценка ќе коштаат многу помалку отколку најавата за тунелот кој што треба да се гради во Скопје кој би…
повеќе...Симоновски: Во ниту едно училиште во општина Охрид не е блокирана сметката
Вo врска со прес конференцијата на ОО на СДСМ Охрид, на која обвинија дека локалната власт манипулира со охридската јавност за образованието, реагираа директорите на основните и средните училишта во Охрид. „Како директор на најголемото основно училиште во Охрид, морам да проговорам во јавноста за некои невистини, искажани на прес-конференцијата на СДСМ Охрид. Како прво, во стварност е дека во ниту едно училиште во општина Охрид не е блокирана сметката. Вистина е дека некои училишта со примопредавањето на власт кога седнавме како директори, сметките им беа блокирани.“– истакна директорот на ОУ…
повеќе...ВМРО-ДПМНЕ: Дали милионски суми се потрошени средства за службени патувања во периодот 2005-2013 година
Граѓаните на Охрид како и пошироката јавност изминативе денови беa во исчекување на одговори од страна на СДСМ на поставените прашања за енормното трошење на средства во периодот од 2005 до 2013 година. Вака рече на денешната прес конференција, портпаролот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид, Никола Митровиќ. „Прашања за суми на средства кои беа изнесени од ВМРО ДПМНЕ пред се со цел на граѓаните на Охрид да им се прикаже начинот на работа на социјалдемократите. Во исчекување на одговор за недомаќинското работење од страна на СДСМ, обелоденуваме потрошени суми на…
повеќе...СДСМ: Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието
Локалната власт од ДПМНЕ никако да престане да манипулира со охридската јавност, кога се работи за образованието, обвини на денешната прес-конференција портпаролот на ОО на СДСМ, Александар Кузески. „Одговорните лица упорно се обидуваат да ја убедат охридската јавност дека градската власт ги одблокирала сметките на училиштата во Општина Охрид, поради наводното нестручно и недомаќинско работење на поранешните директори. Но, колку и да се повторува една невистина, тоа не значи дека некогаш ќе се претвори во вистина. А вистината е следната – да, локалната власт од ДПМНЕ ги одблокира сметките од…
повеќе...Утре во Струга завршна конференција на проектот „Млади без граници“
Утре. вторник, 18-ти март во Струга ќе се одржи завршната конференција на проектот „Млади без граници“ и потпишување на декларацијата за соработка помеѓу Македонските и Албанските младински невладинини организации. На конефернцијата ќе зборуваат Зоран Илиески, извршен менаџер на Коалиција СЕГА, Лилиана Данго менаџер на проектот, Роберт Лидел од ЕУ делегацијата во Р.Македонија и Абдула Ќазими претседател на Советот на општина Струга.
повеќе...Стратешко планирање на Сојузот на извидници на Македонија
Градот Охрид од 14 до 17 март е домаќин на конференцијата за стратешко планирање на Сојузот на извидници на Македонија за периодот 2014-2020 година. На конференцијата учествуваат повеќе од шеесетина претставници од Извидничките одреди од нашата земја,а настанот се одржува во Извидничкиот центар. „Настанот е од големо значење како за самата организација така и за претставувањето на истата во светски рамки. Стратегијата и насоките во кои што се одвива истата се во склад со останатите скаутски сојузи во Европа и Светот, каде што идните извидници, деца и младинци ќе работат со…
повеќе...