Василевски: СДСМ е класичен пример за катинар партија

Денешниот собир  на СДСМ во Охрид го оквалификуваме како враќање  на злосторниците на местото на злосторот и укажуваме дека денешниот собир на СДСМ претставува врв на лицемерието кое може да го има една политичка партија. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ5 Д-р Сашо Василевски. „Токму во градот Охрид во кој со нивно 8 годишно владеење оставија над 50 милиони евра долг, денес СДСМ преку нивниот митинг ќе даваат ветувања на стандардот за подобрување на нашето општество. Се прашуваме каде им е образот…

повеќе...

ВМРО-ДПМНЕ: Преку реализација на проекти докажуваме на дело како се сака Македонија

ОК на ВМРО-ДПМНЕ испрати реакција во врска со прес-конференцијата на ОО на СДСМ Охрид. Вo неа стои: „СДСМ очигледно се наоѓа пред мотивациски колапс и она што претставува визија за некаков си план за живот кој го имаат и се повторуваат со тематики од претходни изјави и пресови без притоа да дадат јасен концепт за спроведување на нивните нереални проекти меѓутоа и за нивните смешни и трагикомични критики. Им препорачуваме да ја прочитаат програма РЕАЛНО на ВМРО ДПМНЕ и таму ќе пронајдат вистинска визија и вистински проекти за континуиран прогрес…

повеќе...

Кузески: СДСМ нуди План за живот во Македонија

Младите во Република Македонија најсилно ги почувствуваа погубните политики на актуелната власт. Според Светска Банка, невработеноста кај младите во нашата држава изнесува повеќе од 53% што не прави неславни рекордери во регионот и во Европа. Загрижувачки е и фактот што голем процент од невработените млади луѓе во државата се невработени повеќе од една година, што дополнително ги намалува шансите за нивно вработување. Како резултат на сето ова, во изминатите неколку години преку 600.000 првенствено млади луѓе ја напуштиле Македонија, а големо мнозинство од младите се изјаснуваат дека сакаат да заминат…

повеќе...

Василевски: Охрид заслужува да добие еден од најпрестижните конференциски центри во Европа

Туризмот претставува услужна стопанска дејност која е еден од примарните иницијатори како за развиток на нашиот град Охрид така и за равиток на нашата земја. Затоа ВМРО ДПМНЕ неуморно се залага за оваа област која од година во година станува се позначаен двигател за генерирање на економски раст и пораст на животниот стандард на нашите граѓани. Во програмата РЕАЛНО предвидени се проекти за подобрување и промоција на туризмот во Охрид. Ова го истакна на денешната прес-конференција, која се одржа во Даљан, кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 Д-р…

повеќе...

Арнаудов: Изградбата на патот Охрид-Пештани е од големо значење за развојот на туризмот во охридскиот регион

ВМРО ДПМНЕ реализира огромен број капитални проекти во патната инфраструктура, а во наредниот период ќе се продолжи со уште подинамично темпо за реализиција на започнатите, но и на нови проекти. Во програмата РЕАЛНО укажуваме и многу нови проекти за инфрастуктурата, за реконструкција и изградба на локални патишта за градот Охрид кој се од големо значење за нашите граѓани. Ова денес го истакна претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ Охрид и кандидат за пратеник во ИЕ 5 Д-р Љубен Арнаудов, кој беше на средба со жителите на Пештани. „ВМРО ДПМНЕ изминативе години…

повеќе...

Наумоски: Ќе создадеме стручна и ефикасна администрација која ќе дава квалитетни услуги

Во еднодецениското владеење на ВМРО ДПМНЕ не само што целосно изчезна средната класа туку благодарение на нивните политики настана најголемата поделба помеѓу граѓаните на „наши“ и „ваши“, каде припадноста и верноста кон криминалните структури на ДПМНЕ значи бројни привилегии во институциите на системот. Ова го истакна на денешната прес-конференција Мишел Наумоски, портпарол на ОО СДСМ. „СДСМ и коалицијата по 11ти декември ќе стават крај на нееднаквоста пред законите, крај на нееднаквоста во пристапот до јавните добра и услуги каде привилегираните полесно доаѓаат до луѓе кои треба да им завршат работа…

повеќе...

Конференција за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, утре – 3 декември 2016 година, сабота, ќе се обрати на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“, што ќе се одржи во хотелот „Изгрев“ во Струга. Предвидено е на отворањето на конференцијата да се обрати и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Република Македонија, Н.Е. г. Џес Бејли. Учесници на Конференцијата за млади лидери „Предизвици и можности за младите денес“, се претставници на седумте генерации на Школата за млади лидери, што по иницијатива на претседателот Иванов, се одржува од…

повеќе...

Земон: Наша главна заедничка цел е да изградиме толерантно општество

Во просториите на ОО на СДСМ Охрид, денес се одржа прес-конференција, на која говореше д-р Рубин Земон, кандидат за пратеник на СДСМ и Коалицијата и председател на Алијансата за позитивна Македонија. Како што рече тој програмата „За живот во Македонија“ на Социјалдемократскиот Сојуз и Коалицијата се базира на пет столба: Одговорна власт и контрола на власта, Праведен даночен и социјален систем, Развој на домашните капацитети и пристојна работа, Европска иднина и квалитетен живот и Изградба на едно обединето општество. Оваа прес- конференција беше посветена на петтиот столб- Градиме едно обединето опшетство. „Познатиот…

повеќе...

Домазетоски: Ќе донесеме нов закон за Безбедност на сообраќајот на патиштата по европски терк

Во просториите на ОК на ВМРО-НП Охрид, кандидатот за пратеник во ИЕ 5 од коалицијата ВМРО за Македонија,  Рајко Домазетоски денес одржа прес-конференција. „Сакам да ја запознаам пошироката јавност за еден невиден преседан што од почетокот на месец јануари се случува во Република Македонија, со најновите измени во Законот за безбедност во патниот сообраќај нешто што засега илјадници граѓани во оваа држава ( пред се млади луѓе ), одредби од законот, кој што се противуставни, противречни и контрадикторни, нејасни и крајно неприфатливи за една голема популација на граѓани – граѓани од…

повеќе...

Василевски: Гасоводот е значаен проект за Македонија, но историски за градот Охрид

Гасоводот е значаен проект за Република Македонија, но историски за градот Охрид. Затоа една од клучните цели на ВМРО ДПМНЕ е воведување на природен гас како нов енергенс директно достапен во домаќинставата, индустријата, малите и средните претпријатија, негова употреба во комуналните дејности  образовните, социјалните дејности, здравствените установи, но и овозможување на негова достапност во секој дом во Република Македонија. Ова го истакна на денешната прес-конференција кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ во ИЕ 5 Д-р Сашо Василевски.  „За петтата изборна единица најзначајна е изградбата на магистралниот гасовод Битола-Ресен-Охрид-Струга и магистралниот…

повеќе...