Македонија поразена од Грција на стартот од Евробаскетот 2015

Македонската кошаркарска репрезентација во премиерниот натпревар на Евробаскетот во Загреб доживеа убедлив пораз од фаворитот Грција од 85-65, во првото коло од групата Ц. Црвеножолтите скоро три четвртини иако во негатива имаа активен резулат и беа рамноправен ривал на силниот тим на Грција. Разликата во квалитет сепак дојде до израз посебно во последната делница, по што на крајот заслужено Грците стигнаа до убедлив триумф. Првата четвртина по одличниот старт и водството од 7-1 ја загубивме со 16:23, во втората и третата бевме рамноправни со 15:15 односно 19:21, а нашата игра…

повеќе...

Селекторот Србиновски ги одреди репрезентативците за Евробаскетот

Селекторот на македонскта кошаркарска репрезентција Марјан Србиновски по вечерашниот тренинг ги одреди дванаесетте патници за Евробаскетот 2015, на континенталниот собир нема да настапат младиот бек Андреј Магдевски и крилниот центар Марјан Јаневски. На ЕП кое по прв пат во историјата ќе се одржи во четири држави, Хрватска, Франција, Летонија и Германија, нашата репрезентација ќе игра со следните кошаркари: Владо Илиевски, Војдан и Дамјан Стојановски, Дарко Соколов, Александар Костовски, Марко Симоновски, Владимир Брчков, Стојан Ѓуровски, Љубомир Младеновски, Предраг Самарџиски, Ричард Хендрикс и Бојан Трајковски. Црвено жолтите натпреварите на Евробаскетот ги започнуваат…

повеќе...

Македонските кошаркари поразени и од Летонија

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација го забележа и петтиот пораз во низа во подготвителниот циклус. Денеска во Рига црвено жолтите во пријателски натпревар во рамките на подготовките за Евробаскетот 2015 загубија од домшната Летонија со 85-69, претходно нашата селекција беше поразена на двапати од Шпанијаи по еднаш од репрезентациите на Турција и Литванија. На денешниот дуел во Рига , Македонија беше ослабане со неиграњето на тројца стандардни репрезентативци, поради повреди мечот го прескокнаа Бојан Трајковски, Ричард Хендрикс и Марко Симоновски. Избраниците на селекторот Србиновски денеска немаа одговор за одличните надоврешни кошаркари…

повеќе...

Кошаркарите повторно поразени од Шпанија

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација ја продолжи низата порази против Шпанија во пријателски натпревари. Вечерва во Логроњо црвената фурија ја декласираше Македонија со 88-54, (27-15, 18-10, 19-16, 24-13) и ја забележа четвртата победа во четврттата контролна средба. Македонскиот национален тим кој се подготвува за настап на Евробаскетот по одличните игри во првите пријателски средби и низата победи над Израел, Украина и Венецуала на домашен терен,сега е во серија порази на гостувањата.Пред двата порази од Шпанија , нашите најдобри кошаркари беа без победа и на турнирот во Каунас во дуелите со Литванија…

повеќе...

Заврши ЕП во кошарка за жени

Со триумф на кошаркарките од Литванија над врсничките од Белорусија синоќа на терените при СРЦ „Билјанини извори“ заврши годинешното издание на ЕП во кошарка за жени до 16 години. Во текот на неколку дневното првенство, 20 кошаркарски екипи односно 400 кошаркарки бесплатно ги користеа терените при СРЦ „Билјанини извори“ а општина Охрид на располагање ја стави преостанатата логистичка поддршка во насока на успешна реализација на овој крупен меѓународен спортски настан. Синоќа учесничките на Европското Првенство ги поздрави заменик градоначалникот на Охрид, Ангел Јанев. „Почитувани учесници на Европското првенство во кошарка…

повеќе...

Нашите кошаркари убедливо поразени од Шпанија

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува со одигрување на пријателски средби во рамките на подготовките за Евробаскетот 2015. Вечерва во Мадрид нашиот национален тим убедливо е поразен од силната и искусна Шпанија со 94-63. Во првиот од двата најсилни контролни меча на Македонија во подготвителниот циклус пред ЕП, поранешниот светски и европски шампион Шпанија докажа дека на престојното Европско првенство ќе биде еден од кандидарите за медал . Црвената фурија уште од стратот на средбата најави дека вечерва не размислува на ништо друго освен на убедлив пораз и премизбраниците на Србиновски немаа…

повеќе...

Кошаркарите поразени и од Турција на турнирот во Литванија

Нашата најдобра кошаркарска репрезентација го претрпе и вториот порaз во рамките на подготовките за Евробаскетот 2015. На турнирот во Каунас Литванија црвено жолтите загубија од Турција со убедливи 85-68 (22-20, 29-20, 19-14, 15-14). Избраниците на селекторот Марјан Србиновски денеска го одиграа најлошиот натпревар на подготовките. Нашиот национален тим во поголемиот дел од средбата имаше големи проблеми со организацијата на нападот. Само во воведните десет минути бевме рамноправен ривал на расположениот противник, во преостанатиот дел од средбата Турција одигра многу подобро и на крајот заслуженено стигна до убедлив триумф. Серијата контролни…

повеќе...

Месецот на кошарката во Охрид продолжува со ЕП за кошаркарки до 16 години

Од утре 13 до 23 август „Месецот на кошарката“ во Охрид продолжува со најголемиот спортски настан за оваа година во Охрид Европското првенство дивизија Б за кошаркарки до 16 години. На првенството ќе учествуваат 20 селекции кои ќе бидат поделени во четири групи од кои две групи А и Б ќе се играат во Спортската Арена „Билјанини Извори“ додека групите Ц и Д ќе се играат во Струга во Спортската сала „Тими“. Во првата фаза, која трае во период од 13-ти до 17-ти Август, репрезентациите ќе ја одиграат првата рунда…

повеќе...

Македонските кошаркари уште еднаш подобри од Израел

Македонската сениорска кошаркарска репрезентација ја забележа и третата победа во рамките на подготовките за настап на Евробаскетот 2015. Во Скопје во малата сала во Јане Сандански, нашиот национален тим во пријателски натпревар ја совлада селекцијата на Израел со 69-64. За само четири дена ова е втор триумф на црвено жолтите над незгодниот Израел. Силниот противник беше победен и во петокот на стартот на турнирот во Охрид. На денешниот натпревар избраниците на Марјан Србиновски со одлична игра во одбрана не дозволија изненадување во Скопје, и остварија заслужена победа. Како и на…

повеќе...

Македонија убедлива и против Украина

Уште еден убедлив триумф на македонската сениорска кошаркарска репрезентација на турнирот во Охрид. Синоќа во салата „Билјанини извори“ нашата најдобра селекција ја декласираше репрезентацијата на Украина со 81-51. Кошаркарите на Украина само на стартот на мечот беа достоен ривал на црвено жолтите. Нашиот тим доминираше на теренот во салата „Билјанини извори“ во Охрид до крајот на средбата. Избраниците на селекторот Марјан Србиновски со цврста одбрана и одличен напад од минута во минута го зголемуваа водството и на крајот ја декласираа Украина со 81-51. Сигурната победа нашиот тим ја оствари без…

повеќе...