По триумфот во првиот пријателски натпревар од 78-74, сениорската репрезентација на Македонија доживеа пораз од 72-67 во Загреб од домаќинот Хрватска на вториот пријателски тренинг-натпреварот кој беше од затворен карактер. За разлика од првата средба играна во Славонски Брод, во Загреб се играше со многу повеќе ротации во тимот, а селекторот Алеш Пипан им даде многу посериозна шанса за резервните и помладите кошаркари, особено во второто полувреме. На крајот Хрватска победи со 72-67, но Пипан потенцираше дека е задоволен од посветеноста и пристапот на неговите кошаркари и на овој натпревар,…
повеќе...Tag: кошарка
Кошаркарската репрезентација отпатува за Хрватска
Во комплетен состав, по приклучувањата на Перо Антиќ и Бо Мекејлеб, нашата сениорска машка репрезентација денеска отпатува за Хрватска, каде утре и во среда ќе одигра два пријателски натпревари со домашниот национален тим. Единствено Марко Симоновски моментално е надвор од составот на Алеш Пипан поради повреда на прстот на ногата, но и тој ќе се приклучи на подготовките во Скопје на 11 август. Нашата репрезентација минатиот викенд одигра две пријателски средби против Украина и Словенија, а во текот на седумдневните висински подготовки во Крањска Гора, тимот се комплетираше со пристигнувањето…
повеќе...Кошаркарите се комплетираат пред пријателските натпревари против Хрватска
Македонската сениорска кошаркарска репрезентација од вчера засилена со Перо Антиќ ќе ги продолжи подготовките во Крањска Гора. За недела се очекува приклучувањето и на Лестер Бо Мекејлеб, пред двата пријателски натпревари против репрезентацијата на Хрватска. По одигрувањето на натпреварите со Украина и Словенија минатиот викенд, репрезентацијата под водство на Алеш Пипан веќе неколку денови работи висински подготовки во Крањска Гора. Според планот на подготовките, во Крањска Гора ќе се работи до недела по што следува пат за Хрватска за одигрување на два нови пријателски дуели против домашната репрезентација на 6…
повеќе...Убедлив пораз на Јуниорите од Белгија
Репрезентацијата на Македонија до 18 години не успеа да стигне до пласман во А-дивизијата, откако на натпреварот за третото место против Белгија, беше поразена со убедливи 70-45. Влијанието на тесниот пораз од Црна Гора во исцрпувачкото полуфинале, како и одличната игра на Белгијанците, особено во второто полувреме, беа клучни за конечниот исход. Добро го почнаа натпреварот избраниците на Мирза Куртовиќ и иако рано во првата четвртина Љубомир Младеновски се соочи со два прекршоци, добрата реализација на бековите не одржуваше во благо водство. Сепак, во последните две минути од четвртината набрзина…
повеќе...Несреќен пораз на јуниорите, Македонија 60-62 Црна Гора
Кошаркарската репрезентација на Македонија до 18 години, пред полните трибини во салата „Парк“ во Струмица, загуби во полуфиналето од Црна Гора со 62-60 и шансата за пласман во А-дивизијата ќе ја бара против Белгија во мечот за третото место. Избраниците на Мирза Куртовиќ одиграа нов одличен натпревар, но прецизниот шут од далечина на Црногорците беше решавачки во завршницата. Исклучително квалитетен, тврд и постојано изедначен натпревар одиграа Македонија и Црна Гора пред преполните трибини во салата „Парк“ во Струмица, сепак избраниците на Мирза Куртовиќ не успеаја да го осигураат своето место…
повеќе...Перо Антиќ – првиот македонски кошаркар во НБА лигата
Од синоќа и официјално, Македонија го доби првиот играч кој ќе настапува во најсилната кошаркарска лига во светот – НБА лигата. Капитенот на нашата сениорска репрезентација, Перо Антиќ, кој во минатите две сезони со Олимпијакос ја освојуваше Евролигата, потпиша две-годишен договор со Атланта Хоукс. „Перо е сестран висок играч кој ќе ни даде дополнителен квалитет во рекетот. Тој се вклопува одлично во она што ние како организација сакаме да го изградиме тука и возбудени сме што тој е наш нов играч“, изјави Дени Фери, генералниот менаџер на Хоукс по официјализирањето…
повеќе...Македонија со победа против Холандија се пласираше во полуфиналето
Нова брилијантна игра со контрола врз случувањата на теренот и резултатот во сите 40 минути прикажаа избраниците на Мирза Куртовиќ, за заслужена победа над Холандија од 69-55 и пласман во полуфиналето на ЕП во Струмица. Доминираа под кошевите и на овој натпревар нашите репрезентативци, предводени од одличниот Љубомир Младеновски кој го заврши натпреварот со 13 поени и 9 скокови. Кристијан Николов и Андреј Магдевски повторно беа носители на играта однадвор, која функционираше според планот, а двајцата наши бекови искомбинираа 39 поени, 9 скокови, 7 асистенции и 5 украдени топки. Како…
повеќе...Победа над Естонија, денес против Холандија за полуфинале
Избраниците на Мирза Куртовиќ водеа во текот на целиот натпревар против Естонија и заслужено славеа со 63-49, приближувајќи се на само еден триумф до пласман во полуфиналето. Одличната тимска игра и доминацијата во скокот беа клучни за конечниот исход. Импресивно беше изданието на нашите јуниори на средбата против Естонците, која ја доминираа и контролираа во текот на сите 40 минути. Пред крајот на првата четвртина, тројката на Дарио Митров почна серија од 7-0, па резултатот на крајот на периодот беше 18-12 за Македонија. Уште на почетокот на втората четвртина, со…
повеќе...Победа над Финска, Македонија се пласираше во четвртфинале на Јуниорското ЕП
Во нов тврд, тесен и постојано неизвесен натпревар, нашата репрезентација ја совлада Финска со 68-62 во одлучувачкиот дуел за пласман во четвртфиналето на Европското првенство чиј домаќин е Струмица. Поддржани од бројните навивачи во салата „Никола Карев“, избраниците на Мирза Куртовиќ одиграа одлична завршница и заслужен пласман меѓу осумте најдобри на Првенството. Одлично почнаа нашите репрезентативци и по само две минути игра веќе водеа со 10-0, со реализациите на Андреј Магдевски и Даниел Нацевски. Продолживме да играме цврста одбрана, но затаи нападот до крајот на четвртината, па Финска успеа резултатски…
повеќе...Тесен натпревар со Полска, пораз на Македонија од 66-59
Репрезентацијата на Македонија до 18 години одигра тврд натпревар против фаворитот во групата Полска, но и покрај шансите кои ги имаше, не успеа да дојде до триумф кој ќе ги ставеше кошаркарите на Мирза Куртовиќ во добра позиција за прогрес од групата. Победа утре против Финска од 13 разлика, но и посакувана разврска на другите средби од групата, ги носи нашите јуниори на посакуваното второ место на табелата. Играта во одбрана беше доминантна на двете страни во текот на целата средба, па иако нашата репрезентација добро почна и одржуваше благо…
повеќе...