Исклучително слабиот шут, како од поле, така и од линијата за слободни фрлања, беше главна причина за поразот на нашата репрезентација од Данска, иако влезе како голем фаворит во денешната средба. И покрај обидите за враќање во завршницата, Данска славеше во салата „Парк“ во Струмица со 58-56. Македонија не поведе во ниту еден момент од натпреварот, а уште во првата четвртина се почуствуваа проблемите со реализацијата. Данска со две тројки во низа поведе со 6-2, а Македонија веќе губеше со двоцифрена негатива на крајот на првата четвртина, во која постигна…
повеќе...Tag: кошарка
Одличен старт на Јуниорите, Македонија заслужено победи против Унгарија
Со водство во текот на целиот натпревар и постојана контрола врз случувањата и резултатот, јуниорската репрезентација на Македонија заслужено ја совлада Унгарија со 76-64 остварувајќи посакуван старт на Првенството во Струмица. Со малку поени и цврсто во одбрана се играше на почетокот на средбата, но петте поени во низа на Кристијан Николов донесоа прво поопипливо водство за Македонија. Андреј Магдевски играше одличeн натпревар, а со неговата тројка пред крајот на првата четвртина, нашата репрезентација за прв пат поведе со двоцифрени 20-10. Тешко успеваше Унгарија да најде одговор за квалитетната одбрана…
повеќе...Охрид има потенцијал да прерасне во врвен спортско-туристички центар
На иницијатива на раководството на СРЦ „Билјанини Извори“ и на Локалната самоуправа на Охрид, денес беше одржана работна средба со претставниците на спортските федерации на Македонија и со Агенцијата за млади и спорт. Целта на оваа работна средба беше омасовување на спортот во Охрид и развој на спортските клубови и спортските друштва во Охрид и со една координирана акција како со Агенцијата за млади и спорт, така и со спортските федерации на Република Македонија. „Она што е наша цел како Локална самоуправа и цел на СРЦ „Билјанини Извори“ е да ја…
повеќе...(ЕП У20 жени) Пораз од Белгија за крај на првенството
И покрај тоа што избраничките на Александар Домлевски одиграа одличен почеток на Првенството кој ги стави и во позиција да се борат за пласман во А-дивизијата, трите порази во последните три средби го завршија настапот на Македонија на седмата позиција на табелата. Во последниот меч, единствената непоразена селекција, Белгија, славеше против нашите младинки со 79-52. Немаше посебно резултатско значење натпреварот кој го означи крајот на Европското првенство во Албена, сепак и двете екипи одиграа брз и атрактивен натпревар, на кој Белгија водеше во целиот тек и заслужено победи на крајот.…
повеќе...(ЕП У20 жени) Висок пораз на Македонија од Летонија
Женската репрезентација на Македонија до 20 години денеска го одигра претпоследниот натпревар на Европското првенство во Бугарија, а по поразот од Летонија од 71-48 и теоретски ги загуби шансите за пласман на некое од првите три места кои водат во А-дивизијата. Уште од самиот почеток Летонија ги контролираше случувањата на теренот и резултатот, со што по само шест минути игра веќе водеше со 17-4. Тешко се снаоѓаа во напад избраничките на Александар Домлевски, а Летонија знаеше како да го искористи тоа што нашите кошаркарки го играа веројатно и најслабиот натпревар…
повеќе...(ЕП У20 жени) Македонија поразена 49-65 од силната Чешка
Иако добро го почнаа натпреварот, избраничките на Александар Домлевски тешко успеваа да се справат со силниот противник под кошевите и се успеаја да стигнат до четврта победа на Првенството. Добивајќи ја третата четвртина со 22-7, Чешка победи со 65-49. Предводена од Митрашиновиќ која асистираше и Трајчевска која реализираше, Македонија играше одличен напад на почетокот од натпреварот, но и покрај тој добар старт, Чешка со двете тројки на Мирцова и Виоралова не дозволи резултатско одлепување. До крајот на четвртината Чешка успеа и да победе со 17-10, сепак неколку поени во серија…
повеќе...(ЕП У20 жени) Македонија подобра од домаќинот Бугарија со 64-60
Со извонредна игра во завршницата и со пресврт во последната четвртина, Женската репрезентација на Македонија до 20 години го совлада домаќинот Бугарија со што го оствари третиот триумф во својот петти натпревар, за враќање во горниот дел од табелата. Добро го почнаа натпреварот избраничките на Александар Домлевски против познатиот противник и предводени од Нена Трајчевска и Александра Стојановска, одржуваа водство во првата четвртина. Сепак, последните три минути од четвртината Бугарија погоди неколку шутеви од далечина и со серија од 9-0 го заврши периодот со предност од 18-13. Водството на Бугарките…
повеќе...Јуниорите продолжуваат со тренинзи во Скопје во пресрет на ЕП во Струмица
Репрезентацијата на Македонија до 18 години во текот на целата мината седмица беше во Словенија, а во текот на викендот одигра и две пријателски средби со домашната репрезентација, во склоп на подготовките за настап на ЕП. Селекторот Мирза Куртовиќ потенцираше дека е задоволен од одработеното. Редовни тренинзи, по два дневно, оваа седмица се одржуваат во салата „Градски Парк“ во Скопје, како последна фаза од подготовките пред заминувањето за Струмица во понеделник. Пријателските натпревари кои тимот на Мирза Куртовиќ ги одигра против Словенија минатиот викенд беа последни подготвителни, па иако нашата…
повеќе...(ЕП У20 жени) Тесен пораз од Португалија
И покрај тоа што беа подобри во речиси целиот тек на мечот, избраничките на Александар Домлевски на крајот загубија од Португалија со 55-53 во тесната завршница на ЕП во Албена. Серијата од 13-0 на Португалките на почетокот на четвртата четвртина беше кучна за конечниот исход. Одлично играше во одбрана репрезентацијата на Македонија во целиот тек од првото полувреме, па и покрај тоа што нападот не одеше според очекувањата против најголемиот фаворит на Првенството, нашите девојки ја завршија првата четвртина со водство од 7-6. Португалија го превзема водството во вториот период…
повеќе...(ЕП У20 жени) Македонија убедлива против Романија
Нашите репрезентативки брзо се опоравија по вчерашниот пораз од Израел и со убедлив настап против репрезентацијата на Романија, ја забележаа втората победа во третиот натпревар на континенталниот собир. Со високата победа од 72-54, Македонија се враќа при врвот на табелата. Се играше брза кошарка со многу поени во Албена, а избраничките на Александар Домлевски, со одлична тимска игра, уште од самиот почеток на натпреварот покажаа дека заборавиле на поразот од Израел и дека се подготвени веднаш да го поправат впечатокот. Драгана Јоловиќ и Анџелика Митрашиновиќ беа највпечатливи на почетокот додека…
повеќе...