Велгоштанец со остар предмет повредил лице од Охрид

На 06.05.2013 година, околу 03:00 часот, во Охрид на плажата „Кадмо“, Н.Б. (23) од с.Велгошти  со употреба на остар премет му нанел повреда во пределот на стомакот на М.Р. (18) од Охрид. Истиот заради укажување на лекарска помош е пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а Н.Б. е приведен во ПС Охрид и во тек се мерки за целосно расчистување на случајот.

повеќе...

Кривична пријава против едно лице за нанесување на повреди со тврд метален предмет

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ секторот за внатрешни работи Охрид, против А.И.(37) од Охрид поднесе кривична пријава. На втори Мај оваа година, околу 01 часот и 30 минути, пријавениот со тврд метален предмет му нанел повеќе удари по главата на Д.Ј.(25) од охридското село Лешани. Настанот се случил при нивна случајна средба на паркинг простор во близина на ноќниот клуб „Хавана“ при што настанала вербална расправија. Во еден момент настанало меѓусебно туркање во кое двајцата си размениле повеќе…

повеќе...

Кривична пријава против тројца охриѓани за насилство и против двајца кои им помагале

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Насилство“ секторот за внатрешни работи Охрид, против А.Р.(29), Љ.Б.(24) и Н.Л.(21) од Охрид поднесе кривична пријава. На тројцата пријавени, истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена. Со поднесената кривична пријава, опфатени се и А.К.(23) и Т.Б.(23) од Охрид, а во врска со казненото дело „Помагање сторител во извршено кривично дело“. На први Мај оваа година, околу 17 часот и 30 минути во ресторантскиот дел од туристичкиот комплекс „Св.Наум“ сега притворениот А.Р.  најнапред вербално, а потоа и физички…

повеќе...

Спречен обид за нелегално внесување на 30 илјади швајцарски франци

Царинските службеници на Аеродромот Александар Велики спречија обид за нелегално внесување на 30 илјади швајцарски франци. Вчера (02.05.02013 година) околу 20.00 часот, со лет од Mulhouse пристигнал македоснки државјанин од с.Бојане – Скопје Сарај кој се определил за зелениот канал каде поминуваат патници кои немаат ништо за пријавување за царинска контрола. Лицето е селектирано за царинска контрола, при што во внатрешниот џеб од сакото, царинските службенци пронајдоа вкупно 42 илјади швајцарски франци. Согласно законот за девизно работење, резиденти можат слободно да внесат девизни средства во противвредност од 10 илјади евра,…

повеќе...

Запленет риболовен алат, мрежи и риби на Дебарско Езеро

Државниот инспекторат за земјоделство од областа на рибарството и аквакултурата известува дека на ден 29.04.2013 год во периодот околу 22 часот во заедничка контрола извршена од страна на овластени претставници на концесионерот на рибниот фонд на Дебарско Езеро – З.З Охридска Риба од Струга и претставници на Државниот инспекторат за земјоделство (одделение за инспекциски надзор од областа на рибарството со аквакултурата) со седиште во Охрид во водите на Дебарско Езеро на реонот помеѓу с.Џепиште и с.Отишани,  затекнати се 23 рибарски мрежи со различна должина по мрежа, кои мрежи служат за лов…

повеќе...

Откриени 59 лица од Албанија со непријавен престој кои работеле на црно

На подрачјето на СВР Тетово, денес предпладне беа реализирани повеќе координирани активности за откривање и приведување на странски државјани, кои непријавено престојуваат и работат во регионот. Во овие активности вкупно откриени се 59 лица од Република Албанија, од кои 17 во тетовско и 42 во гостиварскиот регион. Најголемиот број од приведените, на возраст од 20 до 45 години, непријавено престојувале на подрачјето и извршувале најразлични градежни, полски и други работи, а 8 од нив не поседувале никакви документи и најверојатно илегално влегле во нашата земја. Приведените албански државјани задржани се…

повеќе...

Во „Фаланга 2“ разбиена криминална група трговци со предмети со културна и археолошка вредност

Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во текот на изминатите шест месеци, во рамки на Оперативната обработка „Фаланга 2“, превзеде континуирани мерки и активности со цел откривање и сузбивање на 19-члена криминална група која од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје вршела илегални ископувања на предмети со културна и археолошка вредност, продавање на истите во Р.Македонија и странство како и продажба на икони за кои постојат сомненија дека потекнуваат од црковни објекти, а се со непроценлива вредност за културното наследство на Р.Македонија.…

повеќе...

Одземени артефакти и кривична пријава за двајца охриѓани

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Присвојување на добра под привремена заштита или културно наследство и природни реткости“ секторот за внатрешни работи Охрид против И.Б.(36) и А.Т.(20) двајцата од Охрид поднесе кривична пријава.  На 13-ти минатиот месец, полициските службеници кај А.Т. пронајдоа вкупно дваесет и две најлонски паковања со различни археолошки предмети. Тие се пронајдени при акција на полициските службеници и извршен преглед  врз А.Т. кој се наоѓал во близина на паркинг простор во централното градско подрачје. Притоа, во торбицата што тој ја носел забележани се археолошките…

повеќе...

Притворен охриѓанец за оштетување на јавни инсталации

Поради постоење основи на сомнение дека сторил шест кривични дела кражба и тешка кражба и едно кривично дело уништување или оштетување јавни инсталации, секторот за внатрешни работи Охрид, против лицето А.Т.(24) Охрид поднесе кривична пријава. Истражен судија му одреди мерка притвор во траење од 30 дена. На 22-ри овој месец, пријавениот со други две засега непознати лица, од трафостаницата на ЕВН лоцирана во населбата „Св.Стефан“ одзеле бакарен енергетски кабел и девет главни бакарни шини со должина од 1,5 и 2 метри. Тоа го направиле откако со копач ја отвориле металната…

повеќе...

Облепен со мобилен, мини камера и слушалки сакал да положи теоретски возачки испит за надомест од 500 евра

Денеска (23.04.2013) од страна на Комисија за полагање на возачки испит од Сообраќајниот испитен центар „Топ Драјвер“ во Куманово е пријавено злоупотреба при полагање на возачки испит, односно дека за време на полагањето на возачкиот испит е фатено лице кое што на себе имало инсталирана опрема за пренос на слика и тон. Од страна на полициските службеници на СВР Куманово веднаш е излезено на лице место, каде што е затекнато и приведено лицето Д.М.(53) од Куманово, кој што на кошулата на градите имал инсталирано камера поврзана со предавател, слушалки и…

повеќе...