Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ полициската станица од Кичево поднесе пријава против С.А.(22) од Кичево. Него одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена по што е испратен во казнено-поправната установа во Тетово. Кривичното дело е извршено на 18-ти овој месец околу 17 часот на улицата „Маршал Тито“ во Кичево. Тука, во близина на џамијата во кичевската населба „Бела кула“ пријавениот се обидел од живот да го лиши СФ. (19) нанесувајќи му со остар предмет две убодни рани во пределот на…
повеќе...Tag: криминал
СВР Охрид бележи намалување на вкупната стапка на криминалитет
Во првите девет месеци од годинава, Секторот за внатрешни работи во Охрид бележи намалување на вкупната стапка на криминалитет. Во овој период, во полициската станица регистрирани се вкупно 698 кривични дела што претставува намалување во однос на истиот период минатата година кога беа евидентирани 704 кривични дела. Намален е бројот и на регистрираните сторители на кривични дела. Во деветте месеци од оваа година регистрирани се 314 а во истиот период лани вкупно 376 сторители на разни кривични дела. СВР Охрид, анализирајќи го криминалитетот по видови, бележи пад на бројката на…
повеќе...Спречен нелегален транспорт на огревно дрво сокриено под сено
Околу два метри просторни буково дрво пронајдоа полициските службеници сокриени под бали сено во товарно моторно возило марка „Застава“ со охридски регистарски таблици. Б.Г. (53) од Охрид кој го управувал товарното возилото вршел нелегален транспорт на огревното дрво односно за истото не поседувал соодветна документација. Тој над буковото дрво кое го натоварил во возилото, ставил повеќе бали сено и се обидел така сокриено и без документи нелегално да го транспортира. Дрвата и товарното возило се одземени и со записник предадени на шумската полиција. Сообраќајната полиција го сопре товарното возило вчера…
повеќе...При контрола одземени 13 парчиња риба белвица
Две рибарски мрежи во должина од по 50 метри со улов од 13 парчиња риба белвица одзеде викендов езерската патрола на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Мрежите се забележани на околу 50 метри од езерскиот брег во близина на „Парк“ по што поради немање жиг од државниот инспекторат за земјоделие а по консултација со јавниот обвинител, истите се одземени. Минатиот месец еден албански државјанин е затекнат во незаконит риболов во водите на Охридското езеро наспроти населбата Трпејца со 4 парчиња риба охридска пастрмка со тежина од 2,5 килограми,…
повеќе...Јанкулоска: Криминалистичката наука е основа за напредок на полициската работа
Денес и утре во Скопје се одржува Меѓународната конференција – „Криминалистичкото образование, состојби и перпективи – 20 години по Водинелиќ“, во организација на Факултетот за безбедност, а во чест на професорот Владимир Водинелиќ основоположникот на криминалистиката на овие простори. „Криминалистичката наука, нејзиниот теоретски развој бездруго претставува фундаментот кој овозможи силен, односно динамичен напредок на криминалистичката пракса, на нејзиното континуирано надградување како во поглед на нормативните трендови, така и во поглед на стручното опeративно и организационо делување“. – истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Министерството за внатрешни работи, чија што работа –…
повеќе...Кривична пријава за девет лица – го оштетиле буџетот на РМ за 2.768.000 американски долари
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција, поднесе кривична пријава против Б.Б.(1960) од Скопје, овластен потписник на нерезидентната сметка во „Комерцијална банка“ АД Скопје на „Дрвомак“ од Благоевград, Бугарија, стручен соработник и овластен потписник на нерезидентната сметка во „Комерцијална банка“ АД Скопје на „KL TECNOSERVICES“ LTD од Ливерпул, Велика Британија, сопственик и овластен потписник на „PTP DELIKATES (CYPRUS) TRADING LTD“ од Кипар, како и против В.Ѓ.(1961) од Кочани сопственик на „Студио Д“ ДОО Кочани, сопственик на „Делта Текс Ко“ ДОО Кочани,…
повеќе...Кривична пријава против две лица од Велгошти поради нелегална сеча
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Кражба“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Б. (48) и М.Б.( 20) двајцата од охридското село Велгошти. На 14-ти овој месец околу 17 часот и 30 минути, во атарот на селото Велгошти, пријавените се затекнати во нелегален транспорт на 1,2 метри просторни буково огревно дрво во сурова-свежа состојба. Транспортот го вршеле на локалниот пат со патничко возило-џип марка Нисан Патрол црна боја без регистарски ознаки, а управувано од Д.Б. без претходно да обезбедат одобрение за сеча и транспорт. Пријавените претходно извршиле…
повеќе...Малолетник затекнат во незаконит риболов со подводна пушка
Едно малолетник од Охрид е затекнат во незаконит риболов вчера во 18 часот и 35 минути од страна на патролата на полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“. Малолетникот роден 1999 година е забележан на околу 20 метра од брегот наспроти угостителски објект на кеј „Македонија“ во момент кога со недозволено средство за подводен риболов-подводна пушка врши незаконит риболов. По консултација со јавен обвинител, малолетникот е повикан во полициска станица каде во присуство на адвокат за малолетници извршен е разговор. На малолетникот одземена му е подводната пушка марка Ccessi-club, горен…
повеќе...Кривична пријава за охриѓанец поради обид за убиство
Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Убиство во обид“ СВР Охрид против Ј.Н. (29) од Охрид поднесе кривична пријава. Пријавениот, на четиринаесетти овој месец, без никаков повод и причина физички го нападнал З.П. вработен како чувар во јавното претпријатие „Проаква“ удирајќи го со камен во пределот на главата и лицето. Откако З.П. паднал на земја, пријавениот Ј.Н. извадил нож и му нанел убодна рана на лицето по што избегал оставајќи го тешко повредениот немоќно да лежи на земја. Настанот се случил околу 12 часот и 15 минути…
повеќе...Кривична пријава за лица од Скопје поради извршени кражби во Охрид
Секторот за внатрешни работи Охрид, против М.М (22), Т.Е.(22) и М.М.(21) сите од Скопје поднесе кривична пријава. Пријавата се однесува на постоење основи на сомнение дека првопријавениот М.М. сторил 12 казнени дела од кои една разбојничка кражба, десет тешки кражби и една кражба додека пријавените Т.Е. и М.М. сториле 12 казнени дела „Помагање“. Првопријавениот М.М. иако имал определена мерка „куќен притвор“, го напуштил својот дом во Скопје и во текот на минатиот месец, во Охрид и околните населени места, заедно со другите двајца ги извршиле казнените дела. Тој, со употреба…
повеќе...