Светскиот ден за борба против СИДА и Неделата на борба против СИДА (1-7.12.2014), под мотото „ДА ЈА ПОПОЛНЕМЕ ПРАЗНИНАТА ВО ЗНАЕЊЕ, ПРЕВЕНЦИЈА И ПОДДРШКА НА ЛИЦАТА СО ХИВ“ со низа активности заедно ќе го одбележат Црвен крст Охрид, Опција Охрид и Центар за јавно здравје Охрид. Предвидено е да се реализираат следните активности: – 01.12.2014 г. (12:00 ч.) – Доверливо советување и тестирање (ДСТ) на Градскиот плоштад (плато Летница) – можност секој заинтересиран да го дознае својот ХИВ статус преку тестирање за вирусот на ХИВ со брзи-рапид тестови, како и добивање…
повеќе...Tag: крст
Продолжуваат бесплатните курсеви и практичната настава за идните мајки во Црвениот крст
Поради пројавената заинтересираност за Проектот МАЈКИ, Црвен крст Охрид ги информира идните мајки од Охрид дека бесплатните курсеви и практичната настава водена од врвни специјалисти од повеќе области, продолжуваат и во наредниот период. Курсевите се одвиваат во просториите на Црвен крст Охрид, траат пет дена по три часа, а опфаќаат едукација на идните мајки во однос на бременоста, правилното доење, исхрана и повивање, вакцинација и давање прва помош. Сите кои го посетуваат курсот бесплатно добиваат и прирачници за правилно и успешно доење и навремена и дополнителна исхрана кај доенчињата. Заинтересираните…
повеќе...Црвен крст организира едукативна презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот
Во рамки на своите активности во делот на здравствено-превентивната дејност, а како резултат на соработката со организацијата The Art of living (Уметност на живеењето), Црвен крст Охрид организира едукативна промоција и презентација на знаења, вештини и техники насочени кон ослободување од стресот и активирање на вистинските потенцијали за работа кај секоја личност. „Ги покануваме нашите сограѓани, без оглед на возраста, да ја искористат оваа единствена можност, од искусниот, лиценциран Art of living учител Теодора Костовска, на многу интересен и несекојдневен начин да ја осознаат моќта на правилното дишење како клуч…
повеќе...Доделени социјални пакети
Во рамки на „Неделата на борба против гладта“, денес, општина Охрид во соработка со Црвен крст од Охрид, додели 50 пакети со прехрамбени продукти на семејства од социјално ранливите категории. Пакетите ги доделија претседателката на Советот на општина Охрид, Гордана Коњаноска и претседателот на општинскиот Црвен Крст, Сашо Точков.
повеќе...Финализираат активностите од одбележувањето на Неделата на борба против гладта
Активностите во рамките на кампањата за Денот и Неделата на борба против гладта кои во организација на Црвен крст Охрид се одвиваа од 16-22 Октомври, финализираат деновиве со распределба на хуманитарните пакети со прехрамбени производи и средства за хигиена, на ранливата категорија на граѓани со низок социјално-економски статус. „Кампањата ја оценуваме како успешна и им се заблагодаруваме на сите поединци, компании, здруженија, фирми и институции кои со својот допринос во оваа хуманитарна акција, помогнаа на преку 200 социјално најзагрозени семејства од Охрид и Дебарца. Наш партнер и подржувач на кампањата…
повеќе...Во недела на градскиот плоштад – Отворен ден за сите прашања поврзани со мозочниот удар
Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентвната област, а како поддршка на активностите на Здружението за борба против мозочен удар „Мозочен удар“, насочени кон советување за третманот и рехабилитација на лица кои доживеале мозочен удар, како и презентирање на ризик фактори и мерки за превенција и заштита од мозочен удар за широката популација, Црвен крст Охрид и Здружението „Мозочен удар“ организираат Отворен ден за сите прашања, поврзани со мозочниот удар. Настанот ќе се реализира на Градскиот плоштад Климент Охридски, на 26.10.2014 (недела) од 11-14 ч., каде сите заинтересирани…
повеќе...Црвен крст Охрид организира предавање на тема „Отсеопорозата – Значаен проблем во стоматологијата“
Во рамки на своите активности од здравствено-=ревентивна дејност, а по повод Светскиот ден на борба против остеопорозата, 20 Октомври, Црвен крст Охрид организира предавање на тема ОСТЕОПОРОЗАТА – ЗНАЧАЕН ПРОБЛЕМ ВО СТОМАТОЛОГИЈАТА. Според дефиницијата на Светската здравствена организација, остеопорозата е системско метаболно, ендокринолошко заболување кое се карактеризира со ниска коскена маса и подложност на скршеници кои носат несогледливи последици за здравјето и висок морталитет. Главната причина за појава на оваа болест е намалувањето на нивото на естрогените хормони, кај жените, односно тестостеронот кај мажите. Според статистиката во Македонија, секоја трета…
повеќе...Градоначалникот Бакрачески прв донираше во рамки на акцијата за борба против гладта
По повод 16-ти октомври светскиот ден за борба против гладта и по повод одбележувањето на „Неделата за борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Општината и Советот со купување прехранбени производи се вклучија во акцијата “Донирај “ што Локалната по втор пат ја реализира заедно со Црвен – Крст Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства од градов. „Со денешното купување производи кои се наменети за помош на социјално најзагрозените семејства, на симболичен начин ги повикувам граѓаните да се вклучат во големата хуманитарна…
повеќе...Со бројни активности ќе се одбележи Светскиот ден и Неделата за борба против гладта
Кампањата за одбележување на 16 октомври, Светскиот ден за борба против гладта и Неделата за борба против гладта од 16-22 Октомври, под мотото ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС Црвен крст Охрид ја започнува со активности насочени кон собирање на прехрамбени производи на пунктови поставени во поголемите маркети во градот., на кои нашите сограѓани можат да донираат прехрамбени производи според своите можности и избор, наменети за социјално најзагрозените семејства во Охрид. Акцијата официјално ќе започне на 16.10.2014 (четврток) во 12 ч. во маркет Супер Тинекс (спроти фабриката Лихнида) каде Градоначалникот на Охрид…
повеќе...Реализирана хуманитарната акција „ За посреќно детство“
Пред платото на Центарот за култура „Григор Прличев“ и на поширокото централно градско подрачје, Црвен крст Охрид и Општина Охрид денес заеднички реализираа низа активности со хуманитарен предзнак и широко општествено значење. Традиционален партнер на акцијата „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“ е комплексот Св.Ѓорѓија-Стоматолошки Центар Д-р Баткоски, кој и оваа година изврши бесплатни стоматолошки прегледи за посетителите и учесниците во оваа акција. „Ова ни е трета година како успешно го реализираме овој проект заедно со Црвениот крст. Од година во година, се повеќе сме организирани, а интересот е се поголем. Ако минатата година…
повеќе...