Црвен крст Охрид изразува голема благодарност до сите хумани луѓе кои учествуваа во хуманитарната акција за помош на населението во Србија и Босна и Херцеговина погодено од поплавите и АПЕЛИРА во натамошниот тек од акцијата, на собирните пунктови на Црвен крст Охрид, ДА НЕ СЕ ДОСТАВУВА ОБЛЕКА (ниту нова, ниту користена), бидејќи истата не се прима во собирните центри во Србија и БиХ, од причини што ја има во доволни количини. Од Црвениот крст Охрид, уште еднаш потсетуваат за производите кои во овој момент се најнеопходни за населението погодено од…
повеќе...Tag: крст
Точков: Покажавме дека сме хумани, солидарни, дека сочувствуваме со несреќата што ги погоди Србија и БиХ
Екипи на охридскиот Црвениот крст, вработени и волонтери неколку дена се мобилизирани и интензивно работат на собирање на соодветна помош за населението во Србија и Босна и Херцеговина, погодено со поплавите. За текот на хуманитарната собирна акција, која е со помош и поддршка на Општина Охрид и Здружението на Срби во Македонија „ Коштана, денес информираше претседателот на Црвен крст Охрид, Сашо Точков. „На неколку пунктови во градот нашите волонтери прибираат помош од хуманите граѓани и солидарни охриѓани што навистина можам да кажам со гордост дека навистина покажавме дека сме…
повеќе...Охридскиот Црвен крст организира акција „Охрид, од срце, за Србија и Босна!“
Црвениот крст на Р.Македонија, Црвен крст Охрид веднаш по појавата на природната катастрофа-поплава која ги зафати подрачјата на Србија и Босна, направи контакт со двете Национални друштва на Црвениот крст, односно со соодветните општински организации на Црвен крст во Србија и Босна и согласно материјално-техничките и човечки ресурси, понуди помош во екипи и опрема за спасување (спасителни чамци, тимови на спасители, тим за проценка на хуманитарните потреби на населението и станица за прочистување на вода). Согласно нивните проценки, во овој момент потребна е следната помош: – прехрамбени производи (конзервирани, трајни)…
повеќе...Средното медицинско училиште и ОУ„Братство“ најуспешни на општинскиот натпревар по прва медицинска помош
На денеска одржаниот, 43-ти по ред општински натпревар по прва медицинска помош, во организација на Црвен крст Охрид на кој стекнатите знаења, вештини и техники за укажување прва помош ги покажаа преку триста ученици од сите основни и средни училишта од Охрид и Дебарца, организирани во екипи младина (средни училишта) и подмладок (основни училишта), најуспешна беше екипата од Средното медицинско училиште во категорија младина која ќе учествува на Државниот натпревар по прва помош во септември 2014, а во категоријата подмладок, најуспешна беше екипата на основното училиште Братство. Единствен е впечатокот…
повеќе...Под мотото „Знам да спасам живот“ утре ќе се одржи општинскиот натпревар по прва помош
Несреќите се случуваат секојдневно и насекаде: во домот, на улица, на училиште, на работно место, на игралиште, во природа и каде ли уште не. Во таквите ситуации правилното укажување прва помош значи спасување човечки живот. Во рамките на своите активности во делот на првата помош Црвен крст Охрид утре,11 мај (недела) со почеток во 9:15 ч.-квалификации и 12:30 ч.-финале, под мотото „ЗНАМ ДА СПАСАМ ЖИВОТ”, ќе го организира традиционалниот, 43-ти по ред, Општински натпревар по прва помош. На натпреварот, стекнатите знаења и техники за укажување на прва медицинска помош ќе…
повеќе...Претставници од Советот на Општина Охрид положија цвеќе пред бистата на големиот хуманист – Анри Динан
На 8ми Мај 1828 година, роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест 8ми Мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 Мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Денес претставници од Советот на Општина Охрид, Црвен крст – Охрид и Здружението „Анри Динан“ од Струга положија свежо цвеќе на бистата на Анри Динан. Веднаш потоа во Центарот за култура „Григор Прличев“ – Охрид беше отворена втората изложба на Арс Вивенди…
повеќе...Со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден и Неделата на Црвениот крст и Црвената полумесечина
На 8 мај 1828 година роден е големиот хуманист Анри Динан, основоположник на идејата за движењето на Црвениот крст. Во негова чест мај се одбележува како Светски ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а неделата од 8-15 мај, како Недела на Црвениот крст и Црвената полумесечина. По тој повод и под мотото „Мојата приказна во Црвениот крст“ Црвен крст Охрид организира повеќе активности: – утре,8 мај (четврток) Отворен ИНФО ДЕН – прием во седиштето на Црвен крст Охрид за децата од предшколските установи во Охрид, но и можност за сите заинтересирани…
повеќе...Црвен крст Охрид организира хуманитарна собирна акција
Во рамките на социјално-хуманитарната дејност, а по повод одбележување на Неделата на солидарност од 22 – 30 април 2014 година, под мотото „ВАШИОТ ПРИЛОГ – ЗНАЧАЈНА ПОМОШ“, Црвен крст Охрид, со цел подигање на нивото на свест на населението за потребната помош и поддршка на ранливото население, организира хуманитарна собирна акција за обезбедување на помош во храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина, детски играчки и парични средства, која ќе биде наменета за социјално загрозените лица, старите лица и лицата со посебни потреби од Охрид и Дебарца. Од Црвениот крст…
повеќе...Велика Среда
На Велика Среда, Црквата ги спомнува настаните околу предавството на Христа од страна на еден од дванаесетте апостоли, Јуда Искариот за триесет сребреници, како и помазувањето од страна на покајаната грешница. Имено, по Христовите беседи пред народот, како и јасното пророкување на тоа што треба да се случи, следи помазувањето на Христа од страна на една жена – грешница во Витанија, во домот на Симон прокажаниот, кого Христос претходно го излекувал. Тука треба да се направи разлика помеѓу помазувањето кое шест дена пред Пасха го извршила Марија, сестра му на…
повеќе...Предвелигденски концерт на младите таленти од Бреинобреин програмата во ОМУ „Методи Патче“
Атрактивен и интересен настан се одржа вечерва во просториите на Музичкото училиште „Методи Патче“ во Охрид. Црвен крст Охрид организира предвелигденски концерт на младите таленти кои ја посетуваа едукативната Бреинобреин програма во Бреинобреин-Црвен крст Охрид-Центарот за развој на животни вештини. „По повод велигденските празници решивме да организираме еден вид на предвелигденски концерт на оние дечиња кои што се дел од музичкото училиште, го посетуваат покрај Бреинобреин програмата, меѓутоа и оние дечиња кои што одат во танцовиот клуб на Бреинобреин. Денес се прикажаа сите оние вештини кои што се стекнати во текот…
повеќе...