Доделени хуманитарни пакети на Здруженијата на лица со хендикеп „Добротољубие“ и „Зраци“

Во рамките на своите активности, Црвениот крст од Охрид денеска ги посети Здруженијата на лица со хендикеп „Добротољубие“ и „Зраци“. Имено, за потребите на овие две здруженија охридскиот Црвен крст им донира хуманитарни пакети, прехранбени прозводи кои беа собрани во акцијата за Недела на борба против гладта. Хуманитарните пакети им беа доделени во Црквата „Св.Ѓоргија“ и во ОУ „Братство Единство“. Исто така со поддршка на екипа од Центарот за Јавно Здравје – Охрид беше извршена бесплатна вакцинација против сезонски грип, со вакцини обезбедени за ранливите категории од страна на хумани…

повеќе...

Претставници на Lions Club Десарети и DASS инженеринг им доделија 30 пакети на социјално загрозени семејства од Охрид

Како резултат на успешно завршената кампања за Неделата на борба против гладта и собраните прехранбени производи од кои се направени 150 хуманитарни пакети, Црвен крст Охрид во текот на оваа недела, заедно со поединци, фирми и институции кои ја помогнаа кампањата, врши поделба на хуманитарните пакети на социјално загрозените семејства од Охрид. Вчера градоначалникот Никола Бакрачески  пред просториите на ОО Црвен крст Охрид, подели 50 од вкупно 150-те пакети со прехранбени производи и производи за лична хигиена, додека пак денес на социјално загрозените охридски семејства им беа поделени 30 пакети…

повеќе...

Во недела голем хуманитарен концерт во организација на Црвен крст

Во рамките на своите хуманитарни активности, Црвен крст Охрид со помош и поддршка на хрватската фирма „Синерга“ ви најавува, за прв пат во Охрид, голем хуманитарен концерт на Госпел поп-рок музика, со настап на кантавторот Данко Томовиќ и музичката група Адонаи од Република Хрватска. Настанот ќе се реализира на 10.11.2013 (недела) во Спортската сала „Билјанини Извори“, со почеток во 13:00 часот. Телесниот хендикеп-оштетен вид, со кој се соочува кантавторот Данко Томовиќ, беа повод средствата собрани од овој хуманитарен концерт од продажбата на влезници (50 денари) и продажба на оригами производи…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески подели хуманитарни пакети за социјално загрозените семејства

По повод „Недела на борба против гладта“ која се одбележуваше  од 16 до 22 октомври, градоначалникот Никола Бакрачески денес  пред просториите на ОО Црвен Крст Охрид, подели  50 од вкупно 150-те  пакети со прехранбени производи и производи за лична хигиена  наменети за социјално најзагрозените охридски семејства. „Сакам да истакнам дека Локалната Самоуправа посветено ќе работи на помагање на овие социјално загрозени семејства , не само преку доделување хуманитарни пакети, но и во создавање услови во иднина овие семејства да дојдат до приходи врз основа на кои што сами ќе можат…

повеќе...

Членовите на Клубот на млади на Црвениот крст организираат хуманитарна забава по повод „Halloween“

Како дел од своите хуманитарни активности, членовите на Клубот на млади на Црвен крст Охрид по повод „Halloween“ (Ноќта на вештерките) организираат хуманитарна забава под маски која ќе се одвива во ноќниот клуб ХАРЕМ, денес, 01 ноември (петок), од 21:00 часот. Добредојдени се сите хумани луѓе, без разлика на возраста, кои сакаат да се забавуваат и уживаат во креативноста на младите и на тој начин да ги помогнат хуманитарните активности на Црвениот крст. Цената на влезницата во која е вклучен и еден пијалок чини 100 денари.

повеќе...

Вечерва хуманитарен хепенинг во рамките на Неделата на борба против гладта

Активностите по повод Неделата на борба против гладта во организација на Црвен крст Охрид, а со помош и поддршка на Локалниот совет на млади и Општина Охрид продолжуваат со несмален интензитет. Денес, во Центарот за култура „Григор Прличев“, од 18:00-20:00 часот ќе се одвива хуманитарен хепенинг кој ќе опфати повеќе содржини: презентација и продажба на оригами производи изработени од членовите на оригами клубот при Црвен крст Охрид; младите актери од Клубот на млади на Црвен крст Охрид ќе ја изведат театарската претстава „Ромео и дадилката на Јулија“, а свој музички…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески пазареше и донираше за социјално загрозените охриѓани

Во рамки на одбележувањето  на „Неделата на борба против гладта“, денес градоначалникот Никола Бакрачески, претставници од Општината и Советот со купување  прехранбени производи се вклучија во акцијата што Локалната  ја реализира заедно со „Црвен крст“ Охрид, а се однесува на донирање прехранбени пакети за социјално загрозените семејства  од градов. „Ние како Локална самоуправа и јас лично како градоначалник имам намера да се вкучам во оваа хуманитарна акција и да им помогнеме на граѓаните на Охрид кои што навистина имаат социјални проблеми и се справуваат со елементарни потреби, не само за…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески со поддршка за хуманитарната акција во неделата за борба против гладта

По повод „Недела на борба против гладта“ и во рамките на активностите кои координирано ги превземаат Локалната самоуправа и општинската организација на Црвениот крст од Охрид за прибирање на прехрамбени намирници за лицата од социјалните категории, утре во 11:30 часот градоначалникот Бакрачески заедно со претставници од советот на Општина Охрид и локалната администрација ќе го посети маркетот „Тинекс“ лоциран на 7-ми Ноември и со свој прилог ќе придонесе за поддршка на оваа хуманитарна акција.

повеќе...

Црвен крст Охрид започна со реализација на оригами работилници

Во рамките на своите едукативни програми за поттикнување на креативноста и хуманоста кај широката популација, особено кај младите, Црвен крст Охрид започна со реализација на оригами работилници, кои опфаќаат изработка на најразлични фигури од хартија. Преку 30 млади, од различна возраст, предводени од инструкторот за оригами Наташа Алексиќ ги развиваат своите креативни способности изработувајќи најразлични предмети од хартија, кои понатака, преку хуманитарни аукции ќе бидат искористени за собирање на средства за поддршка на хуманитарните акции на Црвен крст Охрид. Деновиве, членовите на оригами клубот при Црвен крст Охрид интензивно работат…

повеќе...

Светскиот ден и неделата на борба против гладта ќе се одбележат со повеќе активности

 Црвениот крст-Охрид, во соработка со Локалниот совет на млади кој функционира од неодамна при Општина Охрид, започнува со низа активности, поврзани за одбележување на Светскиот ден за борба против гладта 16-ти октомври, и неделата за борба против гладта која започнува од 16-22 октомври, под мотото „ПОМИСЛЕТЕ И НА НАС“. Како што истакнуваат од Црвен крст-Охрид, акцијата, ќе опфаќа околу 100 социјално-загрозени семејства, на кои ќе им бидат доделени хуманитарни пакети, од кои околу 60 хуманитарни пакети со прехранбени производи ќе донира Локалната самоуправа при Општина Охрид.  Од Локалниот совет на…

повеќе...