Перманентна работа за промовирање и унапредување на крводарителството на територијата на општините Охрид и Дебрца е заложба која Црвен крст Охрид континуирано, посветено и совесно ја спроведува. Како резултат на постојаната ангажираност на активистите на Црвен крст и службите за трансфузиологија во текот на целата година, се задоволуваат потребите од крв и крвни продукти на пациентите во здравствените установи во нашиот град. „Хуманоста што ја покажаа нашите крводарители преку доброволно дарување крв допринесе да бидат спасени многу човечки животи.“- велат од Црвен крст Охрид. Честитајќи им го 17ти март, Денот…
повеќе...Tag: крст
Трибина „Доброволно крводарителство-потреба и предизвик“ во Охрид
Во рамки на своите континуирани активности за развој и унапредување на крводарителството во општина Охрид и општина Дебрца, Црвен крст Охрид преку најразлични форми на организирање и дејствување, особено внимание посветува на мотивацијата на населението за доброволно дарување крв, што има за цел задоволување на потребните количества од драгоцената течност за пациентите кои се лекуваат во здравствените установи во Охрид. Во таа насока, а во пресрет на одбележувањето на 17-ти март, Денот на крводарителството во Република Македонија, Црвен крст Охрид организира јавна трибина на тема „Доброволно крводарителство-потреба и предизвик“. Трибината,…
повеќе...Охриѓани покажаа хуманост за помош на малиот Кирил Митрески
На денешниот уличен хуманитарен концерт на охридските музичари, за помош на малиот Кирил Митрески кому итно му е потребна операција за лекување на тумор на главата во Израел, во собирните каси на Црвен крст Охрид, за неполни 2 часа беа собрани 65 184 денари. Прекрасните музички изведби на Јован Куциноски, Богдан Василески, групата „Билјана Јуниор“, басистот Јане Тодороски, гитаристот Јован Бочвароски и други членови на охридски музички бендови привлекоа многу посетители кои ја покажаа својата хуманост донирајќи за лечењето на малиот Кирил. Изразувајќи благодарност до оние кои денес беа хумани,…
повеќе...Со низа активности ќе се одбележи Светскиот ден на ретки болести во Охрид
Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со Предизвици“ и оваа година го одбележува Светскиот Ден на Ретки Болести – последниот ден од месец февруари. Во рамки на Националната Алијанса за Ретки Болести на Р. Македонија, а предводени од кампањата на ЕУРОРДИС (Европска Организација за Ретки Болести) и под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести“ Здружението за ретки болести со подршка на повеќе институции, здруженија, поединци реализира низа активности насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот…
повеќе...Над 50 охриѓани се гушкаа на Галичица
Храбрите, хумани охриѓани, љубители на планината и природата ја искористија денешната единствена можност да се ГУШКААТ НА ГАЛИЧИЦА на 2255 мнв и да потсетат на лицата со ретки болести. Во беспрекорна организација на Црвен крст Охрид и Здржението за велосипедизам, планинарење и еко култура З’Ш, предводени од членовите на Единицата за спасување на планина и непристапни терени при Црвен крст Охрид, во прекрасни временски услови, преку 50 Охриѓани од најразлична возраст, ги хранеа сите свои сетила со чист планински воздух и воодушевувачки глетки на Охридското и Преспанското езеро и околните…
повеќе...Голем интерес за планинарската тура на Галичица
Преку 40 вљубеници во природата и планинарењето беа дел од планинарската тура на планината Галичица, која се реализираше денеска, во организација на Црвен крст Охрид и во рамки на одбележувањето на Неделата на срцево садови заболувања. Групата ја предводеа членови на Единицата за спасување на планина и непристапни терени на Црвен крст Охрид, а во Станицата за спасување на местото Липова ливада, медицинските тимови на Црвен крст Охрид вршеа здравствени прегледи, додека најмладите уживаа во снегот. Со оглед на интересот, вакви и слични активности ќе бидат организирани и во наредните…
повеќе...Во сабота еднодневна планинарска тура од Корита до Липова ливада на Галичица
Во рамките на одбележувањето на Неделата на срцево-садови заболувања, Црвен крст Охрид во сабота (20 февруари) организира еднодневна планинарска тура од месноста Корита 1350 мнв. до Липова ливада 1650 мнв, на планината Галичица, со можност и за искачување на некој од околните врвови (за оние со подобра кондициона подготвеност). На оваа физичка активност можат да учествуваат сите оние кои се чувствуваат психофизички способни и поседуваат стандардна планинарска опрема за искачувања на планина: планинарски чевли, планинарски ранец, (резервна топла облека, јакна за заштита од дожд и ветар, храна и вода мин…
повеќе...Уписи за пролетниот циклус „Час за приказни на англиски јазик“
Црвен крст Охрид објавува уписи на деца за новиот пролетен циклус од едукативната програма Час за приказни на англиски јазик за деца на возраст од 4-7 години. Волонтерите предавачи – професори по англиски јазик од Црвен крст Охрид во периодот од три месеци од 18 февруари до крај на мај 2016-та година, на забавен и интерактивен начин, преку приказни, песни, уметност и животни вештини и пред се, со користење на англиска литература наменета за деца од англиската библиотека на Црвен крст Охрид, ќe го надградуваат и зајакнуваат знаењетo на англискиот…
повеќе...Дарко Паскоски го фати светиот крст во Струга
Големиот христијански празник Богојавление –Водици беше одбележан и во Струга. Најсреќен меѓу верниците што скокнаа во водите на реката Црн Дрим беше 35-годишниот Дарко Паскоски од Струга. Oва е второ негово фаќање на Светиот крст во Струга. По Светиот крст во Струга скокаа над 100 верници во ладните води на Црн Дрим, а водите ги освети митрополитот на Дебарско-Кичевската епархија, Тимотеј.
повеќе...Светиот крст во рацете на Петар Трпески во Велгошти
Големиот христијански празник Богојавление- Водици одбележан во Велгошти. Меѓу повеќето скокачи во Велгошти, најсреќен беше Петар Трпески. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме!
повеќе...