Празникот Богојавление-Водици, традиционално, освен на Градскиот плоштад во Охрид, се одбележува и на другите населени места. Меѓу повеќето скокачи, во Коњско годинава најсреќен беше Петар Нически. Се смета дека оној што ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! WebOhrid
повеќе...Tag: крст
Никола Климоски го фати светиот крст во Велестово
Големиот христијански празник Богојавление-Водици, традиционално, освен на градскиот плоштад во Охрид, беше одбележан и во Велестово. Светиот крст кој се фрла во базенот , го фати 17 годишниот Никола Климоски. Се верува дека оној кој ќе го фати крстот ќе има среќа, здравје и благосостојба во текот на целата година. Честитаме! WebOhrid
повеќе...Светиот крст во рацете на Петар Рупески од Варош
Дваесет и шестгодишниот Петар Рупески од охридски Варош беше најсреќниот меѓу стотината верници кои денес скокаа по Светиот крст во водите на Охридското Езеро. Крстот го фрли митрополитот на Дебарско-кичевската епархија г.г Тимотеј. Ова е третпат како Петар Рупески го фаќа Чесниот крст. Последен пат тој го фати крстот во 2014 година, кога посака среќа во животот и вработување. „Чувството е секогаш посебно. Пресреќен сум што оваа година го фатив Светиот Крст. Исклучок е тоа што оваа година е премногу ладно. Нема некои посебни подготовки. Има само некое чувство што те води на тој…
повеќе...Доделени хуманитарни пакети на семејства од социјален ризик
Во пресрет на Богојавленските празници, како изминатите две така и оваа година Општина Охрид во соработка со Црвен Крст денеска додели пакети со прехрамбени производи и средства за лична хигиена на 50 социјално најзагрозени семејства од Охрид. На хуманитарниот настан присуствуваше и градоначалникот Никола Бакрачески кој рече дека вакви акции и во иднина ќе организира или кон нив ќе се приклучува Општина Охрид. „Ние се трудиме во текот на целата година низ различни акции да има вакви настани, а оваа во пресрет на празникот Богојавление веќе прераснува во традиција. Со…
повеќе...Утре флеш-моб „Разиграни минути 5, заедно со клуб 25“ на охридскиот плоштад
Во рамки на Црвен крст Охрид формиран е и делува Клуб 25 кој го сочинуваат млади хумани луѓе, крводарители, мотиватори и едукатори кои се посветени на промоција на крводарителството и здравиот начин на живот кај младите. „Преку организирање на трибини, работилници, членовите на Клуб 25, истакнувајќи го својот пример како крводарители ги мотивираат младите да даруваат крв, информирајќи ги за чинот на крводарувањето, патот на крвта од дарителот до примателот, практикување здравите животни навики, како еден од предусловите да се биде крводарител. Името Клуб 25 има своја симболика во бројот…
повеќе...Новогодишни пакетчиња за децата од социјално ранливите категории во Охрид
Во пресрет на Новогодишните празници, општина Охрид во соработка со Црвениот Крст денеска организира предновогодишен ручек за 150 социјално најзагрозени лица од Охрид а беа подарени и новогодишни пакетчиња за 100 деца. Меѓу присутните во ОУТУ „Ванчо Питошески“ беше и градоначалникот Никола Бакрачески. Во пријатна атмосфера родителите и децата разговараа со градоначалникот а упатуваа и пофалби за досегашната негова работа. Градоначалникот истакна дека општина Охрид и понатака ќе работи на креирање подобри услови за живот на сите охриѓани во насока на надминување на социјалните бариери. „Денеска сите заедно делиме едно…
повеќе...Осветен камен темелник на храм „Св.Никола“ во Чекоштина
Во Дваесет и деветтата недела по Педесетница и на празникот на светиот Амвросиј Милански и на светиот Григориј Григоријатски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески и свештениците Зоран Попоски, Љупчо Симиџиески и Ромео Петрески, го освети и го положи камен-темелникот за изградба на нов храм, посветен на светиот Николај Мирликиски Чудотворец, во населбата Чекоштина во Охрид. Храмот ќе се гради по иницијатива и со донациите на Цветко Грозданов од Охрид, како и со донациите на сите добронамерни верници од пошироката околина.…
повеќе...Промоција на едукативна брошура „Насмевка без кариес“
Во рамки на одбележување на Неделата на забоздравствена заштита од 15-21 декември, Црвен крст Охрид реализира едукативни предавања во основните училишта во Охрид на кои, од страна на лекар-стоматолог учениците се информираат за правилна орална хигиена, значењето од редовна контрола на забите и начинот на превенција и заштита од кариес. Во рамки на овие активности, денес во 19 часот во просториите на Црвен крст Охрид, ќе биде промовирана едукативна брошура со наслов „Насмевка без кариес“ изработена од Д-р стоматолог Кристина Стојаноска Алоска, во издание на Црвен крст Охрид.
повеќе...Уште еден голем успех на охридските Бреинобреин генијалци
На еден од најголемите светски фестивали на кои се презентираат стекнатите вештини и мултитаскинг техниките од БРЕИНОБРЕИН програмата, кој на 5-ти декември оваа година се одржа во Дубаи, Обединети Арапски Емирати, во конкуренција од 2000 натпреварувачи, 9 охридски генијалци од Центарот за развивање на животни вештини при Црвен крст Охрид кои ја следат БРЕИНОБРЕИН програмата, освоија вредни награди и признанија. Тие се закитија со 4 трофеи и 3 сребрени медалји.
повеќе...Со повеќе активности се одбележува Неделата на грижа за стари лица
Во рамки на одбележување на Неделата на грижа за стари лица, од 23-29 Ноември Црвен крст Охрид организира повеќе активности насочени, пред се, кон подигнување на свеста кај населението во заедницата за правата на старите лица како и потребната грижа и помош која секој може и треба да ја пружа на старите лица. Во текот на Неделата на грижа за стари лица, волонтерите на Црвен крст Охрид ќе ги посетат стари и изнемоштени лица во нивните домови, споделувајќи убав збор, топла прегратка и соодветна помош, а тимовите за прва помош…
повеќе...