Извлечени паровите за 1/8 финалето од Купот на Македонија

Денес во прес-центарот на „Куќата на фудбалот“ беа извлечени двојките за 1/8 финалето од Купот на Македонија. Во оваа нокаут фаза ќе се одиграат следните натпревари: Шкендија – Металург Македонија Ѓ.П – Љубљанци Влазрими – Младост Царев Двор Ренова – Силекс Гостивар – Работнички Хоризонт Турново – Скопје Брегалница – Шкупи 1927 Вардар – Пелистер

повеќе...

Во тек се натпреварите од турнирот „Фер Плеј КУП 2015“

Во тек се натпреварите на овогодинешниот турнир во фудбал за помлади генерации „Фер Плеј КУП 2015“. Натпреварите од турнирот се играат на терените на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“ и се во организација на фудбалскиот клуб Фер Плеј, а под покровителство на Општина Охрид. На турнирот учествуваат 110 екипи од неколку држави од Балканот поделени во неколку генерации на фудбалери и тоа 2001, 2002, 2003, 2004, 2005, 2006 и 2007. Турнирот трае и во наредните два дена за да заврши со финалните напревари кои ќе се одиграат на градскиот стадион…

повеќе...

Европскиот Суперкуп 2017 ќе се игра на „Филип Втори“

Фудбалската федерација на Македонија ја доби довербата од УЕФА за организација на ексклузивниот дуел меѓу победниците на Лигата на Шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2016/17 година. Одлуката ја донесе Извршниот комитет на Европската фудбалска унија на состанок во Прага, а на прес конференција ја соопшти Џани Инфантино, Генерален секретар на УЕФА. Скопје во август 2017 година ќе биде домаќин на двете најдобри екипи на европска почва што претставува огромно признание за македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија кои добиваат историска организација на врвен европски фудбалски настан. УЕФА…

повеќе...

ЖФК Кочани втора година по ред го освои женскиот Куп

Во вистински возбудливото финале на женскиот Куп на Македонија ЖФК Кочани го совлада неприкосновениот лидер во женскиот фудбал, ЖФК Драгон со победа од 3-2. Двете најдобри македонски женски фудбалски екипи по трет пат оваа сезона ги измерија силите во финалето на женскиот Куп на Македонија кое се одигра денес на фудбалското игралиште во тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Резултатот го отвори Драгон со погодок во самиот финиш на првото полувреме кој го постигна Ели Јаковска. Кочани возврати за изедначување во 47 минута со голот на Анета Ѓорѓиева, со што…

повеќе...

Работнички го освои фудбалскиот Куп на Македонија

Работнички го победи Тетекс со 2:1 и го освои фудбалскиот Куп на Македонија. Во првото полувреме играта беше изедначена со шанси на обете страни. Сепак, Тетекс успеа да поведе со голот на Чурлинов во последната минута од првиот дел. Работнички успеа да направи пресврт во второто полувреме. Во 68 минута Баже Илијоски изедначи на 1:1, додека пак четири минути подоцна Марјан Алтипармакоски постигна гол за победа на Работнички. Работнички успеа да ја одбрани минатогодишната титула во Купот на Македонија, која вкупно е четврта Куп титула за тимот на Работнички. WebOhrid

повеќе...

Вардар по 10-ти пат победник на ракометниот Куп на Македонија

Екипата на Вардар е победник во финалето во Купот на Македонија. Ракометарите на Вардар се првата машка екипа во Македонија што освоила 10 трофеи во Купот. Во финалето на 23-иот Куп на Македонија Вардар го победи Металург со 26-22. Иако потешко од очекувањата, пред се заради одличниот отпор на Металург, „црвено-црните“ во текот на целиот натпревар имаа водство. За МВП на финалето е прогласен Стојанче Стоилов, најдобра голман е Петар Ангелов, а најдобра стрелец е Алекс Душебаев.

повеќе...

Ракометарките на Вардар СЦБТ го освоија Куп пехарот

Ракометарките на Вардар СЦБТ втора година по ред се победници на Купот на Македонија во женска конкуренција. Вардар СЦБТ повторно за противник го имаше Металург, кој беше достоен противник само во првото полувреме. Разликата во квалитет беше очигледен, но и младите ракометарки на Металург покажаа борбеност и мотивираност до крај да му парираат на ривалот. На крајот Вардар СЦБТ забележа победа со резултат 34-16.

повеќе...

Пуштени во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија преку официјалниот дистрибутер MkTickets официјално ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар од Купот на Македонија, помеѓу Работнички и Тетекс. Картите за финалето од Македонскиот Куп можете да ги купите на сите продажни места на MkTicket, како и електронски на следниот линк: http://mktickets.mk/teteks_rab. Цената на влезницата за натпреварот кој ќе се одигра на 20 мај на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 20:00 часот изнесува 100 денари. Во употреба ќе бидат пуштени само Северна и Јужна трибина. Продажни места на МК Тикетс: Продажните салони на…

повеќе...

Викендов ќе се одиграат финалните натпревари од ракометниот Куп на Македонија

Полуфиналните и финалните натпревари од машкиот и женски ракометен Куп на Македонија ќе се играат викендов. Полуфиналните натпревари од машкиот куп ќе се играат во четврток, а од женскиот во петок. Финалните натпревари се закажани за сабота во големата сала во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје. Куп мажи Пролет 62 – Металург, четврток (14-ти мај) СРЦ „Кале“ во 17:00 часот Вардар – Зомимак М, четврток (14-ти мај) СРЦ „Кале“ во 19:30 часот Финале – сабота (16-ти мај) СЦ „Јане Сандански“ во 18:30 часот Куп жени Пелистер 2012 – Металург, петок (15-ти…

повеќе...

Работнички против Тетекс во финалето од Купот на Македонија

Работнички ќе игра против Тетекс во финалето од фудбалскиот Куп на Македонија. Работнички денес одигра 1:1 во гости против Ренова. Првиот дуел го доби Работнички со 2:1. Тетекс се пласираше во финалето по изведувањето на пенали. Првиот дуел заврши 2:1 за Тетекс, додека пак вториот 2:1 за Турново, а по изведувањето на пенали, поуспешен беше Тетекс со 4:2. WebOhrid

повеќе...