Светите маченици Кирик и Јулита

Денес е празник посветен на Светите маченици Кирик и Јулита. Светителката беше од благороден род. Рано остана вдовица со новороденото дете Кирик. Живееше во Ликаонскиот град Иконија и наполно беше предадена на живот во Христа. Нејзиниот син го крсти веднаш по раѓањето, а кога имаше три години, го научи на верата и на молитва онолку колку што може да прими дете на таа возраст. Кога Диоклецијан нареди да се гонат христијаните, невина крв беше пролеана во градот Иконија во изобилство. Јулита го зеде својот син и се засолни од гневот…

повеќе...

Свети Владимир, голем кнез руски

На крштението наречен Василиј. Син на кнезот Свјастослав, а внук на Игор и Олга. Најпрво беше незнабожец, и според верата и според животот. Кога дозна дека постојат други вери, почна грижливо да испитува која од нив е најдобра. За ова испрати делегација во Цариград. Кога пратениците се вратија, му соопштија на кнезот дека биле на служба во Православната Црква во храмот на Света Софија и дека биле „надвор од себеси не знаејќи дали се на небото или на земјата“. Тоа го поттикна Владимир да се крсти и да го крсти…

повеќе...

Договор за соработка помеѓу АМС и Факултетот за безбедност

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски оствари работна средба со челните луѓе од Факултетот за безбедност, Продекан доц. д-р Марјан Ѓуровски и доц. д-р Јонче Ивановски. Целта на разговорот беше договарање на соработка на факултетот со Агенцијата за млади и спорт, која ќе биде насочена кон зголемување на безбедноста во спортот, особено кај младите преку едукација, создавање професионален кадар, спроведување на истражувања од областа на безбедноста, како и развој и реализација на заеднички проекти. Планирани се неколку столбови на соработка: – Вклучување на Факултет за безбедност –…

повеќе...

Ретроспектива на Пиволенд – Како фестивалот се развиваше во најпрепознатливиот скопски бренд

Фестивалот кој стана препознатлив скопски бренд, својата приказна ја започна во 2008 година. Поминаа точно 10 години од првиот Пиволенд кој се одржа на Скопското Кале, а 60 000 посетители четири дена уживаа во дегустација на пиво и одличниот музички избор. Дел од македонските музички ѕвезди, токму на овој фестивал за првпат имаа можност да настапат пред огромна публика и да ја започнат својата успешна кариера. Во 2009 година, фестивалот доживеа рекордна посетеност од 150 000 љубители на пивото и добрата забава. Беше прогласен за најмасовно посетен фестивал во Македонија,…

повеќе...

Стружанец украл пари во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“

НК КР Струга поднесе кривична пријава против Д.М. (31) од Струга поради постоење основи ан сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“. Во периодот од 08 до 14.07.2017 година во куќа на ул. „Кузман Јосифоски Питу“ во Струга, сопственост на С.Л. (59), пријавениот со оригинален клуч, пронајден под чергата пред влезната врата, влегол внатре и одзел 700 евра, 5.500 денари и 22 американски долари.

повеќе...

Од полноќ нова цена на нафтените деривати

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 0,17%. Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 10.07.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 62,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 47,00 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло…

повеќе...

Преподобниот маченик Никодим и Света Елена

Преподобниот маченик Никодим Родум од Елбасан. Беше женет и имаше деца. Намамен од Турците го прими исламот и насилно ги преведе своите деца во ислам, освен еден син којшто му побегна на Света Гора и се замонаши. Никодим отиде на Света Гора за да си го врати синот назад, но Света Гора на него изврши таков впечаток, што самиот се покаја, се врати во верата Христова и се замонаши. Три години го оплакуваше своето отстапништво, па најпосле реши да се врати во Албанија, да го окае својот грев таму каде…

повеќе...

Нашата репрезентација го освои Трофејот Македонија

Македонската сениорска репрезентација го освои „Трофеј Македонија“ вторпат во историјата на одржување на овој турнир по 2011 година. Во интензивно динамичен натпревар, избраниците на Давитков ги надмудрија кошаркарите на Босна и Херцеговина и ги совладаа со 71-64.

повеќе...

Трофеј Македонија: Македонија 78-72 Холандија

Бевме доволно самоуверени за да шутираме од далечина, но шутевите кои не ги реализиравме нашите противници ги ’крадеа’ под нивниот обрач. Условниот домаќин на овој натпревар беше супериорен во скокот и сето тоа резултира со висока негатива која требаше да ја бркаме по десет минути игра (20-9). Ги построи Давитков своите избраници на малата пауза пред вториот период, па до крајот на првиот дел од натпреварот ја консолидиравме играта. Нашиот противник наталожи и 15 поени предност (27-12) која стагнира и во третиот период. Во последните десет минути нашите сениори блеснаа…

повеќе...

Преподобен Теофил Мироточив и Светиот великомаченик Прокопиј

Преподобен Теофил Мироточив Родум од Македонија, од селото Зики. Многу учен човек и голем подвижник. Цариградскиот патријарх Нифонт му порача да отпатува во Александрија и да испита дали е вистина дека патријархот Јоаким поместил гора и испил отров без да му наштети. Кога се увери во вистинитоста на овие чуда, Теофил се врати на Света Гора, каде што се подвизуваше најпрво во Ватопед, па во Ивер и најпосле во келијата на Свети Василиј близу Кареја. Овој свет човек ја одби понудата да го прими солунското архиепископство. Со длабоко безмолвие, богомислие…

повеќе...