Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „затајување“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Д.С. (56) од Куманово. Пријавениот, казненото дело го сторил во текот на 2014 и 2015 година во својство на претседател на Заедница на сопственици на апартмански комплекс „Еуротел“ лоциран во населба „Езерски лозја“ во Струга. Тој бесправно, за себе присвоил парични средства кој му биле доверени по основ за гориво, телефонски сметки, храна и слично, со што ја оштетил заедницата и се стекнал со противправна имотна корист од вкупно 563.070 денари.
повеќе...Tag: македонија
Комплетирано 28 коло од Првата МФЛ
Викендов се одиграа натпреварите од 28 коло од Првата македонска фудбалска лига. Постигнати беа следните резултати: Работнички 1:1 Македонија ЃП Пелистер 1:0 Победа Ренова 4:0 Брегалница Шкупи 0:2 Вардар Силекс 1:1 Шкендија 1. Вардар 28 21 5 2 54:14 68 2. Шкендија 28 16 7 5 52:27 55 3. Работнички 28 13 8 7 39:25 47 4. Пелистер 28 11 7 10 29:23 40 5. Ренова 28 9 11 8 28:25 38 6. Силекс 28 8 12 8 33:34 36 7. Шкупи 28 6…
повеќе...Томина Недела
Првата недела по Велигден е наречена Томина недела, но и Нова недела, Антипасха. Нова недела се нарекува, затоа што почетокот на сите недели започнува од неа. Таа е прва недела по Пасха, и прв пат по Пасха се обновува празнувањето на светлото Христово Воскресение. Апостолското правило гласи: „Осум дни по Велигден повторно нека ви биде чесен празник, во кој неверниот апостол Тома се увери во воскресението“. Имено, по воскресението Христово, кога Христос им се јавил на апостолите да ги утеши и увери во Своето воскресение, светиот апостол Тома не бил…
повеќе...Македонија како туристичка дестинација на саем за туризам во Косово
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) по втор пат учествува на интернационалниот саем за туризам “Travel Fair” во Приштина, Косово, (20-21 Април 2016). Интересот на индивидуалните туристи за туристички локации во Македонија е ставен на зимските капацитети, Скопје City tours, Кањон Матка и добро познатите дестинации Струга и Охрид. За време на саемот, претставници на АППТРМ остварија состаноци со менаџерите на туристичките агенции“In Tours”и“Sharri eco tour”, со кои се разговараше за организирање на туристички пакети за Македонија во нивниот систем за резервирање и планирање на…
повеќе...Источен Петок Балаклија
Првиот петок по Велигден се вика Источен Петок Балаклија. Тој спаѓа во светлата недела, поради што некои го викаат и „светол“ петок, а поради тоа што во светлата недела се блажи, тој празник се вика и како благ петок. Со овој празник посветен на Пресвета Богородица и се оддава признание на мајката божја, затоа што непосредно по Велигден нема друг празник поврзан со нејзиното име. Поради тоа што Богородица му ги миела раните на Исус, на овој ден луѓето ги посетуваат изворите ги мијат лицето и очите, или три пати…
повеќе...Кривична пријава за стружанец кој украл касетофон од автомобил
Поради постоење основи на сомнение за сторенo казненo дело „тешка кражба”, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против Н.М. (33) од Струга. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во периодот март-април оваа година со бесправно одземање на авто радио касетофон марка Пионир“ од патничко моторно возило „БМВ“ со струшки регистарски таблици. На тој начин, тој се стекнал со противправна имотна корист од 25.000,оо денари. Пријавениот, знаејќи дека сопственикот на патничкиот автомобил е во странство, успеал да добие информација дека истото е оставено на…
повеќе...Почувствуван земјотрес во Охрид
Денес во Охрид во 11:42 часот беше почувствуван земјотрес. Според сеизмолошките податоци, неговиот епицентар е 7 километри западно од Охрид, на длабочина од 2 километри под Охридското Езеро, со интензитет од 2.7 степени според Рихтер. WebOhrid
повеќе...Кривична пријава за скопјанец кој украл мобилен телефон
Поради постоење основи на сомнение за сторенo казненo дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Б.К. (33) од Скопје. Со намера противправно да присвои туѓи предмети, пријавениот, казненото дело го сторил во згодна прилика со бесправно одземање на мобилен телефон марка „Ајфон 6“ од ресторантот „Мекиците на Стража“ на превојот „Стража“. Б.К. искористил момент на невнимание на оштетениот и во погоден момент го одзел мобилниот телефон оставен на една од масите каде бил со неговото семејство.
повеќе...Упокоение на Св. Методиј Солунски – Св. Евтихиј патријарх Цариградски
Роден е во Фригија од благочестиви родители. Татко му беше офицер. Еднаш момчето Евтихиј се забавуваше со своите врсници, а нивната игра се состоеше во тоа што секој го запишуваше своето име на карпата и покрај името оној чин којшто според насетувањето ќе го добијат во животот. Кога дојде на ред Евтихиј, тој напиша: „Евтихиј патријархот“. Во неговата триесетта година стана игумен на еден амасиски манастир. А кога имаше четириесет години, амасискиот митрополит го испрати наместо себеси на Петтиот Вселенски Собор. На Соборот тој заблеска како пресветла ѕвезда меѓу отците…
повеќе...Кривична за кичевчанец и прилепчанец кои краделе од магацин на патот Кичево – Охрид
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба”, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Г.М. (44) од Кичево и П.П. (55) од Прилеп. Пријавените, казненото дело го сториле на 16-ти март оваа година од магацинот сопственост на АД „Жито Караорман“, лоциран во близина на бензиската „Лукоил“ на магистралниот пат Кичево-Охрид. Околу 10 часот, Г.М. и П.П. со намера против правно да присвојат туѓи подвижни предмети, со товарно моторно возило влегле во кругот на АД „Жито Караорман“ и од магацинот одзеле претходно складирани метални предмети сопственост на…
повеќе...