Свечената церемонија во Македонскиот народен театар, која се одржа по 62. пат му ја донесе титулата на ракометарот Кире Лазаров кој го доби признанието за најдобар спортист во 2016 година. За капитенот на ракометната репрезентација ова е второ признание најдобар спортист. Првата ваква награда ја освои во 2013 година. „Наградата претставува огромна чест. Грешките што ги направивме во изминатава турбулентна година треба да ни претставуваат четиво од кое треба да учиме. Имаме потенцијал и цврсто сум уверен дека Македонија не треба да се грижи за својата ракометна иднина. Моја желба…
повеќе...Tag: македонски спорт
Македонија остана на 162 место на ФИФА рејтинг листата
Според најновата ФИФА рејтинг листа, фудбалската репрезентација на Македонија остана 162 место. На врвот од ФИФА рејтинг листата останува Аргентина, пред Бразил на второто и Германија на третото место. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Руанда со скок од +9 места се искачи на 92 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Куба од -26 места и се најде на 151 место. WebOhrid
повеќе...Ќе се врши наддавање за организатор на финалниот турнир од кошаркарскиот Куп на Македонија
Согласно Правилникот за Куп натпреварувања, МКФ ги поканува заинтересираните правни и физички лица на јавно наддавање за организатор на Финалниот турнир на Кошаркарскиот куп на Македонија, што ќе се одржи на 18.01.2017 година во 12 часот во просториите на МКФ. Почетната сума за организација на Купот изнесува 500 000 денари. Заинтересираните учесници на лицитацијата треба да уплатат 10 % од почетната сума, до почетокот на лицитацијата, на жиро сметката на Здружението на Сениорски лиги. На Купот ќе настапат осум екипи во машка конкуренција и четирите најдобро пласирани по првиот дела…
повеќе...Доделени наградите на „Најдобрите во македонскиот фудбал за 2015/2016“
Бесарт Ибраими е најдобриот играч во Македонија за сезоната 2015/16, напаѓачот на Шкендија и на македонската репрезентација ја освои и наградата за најдобар стрелец во изборот на Фудбалската федерација на Македонија. Илија Несторовски го доби признанието за најдобар репрезент на македонскиот фудбал. Во име на Ибраими, наградите ги прими неговиот татко, а Несторовски преку видео порака се заблагодари за наградата. „Оваа година беше мошне успешна за мене. Како прв стрелец на Интер Запрешиќ во хрватското првенство успеав да стасам до Серија А во составот на Палермо, со што ми се…
повеќе...Втора победа за младите фудбалери против сениорите
Подмладената селекција на Македонија до 21 година забележа нова победа над А репрезентацијата предводена од селекторот Игор Ангеловски. Во вториот контролен натпревар одигран на стадионов на Ѓорче Петров, младите фудбалери славеа минимална победа со 1:0. И двете репрезентации на оваа контролна средба пропуштија по неколку добри прилики за постигнување гол. Голот за победа, избраниците на селекторот Благоја Милевски го постигнаа во завршницата од мечот. Емил Абаз погоди за конечни 1:0. Со оваа контролна пресметка се завршија активностите на овој селективен камп.
повеќе...Младата репрезентација подобра од А селекцијата на Македонија на првиот контролен натпревар
Младата репрезентација на Македонија до 21 година одигра уште еден одличен натпревар, овој пат против А селекцијата на Македонија и успеа да слави победа со 2:1 во првиот од двата контролни тест натпревари помеѓу овие две репрезентации. Избраниците на селекторот Благоја Милевски, иако во подмладен состав одиграа извонредно прво полувреме во кое постигнаа два гола. Петар Петковски беше двоен стрелец, тој погоди во 22 и 31. минута. Во продолжението селекцијата предводена од Игор Ангеловски одигра нешто подобро, наметна своја игра, го засили притисокот, но тоа беше доволно само за намалување…
повеќе...Селекторот Червар го објави поширокиот список за подготовките за СП 2017
На денешната прес-конференција која се одржа во просториите на РФМ, селекторот на Македонската сениорска машка репрезентација, Лино Червар, ги објави имињата на 28-те ракометари кои ги повика на подготовки пред настапот на Светското Првенство во Франција. Список на повикани ракометари: Кирил Колев, Никола Митревски, Дејан Манасков, Гоце Ојлески, Давор Палевски, Гоце Георгиевски, Никола Костески, Стојанче Стоилов, Никола Марковски, Жарко Пешевски, Велко Марковски, Кирил Лазаров, Филип Лазаров, Филип Талески, Марко Нелоски, Стефан Дрогришки, Ристо Арнаудовски, Влатко Митков, Мартин Манасков, Филип Миркуловски, Ласко Андоновски, Мартин Поповски, Мартин Велковски, Горан Крстевски, Благојче Трајковски,…
повеќе...Извлечени полуфиналните двојки од Купот на Македонија
Денеска во комплексот „Куќа на фудбалот“ без извлечени двојките од полуфиналните натпревари во рамките на Купот на Македонија. Актуелниот лидер на првенствената табела, екипата на Вардар за противник го доби бранителот на Куп трофејот, тимот на Шкендија. На вториот натпревар силите ќе ги одмерат екипите на Брегалница и Пелистер. Првите средби ќе се одиграат на 1 март (среда) со почеток од 14:00 часот, додека реваншите се закажани за 19 април (среда) во истиот термин. Распоредот на средбите од полуфиналето на Купот на Македонија: ВАРДАР – ШКЕНДИЈА БРЕГАЛНИЦА – ПЕЛИСТЕР
повеќе...Шкендија, Вардар, Пелистер и Брегалница обезбедија полуфинале во Купот на Македонија
Бранителот на Куп трофејот Шкендија, актуелниот првак Вардар, Пелистер и Брегалница се полуфиналисти во националниот Куп, откако победија во реванш-натпреварите. Шкендија го победи Шкупи со 4:0, репрезентативецот Бесарт Ибраими попостигна хет-трик, стрелец беше и Жуниор за убедлива победа. Првиот натпревар меѓу двата тима заврши без голови. Вардар рутински одработи и со нова победа од 4:1 против Металург лесно се пласира во полуфиналето со вкупен резултат од 8:2. Единствениот второлигаш во четвртфиналето Металург немаше сили да му се спротивстави на шампионот, кој победи со головите на Николов и хет-трикот на Балотели.…
повеќе...Ангеловски и Милевски ги објавија списоците за натпреварите во рамки на селективниот камп
Селекторите на македонската А и репрезентацијата до 21 година Игор Ангеловски и Благоја Милевски ги објавија списоците на повикани фудбалери за селективните натпревари на 12. и 14. декември на теренот со вештачка трева во Ѓорче Петров. Предводникот на А репрезентацијата Игор Ангеловски поради повреда не смета на Марјан Радески од Шкендија и Стефан Спировски од Вардар. МАКЕДОНИЈА А репрезентација (селективен камп): Голмани: Филип Гачевски (Вардар), Дамјан Шишковски (Работнички); Одбрана: Мевљан Мурати (Шкендија), Егзон Бејтулаи (Шкендија), Кристијан Тошевски (Пелистер), Кире Ристевски (Вашаш, Унгарија), Висар Муслиу (Ренова), Дарко Велковски (Вардар); Среден ред:…
повеќе...