По претходно донесена одлука на Управниот Одбор, денес Ракометната Федерација на Македонија ја исплати премијата од 30.000 евра на машката сениорска репрезентација, за пласманот на Светското Првенство во Франција 2017. Македонија обезбеди „виза“ за Франција откако ја совлада репрезентацијата на Чешка во квалификацискиот двомеч. Ова е петти обезбеден пласман на македонските машки сениори на Светските Првенства. Македонија претходно настапуваше на СП во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013) и Катар (2015). На СП Франција 2017, Македонија ќе се натпреварува во групата Б, против Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола.
повеќе...Tag: македонски спорт
Кошаркарската репрезентација ги започнува подготовките
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација денес со премиерниот тренинг во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ја започнува акцијата за пласман на уште едно големо натпреварување Еуробаскетот во 2017 година. Селекторот Драган Раца првата прозивка на репрезентативците ќе ја направи денес во 19 часот во малата сала во СЦ „Јане Сандански“ со што ќе биде означен официјалниот почеток на подготовките за евроквалификациите. Во Скопје во СЦ „Јане Сандански“ кошаркарите ќе имаат по два тренинга на ден. Првите тест натпревари нашите најдобри кошаркари ќе ги имаат од 5 до 7 август против…
повеќе...Македонија останува на 139 место на ФИФА рејтинг листата
Македонската фудбалска репрезентација остана на 139 место на најновата ФИФА рејтинг листа. Овој пат, нашата репрезентација го дели ова 139 место со репрезентациите на Доминиканска Република и со Виетнам. Нема промени на врвот од ФИФА рејтинг листа каде остана Аргентина пред Белгија и Колумбија. Најголем скок изминатиот месец забележа репрезентацијата на Нов Зеланд со скок од +54 места се искачи на 93 место. Најголем пад забележа репрезентацијата на Белизе од -50 места и се најде на 164 место. WebOhrid
повеќе...ММДЧП бара македонските спортисти да одбијат да дефилираат на Олимпијадата во Рио зад буквата „Ф“
Македонското меѓународно движење за човекови права (ММДЧП) бара од македонските спортисти да одбијат да дефилираат на Олимпијадата во Рио позади буквата „Ф“. „Меѓународниот Олимписки Комитет ќе ги следи директивите на ОН и САД и ќе продолжат да ги кршат најосновните права на Република Македонија, а тоа е правото да го користиме нашето сопствено име. На свеченото отворање на Олимписките игри во Рио, македонските спортисти повторно ќе бидат принудени да дефилираат позади буквата “F“, што е прва буква од “Former Yugoslav Republic of Macedonia”. Македонија на тој начин ќе потклекне пред американската…
повеќе...Одбојкарската репрезентација на Македонија и оваа година поразена во финалето
Одбојкарската репрезентација на Македонија со сребро ги заврши натпреварите во Европската лига. Во финалето Македонија претрпе пораз со 0:3 од Естонија, која покажа далеку подобра игра од нашата репрезентација. Првиот сет го доби со 25:19, вториот со 25:13, а третиот со 25:23. Македонија и оваа година не успеа да обезбеди пласман во Светската лига. WebOhrid
повеќе...Одбојкарите повторно во финале од Европската лига
Македонската одбојкарска репрезентација повторно успеа да се пласира во финалето од Европската лига. Во мошне возбудлив и тесен натпревар Македонија вчера успеа да ја совлада репрезентацијата на Австрија. Најпрво Македонија водеше со 1:0 (25:23), а Австрија успеа да изедначи на 1:1 во сетови (23:25) направи пресврт и дојде во водство од 1:2 (17:25). Македонија го доби четвртиот сет со 25:19 и изедначи на 2:2 по што се играше тај-брејк, а нашите одбојкари го добија тај-брејкот со 15:13 со што ја победија Австрија со 3:2 и обезбедија учество во финалето. Денес…
повеќе...Клубовите нема да имаат обврска да плаќаат за судискиот фонд
На денешната седница на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија, беа донесени следните одлуки: – Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија разгледувајќи го предлогот од Судиската комисија на ФФМ до највисокото тело во федерацијата за зголемување на судиската такса за натпреварите од Прва и Втора лига, како и натпреварите од Купот на Македонија донесе одлука да се формира посебен фонд од кој ќе се исплаќаат надоместоците за отсудените натпревари во Прва и Втора лига, како и од Купот на Македонија за сениори од 1/6 финале до финалниот натпревар.…
повеќе...МОК и МКФ потпишаа Договор за соработка
Претседателот на Македонскиот олимписки комитет (МОК), Васил Тупурковски и претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумовски денес потпишаа Договор за соработка со кој МОК, во следниот Олимписки циклус, интензивно ќе ја помога МКФ, пред се, во насока на обука на тренерскиот кадар. Овие проекти, за кои МОК веќе обезбеди финансиски средства во износ од 60,000 американски долари, ќе започнат да се реализират во 2016 година и се однесуват на обезбедување на следните проектни активности: Бранко Андриевски, координатор на младинските категории на МКФ, ќе престојува во Олимпискиот центар во Коларадо…
повеќе...Во Охрид од 27 јуни до 9 јули ќе се одржи Училишниот спортски камп 2016
Денес, во просториите на Агенцијата за млади и спорт се одржа прес-конференција по повод започнувањето на Училишниот спортски камп 2016 година кој ќе се одржи во Охрид во две смени започнувајќи со првата смена од 27 јуни до 2 јули и втора смена од 4 јули до 9 јули. На прес-конференцијата се обратија директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески, претседателот на Федерацијата за училишен спорт на Македонија Александар Туфекчиевски и координаторот на кампот проф. д-р Зоран Радиќ. Директорот Спасески истакна дека училишниот спортски камп преставува награда за…
повеќе...Извлечени групите за СП 2017 во ракомет
Денеска на свечена церемонија Париз, извлечени беа групите за Светското Првенство што ќе се игра во Франција во јануари 2017 година. Репрезентацијата на Македонија се најде во Групата Ц заедно со селекциите на Шпанија, Словенија, Исланд, Тунис и Ангола. Најдобропласираните четири репрезентации од секоја група ќе го продолжат натпреварувањето. Еве го изгледот на сите групи: Група А: Франција, Полска, Русија, Бразил, Јапонија, Норвешка Група Б: Шпанија, Словенија, Македонија, Исланд, Тунис, Ангола Група Ц: Германија, Хрватска, Белорусија, Унгарија, Чиле, Саудиска Арабија Група Д: Катар, Данска, Шведска, Египет, Бахреин, Аргентина Дополнително ќе…
повеќе...