Машката сениорска репрезентација на Македонија, од синоќа е во Словенија каде утринава го одработи првиот тренинг пред двете контролни средби против домаќинот што ќе се играат денеска и утре. Избраниците на селекторот Ивица Обрван денеска тренираа во салата во Кршко, каде вечерва од 18:00 часот ќе го одиграат првиот натпревар против Словенија. Утре, нашите репрезентативци ќе играат од 18:30 часот во Целје, натпревар од кој ќе се емитува пренос на локалните телевизии. Покрај натпреварите против Словенија, Македонија во склоп на подготовките за ЕП ќе одигра уште две пријателски средби против…
повеќе...Tag: македонски спорт
МЗТ убедлив против Игокеа
Кошаркарите на македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром триумфално ја отворија 2016 година, како гости во Лакташи славеа убедлива победа над Игокеа со 86:70. За металците ова беше четврта победа во последните пет настапи за тимот од Јане Сандански по доаѓањето на тренерското место на Александар Јончевски по што екипата изби на 5 место на табелата во АБА лигата. Најзаслужни за успехот на „сино-белите“ беа Ѓорѓе Дреновац со 27 поени, Марко Љубичиќ со 16 и Дамјан Стојановски со 15 поени. Аеродромци најдобро одиграа во првата четвртина којашто ја решија во своја…
повеќе...Ракометната репрезентација патува во Словенија
Машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, попладнево патува за Словенија каде со две тест-средби против домаќинот ќе ги продолжи подготовките за Европското Првенство што почнува на 15 јануари. Селекторот Ивица Обрван за Словенија повика 21 ракометар, а за пријателските средби во тимот нема да бидат Златко Даскалоски и Мартин Велковски. По враќањето во Скопје, репрезентацијата ќе продолжи со тренинзи, а ќе следуваат и уште два натпревари против Црна Гора (10 и 11 јануари), по што селекторот ќе го соопшти и конечниот список за ЕП во Полска. Нашата репрезентација во Словенија…
повеќе...Триумф на МЗТ Скопје на вечното дерби
Шампионот МЗТ Скопје Аеродром го доби и второто вечно дерби сезонава. Како гости во Градскиот парк кошаркарите на МЗТ Скопје го победија вечниот ривал Работнички со 86-75 (16-19, 24-24, 17-33, 18-10) во рамките на 12 коло во Првата македонска кошаркарска лига. По израмнетото прво полувреме избраниците на Јончевски фуриозно ја започнаа третата делница и го најавија триумфот во 60-то вечно дерби во „жешкиот“ Градски Парк. Со маестралната игра во третата четвртина која МЗТ ја реши во своја корист со убедливи 33-17 металците обезбедија сигурна предност пред стартот на последните 10…
повеќе...Доделени плакети на Амбасадорите на македонскиот спорт
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денес свечено им додели плакети на Амбасадорите на спортот Кире Лазаров, Андон Дончевски, Јошко Миленковски и Агим Ибраими. Титулата „Амбасадор на спортот“ им се врачува на истакнати македонски спортисти и тренери за афирмација и промоција на Македонија во земјите каде што ја градат својата кариера.
повеќе...Избрани најдобрите спортисти за 2015 година
Во свечената сала на Македонскиот народен театар блеснаа статуетките кај најдобрите спортисти за 2015 година. Свеченоста започна со македонската химна во изведба на славејчињата, а продолжи со најдобрите во училишниот спорт. Во основните училишта приматот најдобри го преземаа ОУ „Петар поп Арсов“, додека пак најдобри средношколци се Гевгеличани. Од високо образовните институции наградата најдобри ја понесе Универзитетот од Штип. Филип Талевски беше прогласен за најдобар млад спортист, додека во женска конкуренција победник е Вероника Костовска европски кадетски шампион од Цирих. Приматот најдобар селектор повторно припадна кај Жарко Ристовски – одбојка,…
повеќе...МЗТ Скопје подобар од Партизан
Продолжува победничката серија на македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром во регионалната АБА лига. Синоќа, на дербито во Спортската сала „Јане Сандански“ во рамките на 15 коло МЗТ Скопје го совлада најтрофејниот тим во регионалното друштво српскиот прволигаш Партизан со 82-78 (27:19; 14:21; 21:16 и 20:22), остварувајќи ја на тој начин третата победа во низа во АБА конкуренцијата. Првата четвртина МЗТ Скопје ја реши во своја корист пред се благодарение на одличниот напад и постигнатите 27 поени. Но, на полувремето нашиот првак имаше само поен предност (41:40). Во 25 минута…
повеќе...АВ Охрид – есенски првак во Втората кошаркарска лига
Екипата на АВ Охрид ја забележа и деветтата победа оваа сезона во Втората македонска кошаркарска лига. Синоќа, екипата на АВ Охрид гостуваше во Радовиш каде победи со 95-86. Со завршувањето на есенскиот дел, по девет одиграни рунди, АВ Охрид е неприкосновен на првото место од табелата со 18 бодови. Второто место со по 15 бодови го делат екипите на Гостивар, Вардар, Водњански лисици и Пелистер. Натпреварите во Втората лига ќе продолжат на 6-ти февруари 2016 година, кога АВ Охрид ќе гостува против тимот на Ангели. WebOhrid
повеќе...Прогласени најдобрите во македонскиот фудбал за сезоната 2014/15
Филип Гачевски, голманот кој со Брегалница изминатава година го сруши македонскиот рекорд на најдолга минутажа без примен погодок и интернационалецот од Палермо, Александар Трајковски ги понесоа признанијата за најдобри македонски фудбалери во сезоната 2014/2015 во изборот на Фудбалската федерација на Македонија кој се одржа во Македонскиот Народен Театар. „Оваа награда која е прва за мене е од огромно значење како силен мотив за уште поголеми успеси во иднина“, – порача Трајковски во видео пораката од Италија. На традиционалниот избор, Филип Гачевски го доби признанието за најдобар во Првата македонска фудбалска…
повеќе...Селективниот камп У21 и фудбалерите од Прва МФЛ одиграа без голови
На градскиот стадион во Велес се одигра контролен натпревар помеѓу играчите од селективниот камп на репрезентација до 21 година предводена од Благоја Милевски и селекцијата составена од домашни фудбалери. Натпреварот заврши нерешено без погодоци. Во првото полувреме се играше доста отворено, со по неколку добри прилики пред двата шеснаесетника. Во продолжението, темпото опадна, селекцијата на домашни фудбалери од првата македонска фудбалска лига доминираше, меѓутоа без ефикасност во реализацијата. СЕЛЕКТИВЕН КАМП У 21: Дамјан Шишковски, Егзон Бејтуалаи, Висар Муслиу, Леон Најдовски, Хакан Реџеп, Мелих Картал, Едуард Жута, Тихомир Костадинов, Демир Имери,…
повеќе...