Учениците од ОУ „Живко Чинго“ – Велгошти на меѓународниот натпревар по математика – „Кенгур“ го освоија првото место

На  Меѓународниот натпревар по Математика – Кенгур  што се одржа на 20.03.2014 година, првачињата од ОУ „Живко Чинго“ од Велгошти го освоија првото место и го постигнаа максималниот број поени. „На овој меѓународен натпревар секоја година учествуваат ученици од I-VIII ОУ Живко Чинго, а оваа година најголем број од нив постигнаа високи резултати.“- велат од училиштето. Првачињата кои го освоија првото место оваа година, беа под менторство на нивните одделенските наставници Љубица Ангелоска Кркачоска и Елена Јорданов.  Исто така на општинскиот натпревар по математика за Млади математичари што се одржа…

повеќе...

Градоначалникот Бакрачески ги прими талентираните математичари од Охрид

Градоначалникот Никола Бакрачески денес во својот кабинет ги прими четворицата млади математичари: Теодора Бујароска, Виктор Домазетоски, Милан Крстески и Поликсена Тунтева кои  со постигнатите успеси по математика  на државно и регионално ниво се гордост за  градов и државава а со самото тоа  се и потенцијални добитници на светски награди и признанија од областа на математиката. Четворицата се ученици во гимназијата „Св. Климент Охридски“ и велат дека математиката е нивна животна определба односно идна  професија. Теодора Бујароска го освои првото, а Виктор Домазетовски второто место  на регионалниот и државниот натпревар по…

повеќе...

Охридските гимназијалци нижат успеси на натпреварите по англиски и математика

Нeoдамна во ОСУ „Св.Климент Охридски” се одржа училишен натпревар по англиски јазик за ученици од втора година. Натпреварот беше организиран од активот по странски јазици и беа избрани 3 ученици кои ќе го претставуваат училиштето на регионалниот натпревар на 3 Мај, а тоа ќе се : Мартин Мурговски II -5, ментор проф. Ана Топенчарова Коваческа; Александар Димоски II -5, ментор проф. Ана Топенчарова Коваческа; Кирче Алексоски II -1, ментор проф. Сузана Ристеска. Покрај тоа, на меѓународниот натпревар по англиски јазик HIPPO кој се одржа во Март, во конкуренција од илјадници…

повеќе...

Охридските гимназијалци освоија повеќе државни награди по математика

На Државниот натпревар по математика што се одржа во Скопје,учениците од ОСУ „ Св. Климент Охридски“ освоија повеќе награди.Прва награда освои ученичката од трета година Теодора Бујароска, под менторство на Валентин Чачор, трета награда освои Поликсена Тунтева ученичка во прва година, под менторство на Добрила Каланоска, а пофалници добија Ива Томевска, Климентина Коваческа, Милан Крстевски, Мартина Трифуноска, Милјана Шулајкоска и  Виктор Домазетоски.

повеќе...

Математика ќе биде задолжителен предмет на државната матура

Математиката ќе биде трет задолжителен екстерен предмет на државната матура од 2014/2015 за гимназијалците, а од 2015/2016 за матурантите во средното стручно образование. Изземени се учениците од средните уметнички училишта, зашто тие не го изучуваат тој предмет. Реформата ќе се спроведува етапно во наредните три години. Преодот од два во три екстерни предмети ќе почне од генерацијата која ќе матурира оваа учебна година. Тие ќе полагаат државна матура по т.н. модел 1+2 –  покрај двата предмета – мајчин јазик и странски или математика, гимназијалците и матурантите од стручните школи ќе…

повеќе...