Во Елбасан, во присуство на првите луѓе на сојузите на албанските воени старешини – ветерани и на македонскиот Сојуз на ветераните од одбраната и безбедноста, генералите Колонел Кондури, односно Филип Котели, потпишан е Меморандум за соработка измеѓу ветераните од административниот центар Елбасан со околиите: Елбасан, Грамши, Либражд и Пеќин и ветераните од Здружението за Охрид, Струга и Дебар. Документот го потпишаа претседателите на ограноците за Елбасан – генерал Томор Аслани и неговиот колега за регионот на Охрид, Струга и Дебар – полковник Добре Вељаноски. „Ќе се помагаме и ќе се поддржуваме…
повеќе...Tag: меморандум
Националните галерии на Македонија и на Албанија потпишаа Меморандум за соработка
Државниот секретар во Министерството за култура Бехиџудин Шехаби, на покана од албанскиот заменик-министер за култура Зев Чуни, деновиве престојуваше во Тирана, Република Албанија. За време на престојот, државниот секретар Шехаби оствари средба и со министерката за култура на Република Албанија Мирела Кумбаро, на која беше констатирана успешната соработка во сферата на култура меѓу двете земји, а која е резултат на потпишаната Програма за соработка во областа на културата меѓу Министерството за култура на Република Македонија и Министерството за култура на Република Албанија за периодот 2015–2020 година. Со Програмата се отвори…
повеќе...Потпишан меморандум за соработка помеѓу ИО „Пионер“ Охрид и ИК „Јавор“ од Хрватска
Во периодот од 27ми до 30 април, во Охрид беше остварена работна средба помеѓу раководствата на Извидничкиот одред „Пионер” од Охрид и извидничкиот клуб „Јавор” од Осијек Р.Хрватска. Средбата резултираше со потпишување со меморандум за соработка помеѓу извидниците од Охрид и Осијек преку кој што во иднина ќе се спроведуваат заеднички активности во Р.Македонија и Р.Хрватска. Во рамки на посетата, гостите кои за прв пат беа во нашиот град, им беа претставени убавините на градот и можностите за престој и реализирање на активности, од кои што истите беа воодушевени. „Оваа работна средба…
повеќе...Потпишан меморандум за соработка помеѓу МОН и Woogi International
Министерството за образование и наука и Woogi International (WI – ИТ компанија од САД) денес потпишаа Меморандум за соработка за имплементација на заеднички проект во основно и средно образование. Целта на проектот е воведување на апликација креирана за подигнување на нивото на Англиски јазик и Претприемништво преку игра и менторирање во реално време од ментори кои се на нивна возраст и кои Англискиот јазик им е мајчин јазик, преку креирање на заедничка група во играта комуницирајки еден со друг го подобруваат нивото на Англискиот јазик. Апликацијата креирана од компанијата веќе…
повеќе...Царината и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ потпишаа Меморандум за соработка
Царинската управа и Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, денес потпишаа Меморандум за соработка. Целта на Меморандумот е интензивирање на активностите на Регионалниот тренинг центар на Светската царинска организација и унапредување на соработката со високообразовните институции. Досегашната успешна соработка, докажана преку бројните активности на Регионалниот тренинг центар и спроведената практикантска работа во Царинската управа за студентите на овој факултет претставуваа солидна основа за нејзино продлабочување и унапредување. Потпишувањето на овој Меморандум ќе овозможи научните истражувања за влијанието на измените во царинските и акцизни постапки на економијата на национално…
повеќе...Потпишан Меморандум за соработка помеѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово
„Ефективната борба против недозволената трговија со оружје наложува постојан, приоритетен институционален и меѓудржавен ангaжман и ми претставува особено задоволство што иницијативата на Кралството Данска и Република Македонија прерасна во регионална исклучително важна иницијатива – воспоставување на експертска група на земјите од Југоисточна Европа за справување со нелегалната трговија со оружје“. Ова, меѓу другото, го истакна директорот на Бирото за јавна безбедност при МВР м-р Горанче Савовски на денешното потпишување на Меморандумот за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово, за восопоставување на експертска група за преземање мерки…
повеќе...Швајцарски искуства за развој на охридскиот туризам
Се зацврстува соработката помеѓу Локалната самоуправа и швајцарската Влада во делот туризмот. Меморандум за соработка помеѓу општина Охрид и швајцарската фондација SWISSCONTACT, денес потпишаа градоначалникот Никола Бакрачески и директорката на програмата „Зголемување на пазарната вработливост“, Розанди Лоу. На чинот на потпишувањето присуствуваше и амбасадорот на Швајцарија во Р. Македонија, Н.Е. Стефано Лазарото. Според градоначалникот Никола Бакрачески меморандумот за соработка е исклучиво важен документ поврзан со развојот на туризмот и користењето на швајцарските искуства во овој бизнис сектор. „Крајната визија на ваквата соработка треба да биде целосно искористување на богатите културни…
повеќе...Започна со работа локалното координативно тело за развој на туризмот
Врз основа на Меморандумот за разбирање и соработка, потпишан меѓу Општина Охрид и „ИМЕ“ програмата на Швајцарската агенција „СВИСКОНКТАКТ“ , денеска се одржа првиот состанок на Локалното координативно тело за развој на туризмот. На состанокот на кој присуствуваше и Елена Иванова од Секторот за туризам и угостителство при Швајцарската фондација за техничка соработка, се разговараше за улогата на координативното тело, стратешките промени и методологијата за развој на туристичката дестинација и изготвувањето на стратегија за развој на туризмот во Општина Охрид. „Целта на формирањето на Локалното координативно тело за развој на…
повеќе...Меморандум за соработка на МНТ и Турски театар со Државните театри на Турција
Министерката Елизабета Канческа-Милевска денеска во просториите на Министерството за култура се сретна со генералниот директор на Државните театри на Турција Неџад Биречик и со директорите на Македонскиот народен театар Дејан Лилич и на Турскиот театар Атила Клинче. На средбата тие ја информираа министерката Канческа-Милевска дека договориле соработка меѓу трите театарски институции која е потврдена со потпишување Меморандумот за соработка и културна размена. Канческа-Милевска од своја страна истакна дека потпишувањето на Меморандумот ќе придонесе за подобро запознавање на драмското творештво на двете земји, за реализација на заеднички проекти, како и размена…
повеќе...Меморандум за поддршка на репродуктивните музички уметници
Министерството за култура, Град Скопје. Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ), Македонската филхармонија, Македонската опера и балет, фестивалот „Охридско лето“ и Заедницата на домовите и центрите за култура на Македонија денеска потпишаа меморандум за соработка за унапредување на камерната активност и концертната дејност во државата. Потписниците на документот се залагаат за стимулирање на активноста на репродуктивните музички уметници, интензивирање на нивната соработка со националните установи од музичко-сценската дејност и овозможување соодветна застапеност на домашното творештво на репертоарот. Министерката Елизабета Канческа-Милевска истакна дека меморандумот е надоврзување на документот за соработка…
повеќе...