Министерот Павлески на Економскиот форум за Западен Балкан во Минхен

Многу германски компании веќе ги препознаа и ги искористија инвестициските можности што ги нуди Македонија како идеална локација со најповолни фискални, даночни и оперативни можности кои ги подобруваат економиите на компаниите, правејќи ги поконкурентни и попрофитабилни на глобалниот пазар, истакна министерот за странски инвестиции Бил Павлески на Економскиот форум за земјите од Западен Балкан во Минхен. Како главен говорник на настанот, откако ја претстави македонската економија, Павлески нагласи дека повеќе германски компании се веќе присутни во земјава со свои производствени капацитети и се најголеми работодавци кои отвораат нови работни места.…

повеќе...

Објавен тендерот за изградба на новиот Клинички центар во Скопје

Во официјалниот гласник на Европската унија е објавен тендерот за изградба на новиот Универзитетски Клинички центар „Мајка Тереза“ во Скопје. Инвестицијата само за изградба чини околу 70 милиони евра, а целокупната инвестиција за модернизирање на кампусот е во вредност од 128 милиони евра, рече денеска на прес- конференција во Порта „Македонија“, вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров. Посочи дека по спроведување на законските процедури, градежните работи ќе стартуваат на почетокот на 2017 година, кои е предвидено да завршат до крајот на 2021 година, односно рокот на изведба е 45…

повеќе...

МНР: Фер и демократски избори ќе ја стават ЕУ интеграцијата на Македонија во преден план

Најзначајно е изборниот процес да биде со највисок квалитет. На ова работиме посветено, бидејќи зависно од квалитетот на изборниот процес ќе се постави основа дали на база на претходните препораки на ЕК ќе може да се интензивира евроатланската интеграциска агенда на Република Македонија. Ова е заклучокот од денешната средба на заменик претседателот на Владата на Република Македонија и министер за надворешни работи Никола Попоски со германскиот министер за надворешни работи Франк Валтер Штајнмаер. Вицепремиерот Попоски се сретна и со заменик претседателот на Владата на Молдавија и министер за надворешни работи…

повеќе...

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Полска

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска одржа работна средба со амбасадорот на Република Полска Н.Е. Јацек Мултановски. На средбата двајцата соговорници разговараа за мигрантската криза и улогата на МВР во обезбедувањето на фер и кредибилни избори на 11 декември. Министерот Спасовски изрази благодарност за досегашната помош и поддршка од страна на Република Полска за нашата држава и конкретно за Министерството за внатрешни работи, особено во справувањето со мигрантската криза. Амбасадорот Мултановски го информираше министерот Спасовски за одлуката за продолжување на активностите на 30 полски полициски службеници на нашата јужна…

повеќе...

Јолевски на „Future Forces Forum 2016“: Македонија останува посветена на членството во НАТО и ЕУ

Членството во НАТО- Алијансата и во Европската Унија останува наш стратешки приоритет. Имајќи ги предвид геополитичките промени на глобални рамки, интегративните процеси во евроатлантските структури позитивно влијаат на мирот, соработката, безбедноста и економскиот и демократскиот развој на државите. Тоа го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски денеска во своето обраќање на „Future Forces Forum 2016“ кој се одржува во Прага, Чешка.‎ Министерот Јолевски на Форумот е придружуван од страна на генералот Васко Ѓурчиновски, командант на Здружената оперативна команда на АРМ. Министерот Јолевски посочи дека реформските процеси во…

повеќе...

Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Турција Омур Шолендил

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Република Турција во Република Македонија Н.Е. Омур Шолендил. На срдечната средба, министерот Спасовски му се заблагодари на амбасадорот Шолендил за посветеноста и енергијата која ја внесе во развивањето на добрите односи меѓу двете држави, како и на помошта која Република Турција и ја дава на нашата држава и конкретно на Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот Шолендил рече дека со убави спомени заминува од Република Македонија и дека секогаш ќе остане пријател на нашата држава.

повеќе...

Министерот Спасовски на конференција „Напорите на Република Македонија во спротиставувањето на насилниот екстремизам- поглед на граѓанското општество“

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на презентација на истражување на тема „Напорите на Република Македонија во спротиставувањето на насилниот екстремизам- поглед на граѓанското општество“, во хотелот Мериот во Скопје. Во продолжение интегрално го објавуваме обраќањето на министерот Спасовски. „Дозволете ми на почетокот да се заблагодарам на “Аналитика тинк тенк“ на поканата за учество на денешната презентација на едно истражување кое, според мене, е посветено на исклучително сериозна тема “Напорите на Република Македонија во спротивставувањето на насилниот екстремизам – поглед од граѓанското општество“. Тема која што без дилема…

повеќе...

Јолевски: Остануваме целосно посветени на интегративните процеси во НАТО и ЕУ

„Република Македонија ќе остане цврсто посветена на нашите стратешки цели – интеграцијата во НАТО и Европската Унија, а реформите кои ги правиме во безбедносниот сектор се првенствено за нас, за да имаме посилно општество, посилна одбрана и армија, реформи кои паралелно нè приближуваат и до НАТО и Европската Унија“. Ова го истакна министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски на денешната конфереција во Министерството за надворешни работи на тема „Влијанието на глобалните безбедносни предизвици во Европа и Западен Балкан и начини на справување“, а во организација на Секретаријатот за европски…

повеќе...

Одржани Деновите на доживотно учење

Министерот за образование и наука Пиштар Лутфиу, денеска присуствуваше на одбележување на Деновите на доживотно учење кое се одржа во Кичево. Лутфиу потенцираше дека Деновите на доживотно учење се одржуваат под покровителство на Министерството за образование и наука уште од 2002 година. „Би сакал да искажам голема благодарност до домаќинот – Центар за развој на заедницата од Кичево и до главните организатори на манифестацијата – Центар за доживотно учење и ЈУ Центар за образование на возрасните, до партнерските организации кои се приклучуваат на оваа кампања со настани во Тетово, Струмица,…

повеќе...

Промовирани 654 кандидати за полициски службеници

Денеска во Центарот за обука во Идризово на пригодната свеченост беа промовирани 654 кандидати за полициски службеници кои успешно ја завршија едногодишната обука поделена во три образовни модули – сообраќај, јавен ред и мир и гранични работи. Министерот Оливер Спасовски им честита за постигнатиот успех во текот на напорната обука, која се завршува со нивно официјално влегување во системот на Министерството за внатрешни работи и им посака успех во натамошната кариера. „Вие денеска отворате едно ново поглавје во вашите животи. Какво ќе биде и што во него ќе “испишете“- во…

повеќе...