Средба на министерот Спасовски со амбасадорот на Франција Кристиан Тимоние

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски одржа работна средба со новоименуваниот амбасадор на Република Франција Н.Е. Кристиан Тимоние. Министерот Спасовски му посака на амбасадорот Тимоние успешна работа во текот на неговиот мандат и изрази благодарност за досегашната помош и поддршка за нашата држава и конкретно за Министерството за внатрешни работи. Амбасадорот Тимоние го поздрави начинот на кој МВР и другите институции се справија со проблемот со мигрантите. Тој изрази надеж и дека во Македонија ќе се одржат фер и кредибилни избори и МВР ќе го даде својот комплетен придонес за…

повеќе...

Министерот Спасовски на Есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше обраќање на Есенскиот состанок на Парламентарното собрание на ОБСЕ 2016. Во продолжение интегрално го објавуваме обраќањето на министерот Спасовски. Проблематиката на миграцијата, особено сега во актуелниот глобален политички контекст е незаобиколен фактор кој очигледно мора да биде вкалкулиран во она што значи меѓународна соработка и дејствување. Со оглед на димензиите, но и тенденциите на постоечките миграциски движења, ОБСЕ со право, во рамки на формулираната тема – “Зајакнување на мерките за градење доверба и добро владеењево регионот“ – ја детерминираше и миграцијата како…

повеќе...

Мисајловски: Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат по планираната динамика

Градежните работи за изградба на автопатите се одвиваат со планираната динамика и согласно предвидените рокови, истакна денеска министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, на собраниската седница посветена на пратенички прашања. „Динамиката на автопатиштата во Македонија е добра. Самата бројка на градежни работници и механизација и работењето на терен може да се забележи со око и да се види дека Македонија е претворена во огромно градилиште“, рече Мисајловски. Тој додаде дека постојано се работи на автопатот од Кичево до Охрид каде на терен се ангажирани над 1.200 работници, додека за…

повеќе...

Од 5-ти октомври двојно ќе се намали чекањето за уролог

Од 5 октомври ќе се скрати постапката за преглед кај уролог. По посетата на матичен лекар пациентите најпрвин ќе треба да направат простата специфичен антиген тест (ПСА) и ултразвук, а потоа со резултатите од направените анализи матичниот лекар ќе ги упати кај уролог. Наместо двапати како што беше досега, пациентот кај урологот ќе доаѓаат еднаш. Од Министерството за здравство велат дека со воведувањето на системот „Мој термин“ лесно можат да се воочат недостатоците во здравствениот систем и да се интервенира со сет на нови мерки. Од таму е препознаен и…

повеќе...

Министерот за финансии Миновски го посети Централниот регистар

Воспоставувањето на двата нови регистри за обезбедени трансакции и функционирањето на проектот „Тендерско досие“ биле главни теми на разговор при денешната посета на министерот за финансии Кирил Миновски на Централниот регистар на Република Македонија. „Министерот Миновски ја поздрави успешната работа на Централниот регистар како клучен за реформскиот процес во делот на подобрување на бизнис-климата во Република Македонија и ја истакна улогата што ја има оваа институција во олеснувањето на условите за водење бизнис и во зголемувањето на сигурноста во правниот промет“, соопшти по посетата Централниот регистар. Директорот на Централниот регистар,…

повеќе...

Спасовски: Смените во МВР се согласно законот и договорот на четирите партии

Врз основа на политичкиот договор потпишан од четирите најголеми политички партии, а согласно измените на Законот за Влада, министерот Оливер Спасовски денеска изврши промена на дел од раководните позиции во МВР. „Го искористив моето право за промена на дел од раководните позиции. Тоа го направив за МВР до изборите да функционира нормално и да се обезбедат услови за фер и демократски избори“- рече министерот Спасовски на денешната прес конференција.

повеќе...

Попоски: Остануваат сериозните разидувања со Грција за името

Со Грција имаме сериозни разидувања во однос на прашањето на името, но сме согласни дека во моментот не можеме да разговараме по него бидејќи имаме различни видувања, оценува министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик. „Доколку зборуваме за во однос на прашањето за името, тогаш мислам дека ситуацијата е непроменета, односно имаме сериозни разидувања, но сме согласни дека во овој период не можеме да разговараме за вака сериозно прашање кое е единственото прашање по кое имаме различни интереси, различни…

повеќе...

Интeрактивниот портал за тутори на МОН од денеска во функција

Интeрактивниот портал за тутори www.tutori.mon.gov.mk на Министерството за образование и наука преку кој ќе им се помага на учениците да добиваат бесплатни дополнителни часови од страна на студентите од денеска е во функција. Овој портал ќе ги поврзе родителите на учениците на кои им се потребни дополнителни бесплатни часови и студентите-тутори. Сите заинтересирани студенти од први до 30 октомври ќе можат да се пријавуваат за тутори. Заменик министерот за образование и наука денеска истакна дека бесплатни дополнителни часови по одредени предмети ќе можат да добиваат учениците од шесто до деветто…

повеќе...

Дводневна работилница „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020“

Министерот за образование и наука, м-р Пиштар Лутфиу, денес присуствуваше на отварањето на дводневната работилница во рамките на ЕУ Проектот „Техничка помош за подготовка на сеопфатна Стратегија за образованието 2016-2020.” „Министерството за образование и наука започнувајќи од февруари оваа година води еден широк консултативен процес за креирање на нов релевантен стратешки документ за образование. При што амбициите се насочени кон вклучување на што е можен поширок круг на образовни практичари од сите нивоа на образование, организации што работата за унапредување на образованието, но и институции и организации кои се повразни…

повеќе...

Министерот Спасовски го прогласи за отворен турнирот „Македонски херои“

„Чест ми е како министер за внатрешни работи да ве поздравам и преку овој меморијален турнир во мал фудбал уште еднаш да им оддадеме почит на нашите херои, кои во моментите кога беше најтешко застанаа на браникот на татковината и го дадоа животот за својата држава. Споменот на нашите сограѓани, херои, секогаш ќе го чуваме и денешниот турнир е само еден од настаните преку кои се потсетуваме на нивното големо дело. Ве уверувам дека Министерството за внатрешни работи и јас како министер секогаш ќе бидеме тука за да им помогнеме…

повеќе...